Поздрав до сите корисници во ББ Македонија.
Дозволете ми да се претставам. Моето име е Бобан, во ББ регистриран со логинот bobans и го водам тимот GEMIDZII Veles
(52379). Одлучив да се кандидирам од едноставна причина што ја сакам оваа игра. По повеќе сезони водење на мојот тим решив да го ставам на располагање моето искуство од ББ во служба на репрезентацијата.
ББ ја играм 8 сезони. Регистриран сум од сезона 3, меѓутоа првата сезона воопшто не бев активен. Активно почнав да го развивам тимот почнувајќи од сезона 4. Ги наведувам резултатите кои ги имам постигнато досега:
Сезона 4: Победник во Makedonija II.3
Сезона 5: 1/4 финале на Куп и опстанок во Прва лига (прва сезона во прва лига)
Сезона 6: Плеј-оф во Прва лига
Сезона 8: 1/2 финале во Куп и Плеј-оф во Прва лига
Сезона 9: Плеј-оф Финале во конференција Great 8 на Прва лига
Сезона 10: 1/2 финале во Куп и Плеј-оф во Прва лига
Сезона 11 беше посебна сезона за мене. Донесов одлука да преминам во II лига. Оваа одлука ја донесов од интерес на НТ тимовите на Македонија, и тоа од 2 причини, прво, за У-21 репрезентацијата, затоа што драфтував одличен 18 годишен талент, Kristijan Ignjatov
(12173771). Овој играч мораше да добива 48 минути секоја недела и често пати беше стартер во тимот. Заради тоа многу натпревари тимот ги губеше. Втората причина беше прагматична и поврзана со НТ Македонија. Во мојот тим игра најдобриот играч во ББ Македонија, Kristijan Ognjakovski
(4831187). Одлучив дека мора да продолжам со неговиот тренинг иако знаев дека тешко ќе се справам со неговата плата во наредната сезона. Минатата сезона неговата плата беше $ 148 688, а оваа сезона е $ 247 848. Со ваква негова плата не можев ни да помислам на засилувања со кои ќе бидам конкурентен во Прва лига. Решив него да го задржам и да го тренирам, а жртвата за тоа да биде преселба во II лига.
Во новата сезона не сум оптеретен со резултат на клупско ниво. Најважно ми е развивање на младиот играч и одржување на Kristijan Ognjakovski. Бидејќи го немам императивот за клупски успех, јас можам целосно да се посветам на работа во репрезентацијата и од тие причини решив да поднесам кандидатура за селектор.
Инаку се сметам за еден од поактивните менаџери и речиси редовно коментирам на форумите. Еден од поважните моменти сметам дека е иницијативата за избор на име на првата лига. Ова беше важен проект и со соработката со останатите менаџери (на кои сум им многу благодарен) успеавме да организираме перфектно фер избор. Моите постови ќе продожите да ги гледате по форумите и во иднина :) А ќе има и следни проекти.
Во мојот тим како иден селектор нудам отворена соработка со сите корисници, а мојот тим го замислувам да ги содржи овие позиции:
Асистенти за тактика 3-5 (генерална стратегија и офанзивна/дефанзивна тактика пред натпреварите)
Скаут за центри 1 (следење на развојот на репрезентативните центри и предлози за иден развој)
Скаут за крила 1 (следење на резвојот на репрезентативните крила и предлози за иден развој)
Скаут за бекови 1 (следење на резвојот на репрезентативните бекови и предлози за иден развој)
Скаут за плејови 1 (следење на резвојот на репрезентативните плејови и предлози за иден развој)
Скаути за таленти 2 (контакт со сопствениците на 18 и 19 годишни играчи, следење и предлози за иден развој)
Какви играчи ќе ни требаат во тимот?
Нашата стратегија треба да биде непредвидливост. Не смееме да бидеме предвидливи за нашите противници. Затоа потребни ни се играчи кои не наликуваат еден на друг. Ни требаат различни играчи. Бадијала е да имаме тројца играчи со плата 100к кои имаат исти скилови на исто ниво. На пример исти центри со исти скилови. Еден од нив ќе отпадне сигурно. Вишок е. На негово место треба да влезе некој тотално различен тип центар (подобар шутер или подобар блокер, сеедно). Оваа различност во играчите ќе ни овозможи флексибилност во поставување на стратегијата за секој натпревар.
Ви благодарам што прочитавте.
Last edited by Onisifor at 3/23/2010 4:42:12 AM