И како да гласам за ileee, Milenium, LA-Sasho (не дај боже) или Sekira MaN? Ни “а’, ни “б“. Ништо не напишале на форумот за кандидатурите. Овој сегашниов па не мисли за дегенчиња и, ни срам ни перде, бар отчет да дадеше за сработеното досега и зошто пак сака да „не малтретира“ уште две сезони.
Само bobans „летнал во облаци“ и мисли дека напишал програма. А програмава, не знам што да кажам. Многу емоции ми предизвика кога ја читав (верувајте од горе до доле цела ја исчитав).
Нашата стратегија треба да биде непредвидливост. Не смееме да бидеме предвидливи за нашите противници. Затоа потребни ни се играчи кои не наликуваат еден на друг. Ни требаат различни играчи. Бадијала е да имаме тројца играчи со плата 100к кои имаат исти скилови на исто ниво. На пример исти центри со исти скилови. Еден од нив ќе отпадне сигурно. Вишок е. На негово место треба да влезе некој тотално различен тип центар (подобар шутер или подобар блокер, сеедно). Оваа различност во играчите ќе ни овозможи флексибилност во поставување на стратегијата за секој натпревар.
Бла бла бла. Се расплакав кога го прочитав тоа. Ама од радост. Истите оние солзи што ми беа капнале во 43тата епизода на Шехерезад кога оваа му кажа на него дека уствари го сакала уште од првиот ден кога го видела, а он уствари не бил свесен за тоа. Баш такви солзи. Ама у сред липање, читајќи ја „програмава“ на bobans, се сепнав и за малку ќе се засркнев. И заправ со читање. Он вика „Бадијала е да имаме тројца играчи со плата 100к....“ Шо збори момаков тројца 100к? Де викам, ја да не сум јалнаш? Не бе. На македонскиот форум сум. За македонската У-21 читам. А се си мислев bobans збори за некоја друга репка.
И така.