Најнапред прочитајте го „Прирачникот за играта“. Веќе го сторивте тоа? Добро! Прочитајте го повторно :)
Сега,
Ново-регистираните корисници доста често го поставуваат прашањето: „сега откако се регистрирав, што треба да направам“?
Еве неколку сугестии:
1. Твојот следен натпревар во Лигата е во вторник или сабота, а твојот следен натпревар во Купот (ако се' уште си во него) е во четврток. Пред натпреварот, секако дека треба да ја одбереш поставата и тактиката за него. За да го направиш тоа кликни на линкот на името на твојот тим (од менито на левата страна) што ќе те однесе на главната страна на твојот тим (Штаб на тимот). Од десната страна под делот „Тим линкови“ кликни на линкот „Натпревари“, а таму влези во "Постави го Тимот" за твојот прв натпревар. Со ова ќе влезеш на страната „Тактика“.
2. Во оваа фаза, добра идеа е да отвориш посебна страна (ново табче или „ново јазиче“ кај „мозилашите“) за составот на твојот тим (Составот ќе го најдеш во Тим линкови на страната „Штаб на тимот“, се сеќаваш?).
3. На страната „Тактика“ треба да го направиш следното:
- Одбери 12 играчи кои ќе играат на натпреварот;
- Постави ја стартната петорка, Втората постава и Резервите;
- Постави ја офанзивната и дефанзивната тактика, како и Ставот на тимот на мечот.
Како да ги поставиш овие варијабли во целост е препуштено на тебе и на твојата имагинација. Сигурно дека ќе сакаш да испробаш различни поставки за следните натпревари и да дознаеш како тие функционираат.
Многу нови корисници не се најсигурни како да ја изберат својата постава. Еден начин да се направи тоа е да го разгледаш составот по позиции (Подреди ги по „Најдобра позиција“) и да го одбереш, од секоја различна позиција, играчот со највисока плата за твој стартер на таа позиција. Играчот кој има втора по големина плата ќе биде твоја втора постава, а следниот резерва. Но најверојатно, ќе сакаш прво да ја земеш во предвид возраста на твоите играчи - помладите играчи ќе напредуваат побрзо при тренинг, а и подолго ќе играат (рано им е за пензија) - па паметно е ним да им дадеш некое време на паркетот, за да можат, со време да станат подобри. Понатаму, на пример, можеби би сакал да го ставиш твојот квалитетен Плејмејкер (доколку имаш дополнителен) на местото на послабиот Бек (ако си во кусок со Бекови). Можностите за неограничени! Стварно? Па, не баш..... поточно тие се нешто како (n избор 12) * 3^12. Сепак, тоа е прилично голем број.
Ако се' уште не си задоволен со својата постава пробај да пратиш ББ-пошта на твој пријател за совет!
Се надевам ова ви помогна!
bobans
*превод од оригиналниот пост на BB-Mark под наслов „Newbie Help READ HERE FIRST“.