BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > Vodic za pocetnici vo 6 cekori

Vodic za pocetnici vo 6 cekori (thread closed)

Set priority
Show messages by
This Post:
00
138362.1
Date: 3/30/2010 10:12:33 AM
Overall Posts Rated:
203203
Автор: Kvarc.

Следи рецептот за успех на почетници (и тоа оние кои штотуку го добиле својот клуб - ако некои од изразите не ви се јасни, се' е објаснето во правилата - задолжително прочитајте ги нив пред да продолжите со понатамошното читање):

1. Оптимизација на екипата

А) Прегледајте ја екипата по плата (Состав - Подреди ги по - плата). На старт, секој менаџер добива премногу играчи. Идеалната бројка е негде околу 12-13. Играчите кои имаат најмала плата треба веднаш да ги отпуштите. Почнете од дното (од играчот со најмала плата) и отпуштајте по ред се додека не ви останат 13 играчи во тимот. На тој начин се трошоците ќе ги сведете на минимум (плаќање на бескорисни играчи).

Б) Проценете го најдобриот тренинг план (Состав - Подреди ги по - старост). Секој клуб на почетокот има барем неколки играчи со 18 и 19 години. Тоа се играчите кои најдобро е да се тренираат бидејќи најбрзо напредуваат. Некои играчи од 20 или 21 годин исто така можат да бидат добар избор за тренинг (посебно ако имаат висок потенцијал). Сега треба да се види дали има повеќе млади и квалитетни плејмејкери и бекови или пак крилни центри и центри. Овој водич не го покрива тренингот на крила, но најчесто нив може да ги тренирате како бекови или крилни центри (зависи од вештините).

Како да процените за која позиција е добар некој играч? Тоа е предуслов за донесување одлука за видот на тренингот. На оваа проценка влијаат два фактори, а тоа се висината на играчот и оценките на вештините (кои се многу поважни).

Висината влијае на брзината на тренингот на тој начин што високите играчи побрзо тренираат внатрешни вештини и обратно. Разликата во брзината на тренингот помеѓу висок и низок играч понекогаш е и до 50%.

Вештините се делат на 2 групи: надворешни (скок шут, Шут од далечина, Надворешна одбрана, Техника, Продорност и Додавање) и внатрешни (Внатрешен шут, Внатрешна одбрана, Скокови и Блокади). Преостануваат уште само издржливост и слободни фрлања кои се подеднакво важни за сите играчи. Тие се тренираат како Тимски тренинг и сите играчи (без оглед на минутите) добиваат тренинг. Поради тоа тие се тренираат само два пати во сезоната; на allstar паузата и на крајот на сезоната - единствено тогаш се играат два натпревари неделно.

Преку споредба на вашите млади играчи со доленаведената табела може да се добие идеја кои млади играчи се подобри и според тоа да го одберете тренингот. Поради тоа што тренингот на крила е најкомплицираниот тренинг (затоа и не е покриен во овој водич), на почетниците им предлагам да се определат на внатрешен или надворешен тренинг.

Табела за важност на вештините

Кај секој вид играч некои вештини се поважни од другите (но ниедна вештина не е бескорисна). Најважните вештини во табелата се нумерирани под број (1), помалку важните (2) итн.

Плејмејкер
(1) Техника, додавање и надворешна одбрана
(2) Продорност и скок шут
(3) Шут од далечина и Внатрешен шут

Бек
(1) Скок шут, Шут од далечина и надворешна одбрана
(2) Техника и додавање
(3) Продорност и Внатрешен шут

Крило (а - крило со посилни надворешни вештини, б - крило со посилни внатрешни вештини)
(1) Скок шут
(2а) Надворешна одбрана, Шут од далечина (после тоа следи 2б)
(2б) Внатрешна одбрана, Внатрешен шут, скок (после тоа следи 2а)
(3) Продорност, Техника и додавање

Крилен Центар
(1) Внатрешен шут, Внатрешна одбрана и скокови
(2) Скок шут, блокирање
(3) Продорност, додавање и техника

Центар
(1) Внатрешен шут, Внатрешна одбрана и скокови
(2) Блокади
(3) Продорнст, Додавање и техника

Оваа табела може да се користи и како шаблон за поставување на стандардна постава.

Ако решите да тренирате внатрешни играчи, на трансфер ставете ги возрасните внатрешни играчи (престари за тренинг) и младите надворешни играчи (млади играчи можат да се тренираат и некој ќе плати за да ги добие). Ставете почетна цена 0. Ако тренирате надворешни играчи - се' обратно.

Last edited by Onisifor at 3/30/2010 10:15:41 AM

This Post:
00
138362.2 in reply to 138362.1
Date: 3/30/2010 10:56:58 AM
Overall Posts Rated:
203203
2а. Надворешен тренинг

А) Избор на играчи
Формирајте група од 5 млади играчи за тренинг, т.н тренирки: најдобро од 18 и 19 години, но може и до 21 година; 3 плејмејкери и 2 бека или обратно. При изборот на играчите игнорирајте ја нивната „најдобра позиција“ - користете ја табелата за важност на вештините. При тренирање на потенцијален репрезентативец групата тренирки треба да брои 3 играчи.

Доколку ви недостигаат тренирки, нив треба да ги купите со парите заработени од продажба на вишокот играчи (не од почетните средства - тие треба да се потрошат за ангажирање на тренер ниво 5 - тој има приоритет).

Б) Избор на видот на тренинг

Секој вид тренинг напредува повеќе вештини кај играчите. Пример, ако се тренира додавање и се одбере ПМ/Б, тоа значи дека своите вештини ќе ги подобруваат тренирките коишто таа недела играле на позицијата Плејмејкер и Бек - најмногу ќе подобрува вештината додавање, а помалку вештините техника и продорност.

Комплетна табела на надворешните тренинзи (под 1 напредуваат најбрзо).

Надворешна одбрана
(1) Надворешна одбрана
(2) Внатрешна одбрана, техника и продорност

Еден на еден
(1) Продорност, па малку побавно техника
(2) Скок шут (а доколку се тренира крило или крилен центар напредува и внатрешниот шут)

Надворешен шут
(1) Шут од далечина
(2) Скок шут
(3) Техника и продорност

Скок шут
(1) Скок шут
(2) Шут од далечина
(3) Техника и продорност ако се тренираат ПМ/Б или внатрешен шут ако се тренираат К/КЦ

Техника
(1) Техника, па малку побавно продорност
(2) Надворешна одбрана

Додавање
(1) Додавање
(2) Техника и продорност

В) Ротација на тренингот
Од табелата се гледа дека техника и продорност најчесто се тренираат како секундарни вештини, па затоа тие не треба да се тренираат посебно. При изборот на тренингот задолжително треба да се одберат одговарачките позиции на кои ќе се тренира. За тренирање на 5 тренирки потребно е секогаш да се тренираат 2 позиции (освен кога се тренира потенцијален репрезентативец - тренинг на само една позиција).

Препорачувам да се ротираат додавање, надворешна одбрана, техника и скок шут (секој тренинг еднаш неделно) - тренинг прилагоден за плејмејкери; надворешен шут, надворешна одбрана, скок шут и додавање - тренинг прилагоден на бекови.

Г) Распоред на минути
Оптимален тренинг е 48+ минути на одговарачките (избрани за тренинг) позиции. Тренинг над тие бројки не штети, но тогаш тешко е да се даде полн тренинг на сите тренирки. Доколку некој тренирец не го добие целосниот тренинг, неговите вештини напредуваат побавно (пропорционално на бројот на минути кои ги примил).

Поради тоа што неделно се играат 3 натпревари (2 лигашки и куп, или пријателска), најдобро е тренирките да се распоредат така што двајцата најдобри играат во почетната петорка против силни противници во лигата, а како втора постава против полесни. Останатите тренирки треба да ги ротирате така што барем еднаш во тие 3 натпревари играат во почетната петорка, а еднаш втора постава. Поставата на тренирките за третиот натпревар многу зависи од минутите кои ги одиграле во првите два (минутите проверете ги во „Неделна статистика“). Доколку на некој од тренирките пред третиот натпревар му недостасуваат само 2-3 минути до 48, тој може да се стави како Резерва. Кај тренинг на потенцијален репрезентативец често еден од преостанатите 2 тренирки ја завршува неделата со голем недостаток во минути.

Пријателските натпревари најлесно се договараат со играчите кои се онлајн (во „Управувај со мојот тимот“ десно долу добивате информација за тим кој е онлајн, а се' уште нема закажано пријателска). Испратете што е можно повеќе покани за побрзо да регистрирате пријателски натпревар.

За некоја вештина да го подигне своето ниво, понекогаш е потребно одреден тренинг да се тренира повеќе недели, но тоа не значи дека тренингот немал ефект - единствено, тој ефект се' уште не се гледа.

This Post:
00
138362.3 in reply to 138362.2
Date: 3/30/2010 11:14:49 AM
Overall Posts Rated:
203203
2b. Внатрешен тренинг

А) Избор на играчи
Формирајте група од 5 млади играчи за тренинг, т.н тренирки: најдобро од 18 и 19 години, но може и до 21 година; 3 Крилни центри и 2 Центри или обратно. При изборот на играчите игнорирајте ја нивната „најдобра позиција“ - користете ја табелата за важност на вештините. При тренирање на потенцијален репрезентативец групата тренирки треба да брои 3 играчи.

Доколку ви недостигаат тренирки, нив треба да ги купите со парите заработени од продажба на вишокот играчи (не од почетните средства - тие треба да се потрошат за ангажирање на тренер ниво 5 - тој има приоритет).

Б) Избор на видот на тренингот
Секој вид тренинг напредува повеќе вештини кај играчите. Пример, ако се тренира блокади и се одбере Ц/КЦ, тоа значи дека своите вештини ќе ги подобруваат тренирките коишто таа недела играле на позицијата Центар и Крилен центар - најмногу ќе подобрува вештината блокади, а помалку вештините внатрешна одбрана и скокови.

Комплетна табела на внатрешните тренинзи (под 1 напредуваат најбрзо).

Блокади
(1) Блокади
(2) Внатрешна одбрана и скокови

Внатрешна одбрана
(1) Внатреша одбрана
(2) Блокади, внатрешен шут и продорност

Скокови
(1) Скокови
(2) Внатрешна одбрана и внатрешен шут

Внатрешен шут
(1) Внатрешен шут
(2) Внатрешна одбрана и скок шут.

В) Ротација на тренингот
Блокирање се развива доста брзо при тренингот внатрешна одбрана па затоа за него не е потребен посебен тренинг. При изборот на тренингот задолжително треба да се одберат одговарачките позиции на кои ќе се тренира. За тренирање на 5 тренирки потребно е секогаш да се тренираат 2 позиции (освен кога се тренира потенцијален репрезентативец - тренинг на само една позиција).

Препорачувам да се ротираат внатрешна одбрана, внатрешен шут и скокови (секој тренинг еднаш неделно). Понекогаш е корисно на внатрешните играчи да им се даде и по некоја недела тренинг на секундарните вештини, па тогаш често се тренираат скок шут, додавање или продорност, но таквите тренинзи тешко се остваруваат (затоа што во тој случај некој центар или крилен центар мора да одигра 48 минути на некоја од надворешните позиции).

Г) Распоред на минути
Оптимален тренинг е 48+ минути на одговарачките (избрани за тренинг) позиции. Тренинг над тие бројки не штети, но тогаш тешко е да се даде полн тренинг на сите тренирки. Доколку некој тренирец не го добие целосниот тренинг, неговите вештини напредуваат побавно (пропорционално на бројот на минути кои ги примил).

Поради тоа што неделно се играат 3 натпревари (2 лигашки и куп, или пријателска), најдобро е тренирките да се распоредат така што двајцата најдобри играат во почетната петорка против силни противници во лигата, а како втора постава против полесни. Останатите тренирки треба да ги ротирате така што барем еднаш во тие 3 натпревари играат во почетната петорка, а еднаш втора постава. Поставата на тренирките за третиот натпревар многу зависи од минутите кои ги одиграле во првите два (минутите проверете ги во „Неделна статистика“). Доколку на некој од тренирките пред третиот натпревар му недостасуваат само 2-3 минути до 48, тој може да се стави како Резерва. Кај тренинг на потенцијален репрезентативец често еден од преостанатите 2 тренирки ја завршува неделата со голем недостаток во минути.

Пријателските натпревари најлесно се договараат со играчите кои се онлајн (во „Управувај со мојот тимот“ десно долу добивате информација за тим кој е онлајн, а се' уште нема закажано пријателска). Испратете што е можно повеќе покани за побрзо да регистрирате пријателски натпревар.

За некоја вештина да го подигне своето ниво, понекогаш е потребно одреден тренинг да се тренира повеќе недели, но тоа не значи дека тренингот немал ефект - единствено, тој ефект се' уште не се гледа.

This Post:
00
138362.4 in reply to 138362.3
Date: 3/30/2010 11:41:50 AM
Overall Posts Rated:
203203
3. Избор на стандардна постава, форма и ентузијазам

А) Стандардна постава
Откако ќе ги поставите тренирките на нивните позиции, пополнете ги и останатите позиции со одговарачки играчи (најмногу помага табелата за важност на вештините). Секоја позиција треба да биде покриена со барем 2 играчи. Но, голема е веројатноста вашата екипа да стане небалансирана после почетните отпуштања и продажба на непотребните играчи. Тогаш треба да се купат играчите кои недостигаат. Парите за тоа ќе ги добиете од продажбата на непотребните играчи (остатокот од овие пари - прво треба да се купат тренирки кои недостигаат).

По изборот на почетната петорка и втората постава, означите „Нека биде ова стандардна постава“, а потоа кликнете „Постави“.

Б) Форма
При избор на најсилната постава (посебно пред важни натпревари) треба да водите сметка на уште еден параметар - форма. Пожелно е формата да се одржува над нивото „просечен“. Тоа се постигнува со менување на поставата така што после 3 натпревари во една недела секој играч во твојот тим (не само тренирките) да има одиграно барем 48, но не повеќе до 75 минути (идеално е 50-70 минути). Никогаш не смее да се губи недела тренинг на тимски тренинг на форма!

В) Ентузијазам
Секоја екипа почнува со ентузијазам 5, а понатаму во сезоната тој се регулира со поставувње на „ставот“ за секој натпревар. Ставот „Мотивирано“ ќе го преполови ентизијазмот за следниот натпревар. Ставот „Опуштено“ предизвикува раст на ентузијазмот за две нивоа, но во таквиот натпревар игачите многу помалку се трудат на теренот, што се гледа и по резултатот.

Ентузијазмот многу влијае на изведбата на сите играчи. Послаба екипа со ентузијазам 10 и став „Нормално“ често може да победи многу посилна екипа која исто така игра со став „Нормален“ но со ентузијазам 2.

4. Економија, потенцијал и трансфер

А) Економија
Парите кои стојат - пропаѓаат. Сите средства треба да ги вложите во разни аспекти на играта (играчи, стручен штаб, сала...) и на тој начин да се овозможи побрз развој на клубот. Исто така треба да внимавате да не влезете во минус - банката ќе ви наплаќа високи камати.

Б) Потенцијал и трансфер
Секој тренирец има свој потенцијал кој евентуално, со правилен и упорен тренинг, ќе биде достигнат. Доколку тој се достигне, доаѓа до т.н „меко ограничување“, што значи дека неговиот тренинг осетно ќе се забави (никогаш нема да се запре). Тој момент е индивидуален за секој играч и потребно е искуство за да се препознае.

Следно, тоа е најдобриот момент за продажба на тренирецот (освен ако не е престар). Често на менаџерите тешко им доаѓа разделбата со некој играч кој веќе долго се тренира, а голема грешка е да се користи аргументот „ако го продадам, кој ќе ми игра?“. Подобро е играчот да се продаде и парите да се искористат за купување на нов тренирец и/или играчи кои нема да се тренираат, но ќе ги засилат другите линии на тимот.

5. Сала
На почеток не ја проширувајте салата туку само зголемете ја цената на влезниците доколку некој од сегментите на салата е пополнет. На тој начин постепено ќе се развие осетот за цените на влезниците (потребно е неколку месеци испробување). После тоа, салата постепено треба да ја проширувате, бидејќи долгорочно гледано тоа претставува најдобра инвестиција.

6. Драфт
Преку драфтот можат да се добијат многу корисни играчи (максимално 3 играчи). Доколку се вложува во драфтот, кога ќе стигнат резултатите од него, полесно е да се изберат добри играчи. Ниту еден почетник нема доволно средства за вложување на полн износ во драфтот така што се препорачува да се почне со вложување од 5.000 неделно (ќе резултира со скаутирање на 1 играч неделно) до максимално 10.000 неделно (2 играчи). Доколку сте убедени дека сезоната ќе ја завршите на дното на табелата, можете да си допуштите до 20.000 неделно (скаутирање на 3 играчи), затоа што пониско рангираните клубови имаат предност при изборот на играчи во драфтот.

Last edited by Onisifor at 11/4/2010 10:23:18 AM

Message deleted
Message deleted
Message deleted
Message deleted