BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > U21 Makedonija Vs. Bulgaria

U21 Makedonija Vs. Bulgaria

Set priority
Show messages by
This Post:
00
139241.1
Date: 4/4/2010 12:57:29 PM
Overall Posts Rated:
203203
Здраво ББ Македонијо :)
Утре е премиерниот натпревар на јуниорската репрезентација на Македонија. Кампањата ја започнуваме против Бугарија. Се работи за силен противник со добри играчи на сите позиции. Бугарската репрезентација е во еуфорија по минатосезонските феноменални резултати и големиот напредок на светската рејтинг листа и очекува тие резултати да продолжат. Меѓутоа Македонија е тука да застане пред овие амбиции на соседот. Ние како и секогаш и овојпат ќе одиме со најсилниот можен состав и со голема желба и максимално залагање ќе се обидеме да направиме изненадување.

Па, кои се вашите размислувања?

From: dimac
This Post:
00
139241.2 in reply to 139241.1
Date: 4/5/2010 12:12:03 PM
The Black Ice
II.1
Overall Posts Rated:
123123
Second Team:
dragonfly18
Пу, за малце не тепаа
Сепак, одлична игра, здравје понатаму со повеќе среќа.
Само напред bobans, на добар пат си!

This Post:
00
139241.3 in reply to 139241.2
Date: 4/5/2010 1:02:08 PM
Overall Posts Rated:
203203
:( за жал нашите млади репрезентативци не издржаа. Игравме храбро меѓутоа среќата на крај не не посака. Имавме 7+ пред стартот на 4та четвртина, но за жал нашиот најдобар плеј Aco Cherepnalkovski предвреме го заврши натпреварот поради 6 лични грешки - тимот остана без него уште во 39та минута. Којзнае како ќе изгледаше крајниот исход доколку Cherepnalkovski го одиграше целиот меч ... или ако нашиот најквалитетен внатрешен играч Borislav Martinoski имаше подобра форма од сегашната. Можеби и победа. А зошто да не.

Што можеме да заклучиме за тактичкото поставување на играта?
Тактиката на Бугарија.
Мислам дека успеавме да ја прочитаме тактиката на Бугарија. Внатрешен фокус и брзо темпо во нападот, како и 3-2 зона во одбраната беше моето предвидување. Така и бидна. Тие се најсилни на внатрешните позиции и имаат извонредни високи играчи - со квалитет на кој тешко можеме да парираме. Тоа го знаеа они, а го знаевме и ние. Сепак крајниот заклучок е дека единствен начин на кој ќе можеме да се спротиставиме на тимовите со квалитетна внатрешна линија е само ако нашите центри имаат добра форма. Во спротивно ќе бидеме лесен противник. За жал овојпат нашиот тим не можеше потполно да го искористи потенцијалот на нашите центри. Се надевам, и посакувам, за наредната средба да имаме подобра стартна позција - подобра форма.

Нашата тактика.
Одлучив фокусот на нападот да бидат удари од надворешните и средни растојанија (Движење). Тоа го оценив како подобра опција од Трчај и шутирај која претежно се потпира на ударите за тројка. Очекував противникот да одигра 3-2 одбрана. Со таа одбрана лесно ќе не затвореа. Затоа решив да додадам дел од нападот да се одвива и поблиску до кошот, т.е од средно растојание, затоа што на тој начин, во случај да одиграа 3-2 ќе имавме и резервна опција во нападот. Така и испадна! Бугарите одиграа 3-2 во одбраната, а ние успеавме да протнеме дополнителни поени.

Темпото на играта се решив да биде нормално. Мое мислење беше дека со брзо темпо повеќе ќе дојде до израз нашата инфериорност на внатрешните позиции. Наместо избрзано да шутираме, подобро беше во нападот да бараме изградени позиции.

Мој заклучок за тактиката.
Од сето она што го наведов, мојот заклучок е дека нашата тактика беше добро поставена. Добро поставивме во нападот, и добро поставивме во одбраната. Недостигаше X факторот за целосно славје.

Крајниот резултат.
Makedonija vs. Bulgaria 104 - 107.
Многумина би искоментирале дека ова е и очекуван резултат. Бугарија да ја победи Македонија, за многу луѓе во светот на ББ не би било никакво изненадување. Но, верувам дека голем дел од истите тие луѓе не очекуваа дека со нормално залагање на двата тима разликата во резултатот ќе биде 3 поени.

Што е заклучокот?
Пораз е пораз. Тоа за жал е суровата реалност. Водевме три четвртини, но на крај не победивме.
Сепак верувам дека ББ светот сега во нас гледа на сериозен противник. На ББ им испративме порака дека нема да се предаваме. Ќе се бориме со сите наши расположливи сили. До колку можеме - до толку.

Што ни треба во иднина?
Активна македонска ББ заедница! Ништо повеќе од тоа. Јас ќе работам во мојот мандат многу на тоа прашање. Нашите менаџери да се интересираат не само за својот клуб, туку и за развојот на репрезентацијата. На многу менаџери лично им давав совети што да прават оваа сезона и како да се постават во наредната. Тоа и ќе продолжам да го правам. Исто така со моите соработници и сите кои сакаат да се вклучат и да помогнат (апел до сите менаџери во Македонија), во нареднава недела ќе направиме нова акција. Акцентот ќе биде ставен на идните генерации - играчите со возраст 20 и 19 години, и секако 18 годишните играчи. Мојот слоган е „работи денес за да имаш успех во иднина“. Мораме да гледаме неколку сезони нанапред - не само оваа.
Ќе објавиме долга листа на играчи кои се со добри шанси да се развијат во супер играчи и ќе отвориме расправа.

Поздрав. Ги очекувам вашите коментари.

From: Onisifor

This Post:
00
139241.4 in reply to 139241.2
Date: 4/5/2010 1:24:35 PM
Overall Posts Rated:
203203
Фала за поддршката. И јас се надевам на повеќе среќа во иднина.

This Post:
00
139241.5 in reply to 139241.4
Date: 4/5/2010 2:38:50 PM
Overall Posts Rated:
00
bravo druze , bravo za taktikata!!!!ednas ke izgubime nesrekno drugpat ke tepame srekno !!!!mislam deka napravi odlicen tim koj moze da se nadigruva so mnogu jaki reprezentacii pa ako ne i da ja iznenadime i ITALIJA!!!!!!pozzdrav

This Post:
00
139241.6 in reply to 139241.5
Date: 4/5/2010 2:47:20 PM
Overall Posts Rated:
203203
Za Italija procitav dobar predlog. So pizza nesto bese receptot. :)

This Post:
00
139241.7 in reply to 139241.5
Date: 4/5/2010 2:49:10 PM
Overall Posts Rated:
203203
Исто така со моите соработници и сите кои сакаат да се вклучат и да помогнат (апел до сите менаџери во Македонија), во нареднава недела ќе направиме нова акција. Акцентот ќе биде ставен на идните генерации - играчите со возраст 20 и 19 години, и секако 18 годишните играчи. Мојот слоган е „работи денес за да имаш успех во иднина“. Мораме да гледаме неколку сезони нанапред - не само оваа.


Биди спремен за оваа работа. Почнуваме наскоро.

From: Xsago

This Post:
00
139241.8 in reply to 139241.7
Date: 4/5/2010 3:20:17 PM
Overall Posts Rated:
128128
Stvarno steta za porazot sega gledam deka sme imale solidni sansi za pobeda. Ama sto e tuka e odime ponatamu. Kako i da e solidna taktika i dobra osnova koja treba da se nadgradi e postavena. Vo sekoj slucaj daleku podobra igra od 68 pozicija na koja sme rangirani. Mislam deka celta na ovaa reprezentacija sezonava treba da e vlez vo top 50, pa mozebi i top 40 zosto da ne :). Mislam deka so vakva igra imame sansi...

From: gari68

This Post:
00
139241.9 in reply to 139241.8
Date: 4/5/2010 5:33:51 PM
Overall Posts Rated:
1212
Cestitki i od mene za dobrata analiza na protivnikot kako i odbranata taktika,koja za zal ne rezultirase i so pobeda.So ovakva rabota na selektorot mislam deka mnogu brzo ke napreduvame a so samoto toa ke dojdat i pobedite ,samo taka prodolzi Bobans,na dobar pat si so tvoite pomosnici

This Post:
00
139241.10 in reply to 139241.9
Date: 4/6/2010 4:15:12 AM
Overall Posts Rated:
122122
Cestitke i od mene, uprkos porazu ovo je odlican start na selektorskom debiju

Fair play!!!
From: Dadimo

This Post:
00
139241.11 in reply to 139241.3
Date: 4/6/2010 3:49:22 PM
Overall Posts Rated:
5555

Исто така со моите соработници и сите кои сакаат да се вклучат и да помогнат (апел до сите менаџери во Македонија), во нареднава недела ќе направиме нова акција.

Јас веќе неколку пати во изминативе сезони напишав на форумот дека сум подготвен да помогнам во скаутирањето играчи а ако има потреба може да помогнам и во нешто друго. Е сега немам намера да се повторувам и да му се нудам на секој нов селектор, затоа ако сметате дека можам да ви помогнам ви стојам на располагање. Инаку плановите ти се одлични.

Активна македонска ББ заедница!.

Јас би додал и организирана. Активноста сама по себе нема да ни донесе добра репрезентација туку само добро дружење на форумот. За добра репка ни треба и добра програма а нејзе ја имавме во твојата кандидатура и мило ми е што веќе почна да ја спроведуваш.

Штета за тесниот и незаслужен пораз но ова е почеток кој многу ветува и мислам дека си на вистинскиот пат.
Генерално ББ Македонија се движи кон подобра насока и ако бидеме поупорни во работата за неколку сезони Македонија може да биде репрезентација за респект. Поздрав.