Денес проверувам во економијата на мојот тим. Очекував нешто. И, оп, финансиите сериозно ми се подобриле! Еве информација:
Dobre Damjanov
(8203915) купен од GEMIDZII Veles за $ 2.250.000 (со одбивање на 3 проценти данок добив $ 2.182.500). Таман, нели? Супер!
А што е посупер од ова супер? Играчот го извлеков од драфтот во Сезона 7. Аааааа, значи без пари сум добил играч и сум заработил 2М. Блиску! Всушност еве како одат бројките во пресметката на фактичката финансиска добивка за него.
Во сезоната пред да го извлечам Dobre Damjanov (Сезона 6) вложував 20.000 неделно. Значи за Сезоната 6, вкупните трошоци за драфтот ми биле: $ 280.000 (20к x 14 недели = 280к). Значи најпростата анализа е дека за вложувања од $ 280.000 јас сум заработил $ 2.182.500, или добивка од $ 1.902.500
Некој сега би поставил 2 добри аргументи. Мислам, ептен добри.
(1) „За 280к би можело да се купи надежен 18 годишен играч кој за 5 сезони исто така би можело да се продаде за 2М - Драфтот и не е некоја предност“
Точно, би можело да се добие истиот ефект. Но внимавајте, Dobre Damjanov е само просечен талент. Тој навистина изигра добри натпревари за мојот тим, а во неколку наврати беше и стартер, но од него има далеку далеку подобри играчи извлечени на драфт.
Ајде пробајте да купите 18 годиштен талент, со плата 3.500+ и потенцијал МВП или повисок за $ 280.000. Речиси невозможно (не сум сигурен, но мислам дека просечна цена оваа сезона за вакви играчи беше 1М; тоа е сума за речиси 5 сезони вложувања во драфтот по 20к неделно)! Наједноставен начин да добиете ваков играч за 280к е преку драфтот. Плус, за вакви играчи со продажбата може да се заработи многу повеќе од 2М! (Цени одат и до 6 и повеќе милиони!)
(2) „Ама тој бил во тимот од Сезона 7 до Сезона 11, а тоа се 5 Сезони и за него се плаќало плата па добивката не е голема“!
ОК. Ајде да ја направиме математиката.
Сезона .............. Неделна плата ..................... Вкупно исплатено
7 ........................... 3.500 .................................49.000
8 ........................... 7.000 ................................. 98.000
9 ........................... 11.000 .............................. 154.000
10 ......................... 17.000 .............................. 238.000
11 ..........................24.000 .............................. 336.000
---------------------------------------------------------------------------------------------
вкупно ........................................................... 875.000
За 5 сезони, вкупно биле исплатени: $ 875.000.
Тогаш крајната пресметка би била: Износ од продажбата - (Инвестиции за драфт + вкупно исплатена плата) = $ 2.182.500 - ($ 280.00 + $ 875.000) = $ 1.027.500
Овие $ 1.027.500 се сува пара! Можете да ја инвестирате каде ќе посакате!
Што е целта на овој пост?
Тоа е потенцирање на 2 многу важни моменти за вашата економија:
1. Тренирање на играчи е најдобриот начин за заработка. (ако не го тренирав Dobre Damjanov немаше толку да заработам);
2. Инвестирањето во драфтот е многу добра „алатка“ за добивање на квалитетен млад играч за малку пари.
Има далеку поуспешни приказни на темата Драфт. Некои од тие приказни биле со инвестиции од 40к неделно ($ 560.000 годишно) и по 4 сезони тренирање на играчот биле добиени 8М! Други биле со 20к неделно и наместо тренирање веднаш продадени за 500к. итн итн итн....
На крај, има приказни кои немаат ваква економска, но дефинитивно имаат „Црвено-жолта“ позадина. Тоа се приказните за нашите репрезентативци. Но тоа е сосема друга тема.
Па да отвориме дебата!
Дали мислите дека инвестициите во драфтот долгорочно продуцираат економска корист?
Постирајте ги вашите успешни економски приказни поврзани со Драфтот.
Last edited by Onisifor at 4/14/2010 2:56:52 AM