Јас да се надополнам на ова со тренирање на Центри. Само ќе зборам за 3-та и 4-та точка.
Значи, за центри (играчи 206+ см висина):
3. тренинг 1-на-1 може да се тренира, но најмногу 1-2 недели по сезона и само ако вредностите на продорност и техника се на многу ниско ниво.
4. основни тренинзи за центри треба да бидат:
- внатрешна одбрана
- внатрешен шут
- скокови
- блокирање - 1 недела тренинг блокирање по сезона е сосема доволно (понекогаш и воопшто не се тренира блокирање затоа што оваа вештина напредува солидно и преку тренирање внатрешна одбрана).
Кој тренинг повеќе ќе го форсирате зависи од моменталната состојба на играчот (неговите моментални скилови). Целта е на сите примарни вештини: внатрешна одбрана, внатрешен шут и скок да има иста или приближно иста развиеност.
Во одредени услови може да се тренираат и надворешните тренинзи - додавање и скок шут.
P.S. Специјални случаи: може да се случи да извлечете играч од драфтот кој е со висок потенцијал кој може да се развива во крило. Тогаш селекторот или скаутите лично ќе ве контактираат преку ББ порака и ќе ви предложат тренинг план за секоја недела во текот на цела сезона. (секако, за брзо тренирање крила потребно е да имате и тренер ниво 6+)
Last edited by Onisifor at 5/27/2010 5:25:09 AM