BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > Куп Сезона 13

Куп Сезона 13

Set priority
Show messages by
This Post:
00
154737.1
Date: 8/20/2010 1:58:12 PM
Overall Posts Rated:
203203
Натпреварите се играат на неутрален терен.
Полуфиналните двојки се познати:

baniran Vs NC State
Makedonsko Devojce Vs GEMIDZII Veles

baniran Vs NC State
Дуелот baniran против NC State го носи епитетот „финале пред финалето“. Тоа е судир помеѓу досега најуспешните екипи во историјата на ББ Македонија. Воедно, тоа претставува и дуел помеѓу Шампионот на MKD BB Elita и Шампионот на Kup Boris Trajkovski од минатата сезона.
Кога станува збор за натпреварите во Купот, тогаш baniran е убедливо поуспешниот тим со вкупно 7 титули: шампион во сезоните 3, 5, 6, 9, 10, 11 и 12. NC State има само 1 куп титула досега: шампион во сезона 7. Но овој податок сигурно е само дополнителен стимул за менаџерот zlooo и гаранција за уште една епска пресметка.
Интересно, ова е само втора нивна меѓусебна пресметка во рамките на полуфиналињата на националниот куп. За првпат се сретнаа во полуфиналето минатата сезона, кога baniran излезе како победник (кој потоа го освои купот).

Сега на ред е новиот дуел. Кој ќе победи овојпат? Дали baniran, кој настапува порастеретено во рамките на својата конференција, или NC State кој има огромни мотиви за престиж.

Натпреварот можеме да го следиме во живо на ова место: (25766580)

Makedonsko Devojce Vs GEMIDZII Veles
Дуелот Makedonsko Devojce Vs GEMIDZII Veles ќе го даде вториот финалист на Kup Boris Trajkovski. Makedonsko Devojce е најпријатното изненадување оваа сезона. Пласманот во полуфиналето на купот е досега најголемиот успех на овој релативно „нов“ менаџер и секако за поздрав. Тој ќе се сретне против уште еден „староседелец“ во ББ Македонија, тимот на GEMIDZII Veles (тимот на авторот на постот). GEMIDZII Veles вторпат едноподруго се пласираат во полуфиналето на купот, и по вторпат ги „посака“ ждрепката (избенати се NC State и baniran). Мотивите на Гемиџиите се настап во финалето на купот.

Ова е прв меѓусебен дуел помеѓу Makedonsko Devojce и GEMIDZII Veles воопшто. Кој ќе победи? Дали ќе видиме нова „Majstorija“ од менаџерот на Makedonsko Devojce или сепак ќе превагне посилниот и поискусен состав на GEMIDZII Veles.

Овој натпревар можеме да го следиме во живо на ова место: (25766581)

Коментари...

This Post:
00
154737.2 in reply to 154737.1
Date: 8/26/2010 10:29:02 PM
Overall Posts Rated:
203203
baniran ќе го брани Куп трофејот во финале

Баниран ќе го брани Куп трофејот во финале?! Хм, сигурен си дека ова не е вест од минатата сезона?
Токму така! Баниран е „претплатен“ да го брани купот Борис Трајковски. Не само минатата сезона, туку тоа го правеше и во 6та, 10та, 11та и 12та сезона. Во последните 3 сезони баниран 3 пати го бранеше трофејот. Еве оваа сезона четврти пат едноподруго тој е во финале. Како што би рекол car4iiiiiiinja_____1: respect!

Ау да! Другиот финалист. За малку ќе заборавев да го спомнам.
Тоа е тимот GEMIDZII Veles (на авторот на постот, pfff). Вторпат по ред во финалето (car4iiiiiiinja_____1 можеби би рекол: respect!) и вторпат по ред против baniran.

Во оваа сезона, во натпреварите од лигата, baniran и GEMIDZII Veles се сретнаа еднаш. Победник во тој натпревар беа Гемиџиите: (23346849). Но ова е финале, а во финале баниран прави вакви работи (од минатата сезона): (22600598).

Финалето ќе се одигра на 9/2/2010 во 5:30:00 PM, во арената UNC Dome (супермодерната сала на тимот NC State со 19779 седишта). Натпреварот можете да го следите овде: (25780023)

Па да почнеме со типување: GEMIDZII Veles Vs baniran

P.S. btw, што коефициент би ставиле на ваков натпревар? Јас би идел со 3,50 - 1,50. Држи место или се преценив?

This Post:
00
154737.3 in reply to 154737.2
Date: 8/27/2010 11:03:04 AM
Hip Hop Macedonia
II.1
Overall Posts Rated:
7575
Респект до двата тима! Одлични сте!
Е сеа бобанс малце си претерал со коефициентот... јас би рекол 1,50 - 1,50 ... Да можев оваа ќе ја ставев Х - Х :)
Ама ипак е кошарка и тоа неможе да се деси:
Мое мислење:
Baniran (тошката) е веќе главна улога на Куп Македонија... Секогаш е во финале... Дали ќе успее по 5ти пат (од 9та до 12та ги освојува сите.У моментот тој е ЦАР не јас :D ) не се знае.. Бидејќи од оваа страна е
GEMIDZII Veles (бобан) кој е исто така доста добар и има квалитетни играчи и добар тактичар :)....
Јас гледајќи од двете страни.... Мислам дека ќе победи GEMIDZII Veles(извини тошка мое мислење :) ) бидејјќи знае да изненади така и мислам дека baniran некако послабо ја игра играва у последно време.
ајде поздрав и НЕКА ПОБЕДИ НАЈДОБРИОТ! :) Со среќа на двајцата одлични менаџери :)

RESPECT! :D

This Post:
00
154737.4 in reply to 154737.3
Date: 8/27/2010 11:28:52 AM
Overall Posts Rated:
33
Gemidzii-Baniran---1.90-2.10 sea ne znam na koj kje tipuvam!! :)))