Со последните меѓу-конференциски натпревари во вторник завршува втората третина од регуларната сезона, па следи мал пресек на сезоната.
Елита
Gemidzii Veles и HHM со две победи предност пред ривалите водат во своите конференции. Heraklea и Xsago Phantoms се единствените тимови кои вршат притисок врз лидерите, а останатите имаат различни амбиции.
Во борбата за плејоф на сината конференција рамноправно влегуваат CD Locos, Najdobrite, Vardar Dimoa и dragonfly84. Во црвената единствено KK Players се издвојува и наликува на плејоф тим, и засега само уште Angelcinja2 и Габер се издвојуваат како плејоф кандидати.
Уште е рано да се прогнозира за двајцата сигурни патници во втора лига, меѓутоа KK Teorel, tockaci и baniran се топ кандидати. Кај baniran се приметува одредено раздвижување, но со оглед дека во преостанатите 8 средби на Angelcinja2 му се потребни 2, на KK Players само 1 триумф за обезбедување плејоф место, додека на Габер само 3 победи за обезбедување на 5тото место, тешко дека toska може да се надева на повеќе од 6то место сезонава.
Куриозитет: По 14 одиграни средби CD Locos има разлика 0, од постигнати и примени поени. Cool!
Рангирање по моментален состав и потенцијал
1. GEMIDZII Veles
2. Heraklea
3. Xsago Phantoms
4. HHM
5. KK Players
6. Vardar Dimoa
7. Najdobrite
8. Angelcinja2
9. dragonfly84
10. Габер
11. CD Locos
12. Makedonsko Devojce
13. kavadarci
14. baniran
15. KK Teorel
16. tockaci
II.1 лига
Tomce Alex гази се пред себе! Совршен 14 - 0 скор досега. KK Trtka и LAs BITOLAs се единствените тимови со капацитет да се борат за титулата и промоција во елиташи. born4pwnage воден од Sakky со сениорскиот репрезентативец Lazov и поранешните У21 репрезентативци Rushidov и Saveski во неговиот состав е интересен тим за следење. Очекувам да го дофати 2рото место на крај на сезоната и најмалку финале на конференција.
KK Pitt Bulls треба да го сфати концептот на одржување форма и колку формата е важна за резултатите, а Milenium сеуште нема подобрувања на економијата (сала) за поголем исчекор напред.
Ајде да видиме кој ќе ги анализира II.2, II.3 и II.4 лигите и да го комплетираме пресекот.