Почитувани BB менаџери ,
завршивме со учеството во утешниот турнир, па целиот фокус го насочуваме кон преостанатата работа во У-21 репрезентацијата. Ќе ги наградиме менаџерите-тренери кои имаат вложено во тренирање на млади македонски играчи, а наградата е избор на нивниот играч во јуниорската репрезентација на ББ Македонија до крајот на оваа сезона - со можност за настап на пријателски натпревар. Има 3 категории:
A. 18 годишни играчи
B. 19 годишни играчи
C. 20 годишни играчи
Има 3 категории: а) 18 годишни, б) 19 годишни и в) 20 годишни играчи, а ќе бидат избрани:
- Два 18 годишни играчи -> еден бековски и еден центарски
- Четири 19 годишни играчи -> два бековски и два центарски
- Десет 20 годишни играчи -> пет бековски и пет центарски
(останатите 2 места се резервирани за 21 годишни играчи со потенцијал за сениорски репрезентативци)
Наградени ќе бидат оние играчи кои:
1. имаат најдобри вештини меѓу врсниците
2. имаат најдобар напредок (најмногу зелени стрелки) оваа сезона
3. имаат потенцијал најмалку Allstar (6)
Во наредниот период ќе ги проверам сите 18, 19 и 20 годишни играчи со цел да го проверам нивниот напредок оваа сезона. Сметам дека овој временски период е доволен, затоа што преостануваат 3-4 пријателски натпревари до крајот на оваа сезона.
Доколку имате друг предлог за начинот на наградување на менаџерите, пишувајте слободно тука.
Резултатите ќе бидат објавени на оваа тема, во најбрз можен период.
Поздрав