1. За алстарот не мора да се замараш, не е ниту битно ниту има некоја посебна логика.
2. Тв правата се менуваат секоја сезона. Оваа сезона се такви какви што се. Во различни лиги има различни тв права (колку повисока дивизија толку повеќе).
3. Колку повисоко ниво на тренер, толку побрзо ќе ти тренираат играчите. ПРепорачливо е за максимален ефект секогаш или скоро секогаш да тренираш само една позиција (пример само центри). Тренинг добиваат оние играчи кои ќе добијат најмалку 48 минути во текот на неделата на позицијата на која тренираш.
4. Подобар доктор, поретко ќе ти се повредуваат играчите.
5. Нивото на ПР менаџерот влијае врз бројот на гледачи, колку повисоко ниво толку повеќе гледачи (не очекувај огромни разлики, сепак влијанието е релативно мало).
6. За бекот при внатрешна изолација и 6те лични на противничкиот центар, приложи пример. Комплексно е прашањето и одговорот.
7. Скиловите на игралите опаѓаат само кога ќе се многу стари. Исклучок е само издржливоста која постепено постојано си опаѓа, ама па и можеш одвреме на време (пример 1-2 пти по сезона) да ја тренираш.
П.С. Зошто на овој форум напиша а не на генералниот за ББ Македонија?