Заедницо убава, пред некое време зборевме да направиме нешто за нашите репрезентации, па еве да почнеме. Се одлучив да го преведам еден пост од Босна и Херцеговина за тренирање млади играчи. Кој е заинтересиран за оригиналот, еве линк до таму
(286523.1), а проверете и рејтинзите да видите што момци вадат Босанците. Да почнеме.
Ова претставува прирачник за тренирање на У21 играчи. Кратенките за тренинзите и вештините ќе бидат на англиски (секако ќе бидат детално објаснети тука и споредени со на нашиот јазик), затоа што некој од нас користи BB на Англиски, друг на Македонски, трет на Српски итн итн.
За почеток, превод на позициите и вештините:
PG - Плејмејкер, позиција 1
SG - Бек, позиција 2
SF - Крило, позиција 3
PF - Крилен центар, позиција 4
C - Центар, позиција 5
Вештини/skillsJS - Скок шут
JR - Шут од далечина
OD - Надворешна одбрана
DR - Техника
HA - Продорност
PA - Додавање
IS - Внатрешен шут
ID - Внатрешна одбрана
RB - Скокови
SB - Блокади
ST - Издржливост
FT - Слободни фрлања
TSP (Total skill points) - Вкупно поени од вештини (ВПВ)
Типови на тренинг:pressure - надворешна одбрана, за потребите на У21 се тренира на позиција PG
Вештини кои се подобруваат: OD, DR, HA, ID
passing - додавање, за потребите на У21 се тренира на позиција PG
Вештини кои се подобруваат: PA, DR, HA
one on one - Еден на еден, идеално за У21 на позиции SF/PF (3 и 4), ако мора, може да се намести и на позиции PG/SG
Вештини кои се подобруваат на позиција SF/PF: DR, HA, JS, IS
Вештини кои се подобруваат на позиција PG/SG: DR, HA, JS
jump shot - Скок шут, идеално за У21 на позиции SG/SF или SF/PF
Вештини кои се подобруваат: JS, JR, DR, HA, IS
ако се тренира на PG/SG играчот не качува IS
ако се тренира на SF/PF играчот на качува DR и HA
jump range - Надворешен шут, на позиција SG
Вештини кои се подобруваат: JR, JS, DR, HA
inside shot - Внатрешен шут на позиција C
Вештини кои се подобруваат: IS, ID, JS
inside defense - Внатрешна одбрана на позиција C
Вештини кои се подобруваат: ID, SB, IS
rebounding - Скокови на позиција PF/C
Вештини кои се подобруваат: RB, IS, ID
Забелешка: shot blocking (Блокади) handling (Продорност) како типови на тренинг не се користат освен во специјални случаи, кои ќе бидат дополнително опишани подолу кога ќе стигнеме до позициите и минималните вештини. Сите типови на тренинг се одбрани за максимизирање на брзината на тренингот, секое отстапување од позицијата на тренинг значи дека го успорувате напредокот на играчот.
Last edited by dimac at 11/14/2018 3:59:33 PM