Зарем не би го посакале во вашиот тим
(15024893)? :)
Овој момак гарант доаѓа од с.Иванковци, Велешко (N.B. жителите на Иванковци се надалеку прочуени по нивната љубов кон пивото. Има една урбана легенда за нив. Зима. Тешки снегови и патот до Иванковци е непрооден. Доаѓа камиончето да донесе леб и заглавува на 500 м до селото. Селаните незаинтересирани. Камиончето заминува, лебот не стигнува до селото. 1 ден подоцна пристигнува камиончето на „Скопска пивара“. Заглавува. Селаните организирано со лопати го расчистуваат целосно патот до селото. Пивото распродадено за 15 минути. На здравје!)