+1
Ова се вика кандидатура иако избрза едно 3 недели ама нема проблем, можеме да започнеме предизборна кампања(неофицијална) кога сакаме :)
А ова се моите забелешки:
2. Избор на вистински играчи во У21 тимот => платата нема да ми биде основен критериум
- балансирани играчи со добри секундарни вештини;
- различни играчи: на пример, нас не ни требаат сите центри да се слични еден на друг. Со различни типови играчи имаме можност за повеќе тактички варијанти.
И јас сум за балансирани играчи но не заборавај дека времето да се истренира У21 играч е многу кратко (3-4 сезони) што не остава многу простор да се истренира таков играч и затоа во У21 пред се треба да се фокусираме на примарните скилови, вистински балансирани играчи ќе бараме за сениорската репрезентација.
Се согласувам и со тоа дека не ни требаат повеќе играчи кои ќе бидат речиси идентични еден на друг и да бидеме ограничени во тактичките варијанти но се зависи од понудата на истренирани канидидати за У21. Не можеш со глава во ѕид по секоја цена да се држиш до овој принцип. Ако имаме повеќе слични играчи а се суперквалитетни нема да се откажуваш од некого кога е веќе екстра играч само затоа што имаме и други такви во У21. Не заборавај дека формата осцилира а незнаеме однапред и кој менаџер како ќе му ја одржува формата, можни се и повреди и ставање играчи на ТЛ сред важни мечеви така да не е на одмет да имаме повеќе слични играчи(ако се стварно квалитетни) па ќе се бираат според формата секоја недела. Муабетот “не ни требаат повеќе слични играчи“ држи вода само ако се работи за некои просечни играчи со просечен квалитет па нема потреба да трошиме многу места за играчи кои најчесто би биле втора-трета постава ретко прва. Поентата е да се прилагодиме спрема понудата на играчи во секоја генерација.
7.За сите кои сакаат да тренираат а им треба совет слободно контакитрајте ме мене или мојот формиран скаутинг тим (нахнадно ке биде објавено кој скаут ке биде задолжен за ниски а кој за високи играчи)
8.Да има плата нај малку $ 3 000,Да има потенцијал нај млаку Ол-стар
7.Не разбирам од каде се чувствуваш компетентен да даваш совети за тренинг кога за овие 4-5 сезони колку што си на играва немаш истренирано ни еден играч како што треба.
8.Платата може да биде и 2000 минимум ако се работи за 18-годишен а особено за играч со 8+ потенцијал кој може да биде кандидат и за сениорска репрезентација. Треба да му се провери распоредот на скилови во однос на висината што ја има.
Потенцијалот за У21 може да биде 5(звезда) минимум а не 6(ал-стар) минимум затоа што и со 5-ка потенцијал може да се истренира добар У21 играч, сме имале такви примери во минатото, па и јас конкретно имам истренирано супер бек со 5-ка потенцијал со мојот утописки тим додека го имав. Така да овие критериуми под точка 8 треба да ги корегираш според моите сугестии бидеќи со години сме функционирале успешно така како скаутинг тим(додека беше активен до пред 5-6 сезони) и нема потреба сега ти нешто да измислуваш топла вода и да менуваш. Не игра ни платата ни потенцијалот туку распоредот на вештини.
Имаш подршка од мене на следните избори а најверојатно и глас освен ако не се појави некој стварно добар кандидат па да се предомислам.
Поздрав
Last edited by Dadimo at 1/22/2016 8:48:29 PM