Ама момци, во изборот на наградените има повеќе критериуми, не само напредокот од претходната сезона. Всушност, скаутинг тимот отсекогаш како прворангиран критериум го земал моменталното ниво на вештините на играчот. Ајде да се присетиме на оригиналната идеја од Сезона 12
(142585.1):
Критериуми за избор
1. Вештини (скилови) на играчот
2. Позиција на која игра
3. Потенцијал на играчот
Ќе се изберат играчи од различни позиции. Никогаш нема да се случи во една категорија сите избрани играчи да бидат центри (или само бекови). Целта е да избереме најдобри играчи барем од две позиции.Во Сезона 12 не сме предвиделе број на зелени стрелки како критериум. Сме сметале дека првиот критериум е доволен одраз на тоа како играчот бил трениран. Меѓутоа заради дилемата: што да се прави со двајца играчи кои имаат идентични „поени“ во критериумот 1, 2 и 3, веќе следната сезона воведовме критериум бр.4.
Така, во Сезона 13
(154386.1):
Критериуми за избор
1. Вештини (скилови) на играчот
2. Позиција на која игра
3. Потенцијал на играчот
4. Напредок од почетокот на сезоната (колку и кои вештини напреднале од стартот на сезоната - тоа претставува доказ дека играчот е трениран)
Во сезона 14 скаутинг тимот се согласи дека нема смисла критериум при изборот да биде позицијата на која игра играчот, бидејќи тоа е премногу променлив критериум и всушност не значи ништо, а секако вообичаена пракса да се изберат 50% ниски и 50% високи играчи во секоја возрасна група. Освен тоа, при изборот на играчите решивме дека треба попрецизно да се дефинира потенцијалот, па воведовме минимум потенцијал за квалификација. На крај, бидејќи ова беа третите по ред награди ние добивме многу појасна слика за напредокот на секој поединечен играч во три сезони по ред и одлучивме критериумот напредок во претходната сезона да го сместиме повисоко во рангирањето - на 2-ро место. И овојпат најважен критериум го оставивме Вештини (скилови) на играчот.
(149768.54)Наградени ќе бидат оние играчи кои:
1. имаат најдобри вештини меѓу врсниците
2. имаат најдобар напредок (најмногу зелени стрелки) оваа сезона
3. имаат потенцијал најмалку ѕвезда (5)
Во Сезона 15 веќе ни пораснаа аптетитите, а и сметавме дека треба многу повеќе треба да ги доближиме наградите на У21 играчите со иднината на сениорите. Така, критериумот за потенцијал го покачивме на минимум ниво 6. Нашата идеја беше да протежираме свест за најсилно тренирање токму на „најпотенцијалните“ и во перспектива на листата на наградени да фигурираат само оние со потенцијал 8 и повеќе, а тоа да не предизвикува проблем по резултатите на У21 составот. Меѓутоа, за жал, реалноста во нашата заедница е дека оваа визија тешко се достигнува.
Целта на оваа ретроспектива ми беше да потенцирам дека секогаш во процесот на избор на играчи се избирале најдобрите (со најголема концентрација на вештини во соодветна вештинска група) кои го исполнуваат минимум критериумот за потенцијал. Притоа, како екстра критериум сме го земале во предвид напредокот од претходната/претходните сезон(и). Стремежот бил секогаш да се води сметка на тоа да се изберат и ниски и високи играчи. Притоа, играчите кои не биле избрани не ги бришевме од евиденција, туку ги следевме со подеднакво внимание - неретко се случувало играч кој не бил никогаш награден да биде важен играч за селекцијата затоа што имало „чувство“ дека тој играч е на дофат или се развива со темпо кое ќе биде гаранција дека ќе го достигне нивото на еден репрезентативец.
Целта на наградите беше да се зголеми транспарентноста при селекцијата на играчи, да се сподели возбудата околу националните тимови со заедницата (и потенцијално да се приклучат нови скаути во проектот), да се воспостави поблиска комуникација и да се поттикнат газдите да ги тренираат македонските таленти, итн, итн, итн.
Да не заборавам, не е баш лесно да отекуваш очи во табели и правиш споредби на ситни детали од еден до друг играч. Сезона по сезона.
Last edited by Onisifor at 8/13/2012 2:15:50 PM