ОК. Најголема прашина се крева околу Кливленд и Чикаго. Дефинитивно двата тима се бокс офис и веројатно најмногу ќе бидат следени сезонава, но има и други интересни состави. И не зборам за Сан Антонио, Портланд, Хјустон, Оклахома, Мајами.
Њу Орлеанс Пеликанс. Младата ѕвезда Ентони Дејвис прикажува (речиси) суперстар игра и водство и заради тоа овој тим не е шега. Сите прогнози беа дека момакот со опасната веѓа има потенцијал еден ден да биде постојан олстар, но не очекував дека толку бргу ќе созрее. Едноставно доминира. Тимот што го има на располагање Монти Вилијамс воопшто не е за потценување со Ерик Гордон, Џру Холидеј, Омер Ашик, Рајан Андерсон, Тајрик Еванс и друштвото, но клучот според мене е во Дејвис. Пеликаните ги букмаркирав и се тим кој вреди да се следи сезонава.
Last edited by Onisifor at 11/11/2014 7:38:46 PM