BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > НБА тема

НБА тема

Set priority
Show messages by
This Post:
00
166783.146 in reply to 166783.145
Date: 11/11/2014 7:35:15 PM
Overall Posts Rated:
203203
ОК. Најголема прашина се крева околу Кливленд и Чикаго. Дефинитивно двата тима се бокс офис и веројатно најмногу ќе бидат следени сезонава, но има и други интересни состави. И не зборам за Сан Антонио, Портланд, Хјустон, Оклахома, Мајами.

Њу Орлеанс Пеликанс. Младата ѕвезда Ентони Дејвис прикажува (речиси) суперстар игра и водство и заради тоа овој тим не е шега. Сите прогнози беа дека момакот со опасната веѓа има потенцијал еден ден да биде постојан олстар, но не очекував дека толку бргу ќе созрее. Едноставно доминира. Тимот што го има на располагање Монти Вилијамс воопшто не е за потценување со Ерик Гордон, Џру Холидеј, Омер Ашик, Рајан Андерсон, Тајрик Еванс и друштвото, но клучот според мене е во Дејвис. Пеликаните ги букмаркирав и се тим кој вреди да се следи сезонава.

Last edited by Onisifor at 11/11/2014 7:38:46 PM

This Post:
00
166783.147 in reply to 166783.146
Date: 11/12/2014 4:03:04 AM
Overall Posts Rated:
33
во право си за дечките имаат одличен тим и направија многу добар потег што го земаа омер ашик затоа што вака дејвис може да игра ПФ што јас сметам дека е позиција што повеке му одговара. но јас сметам дека клучот за нив е ерик гордон, дејвис е веке ѕвер и ке прдолжи да станува се подобар, ако ерик гордон се врати во ритам и почне да погодува шутеви со добар процент мислам дека ке бидат незгоди.

This Post:
00
166783.148 in reply to 166783.146
Date: 11/12/2014 9:08:42 AM
Overall Posts Rated:
66
Не сум ги гледал Кливлент сезонава веројатно ке бидат итересни за гледање ме интересира како ќе се снајде Davide Blatt во NBA тој и ако е Американец цел живот работи во европа и има европски стил кај што основна разлика е дека главен е тренерот не звездите, некако го склапаа тимот за инстант успех ке видиме како ќе функционираат.
Њу орлеанс се интересен тим со Ашик се и стаблино под пош кај шо Дејвис гази дефинитивно ќе биде голем игач од него, еднио бековската линија совен Гордон немаат некој што се покажал бар до сега мада има неколку млади играчи кој може да блеснат ја за нив прогнозирам борба за плејоф место едвај ништо повеќе.

From: Xsago

This Post:
00
166783.149 in reply to 166783.146
Date: 11/17/2014 6:38:55 AM
Overall Posts Rated:
128128
Одамна јас го имам таргетирано Дејвис. Уште кога беше на колеџ имав претчувство дека е иден all time great. Сега засега во таква насока му оди кариерата. Њу Орлеанс ми се меѓу поомилените тимови и искрено оечкувам конечно да стигнат до плејофот дури и во страшниот Запад.

Други интересни екипи сезонава според мене: нормално Кливленд (иако ќе им треба време да создадат некоја хемија), Голден Стејт (новиот тренер ќе знае како да го искористи огромнот офанзивен потенцијал, а не само да бидат дефанзивна екипа), Мемфис (секогаш потценети а се можеби најдобар одбранбен тим во полседните 2-3 сезони) и Далас (офанзивниот потенцијал на екипата е страшен, а ако успее да склопи Карлајл одбрана со овие играчи можат и до титула).

Нормално за титула во комбинација ќе бидат и Клиперс (и покрај слабиот старт), Сан Антонио (толку се добри што се досадни) и Чикаго (се додека имаат функционален Роуз со оглед дека имаат огромен потенцијал во одбрана ќе бидат опасни). Нормално тука е и ОКЦ ако успее да влезе во плејофот (што не е сигурно на западот). Се зависи од тоа кога ќе се вратат од повреди Дурант и Вестбрук. Ама ако стигнат до плејофот и се здрави, ОКЦ е можеби и најјака екипа од сите.

П.С. Ама сепак моите Сиксерси се најдобри :) Ќе видите за некоја година :)

From: Onisifor

This Post:
00
166783.150 in reply to 166783.149
Date: 11/17/2014 4:21:13 PM
Overall Posts Rated:
203203
Сиксерси се очај. Не можам да верувам екипа од тој голем кошаркарски маркет да е во таква катастрофална состојба веќе неколку сезони.

Инаку, сезонава е сама по себе посластица. Романтицизам со кралеви, принцови и ренегеди. Додај на тоа див-див запад и НБА лига пас ќе му дојде некако природно :)

Моите Феникс. А, што да зборам на темава. Сега, не знам што ќе биде филмот. Бледсо со сомнително високиот договор од 70 милиони за наредните 5 сезони е проектиран за френчајз играч. Ама не е! Френчајз играч би можел да видам во Дерозан од Рапторс и не можам да разберам како Бледсо може да добие подобар договор од него. Да де, поболен сум да го видам Дорозан во дресот на Феникс. Неговиот развој е фантастичен.

From: Xsago

This Post:
00
166783.151 in reply to 166783.150
Date: 11/18/2014 11:21:32 AM
Overall Posts Rated:
128128
Не е ништо посебно ДеРозан. Не би се вознемирувал многу за него. Ама не е ни Бледсо, пред се заради сколоноста кон повреди.

Такви договори летаа летово заради проекциите за огромен раст на salary cap-от во идните 2 сезони. Главн причина за тоа е огромниот нов договор за национални ТВ права.

From: namajkati

This Post:
00
166783.152 in reply to 166783.151
Date: 11/19/2014 7:47:35 AM
Overall Posts Rated:
33
грешиш за дерозан има прилично зрел пристап за негова возраст. оваа сезона се има подобрено во изборот на шутеви и како што можеш да видиш веднаш се познава разликата, му фали уште малце во одбрна да се подобри во одбрана па ке почнат луге да навиваат за торонтo :)

This Post:
00
166783.153 in reply to 166783.152
Date: 11/19/2014 11:23:41 AM
Overall Posts Rated:
203203
Торонто ја има една од најгласните домашни поддршки. Уживање беше во плејофот да се гледа публиката надвор од сала како го бодри својот тим. Нешто слично како навивањето за нивниот, сепак, по-омилен NHL тим Toronto Maple Leafs. Инаку на твоја линија сум за Дерозан. Станува опасен клач играч и е редовно потценет.

From: Xsago

This Post:
00
166783.154 in reply to 166783.152
Date: 11/24/2014 4:31:25 AM
Overall Posts Rated:
128128
грешиш за дерозан има прилично зрел пристап за негова возраст. оваа сезона се има подобрено во изборот на шутеви и како што можеш да видиш веднаш се познава разликата, му фали уште малце во одбрна да се подобри во одбрана па ке почнат луге да навиваат за торонтo :)


Абе не реков јас дека е лош, туку дека не е којзнае што. Без да е добар шутер за три и без да е добар одбранбен играч тешко може да биде нешто повеќе на позицијата на која игра.

Торонто се добри затоа што имаат добро разработена тимска игра и затоа што Lowry послениве 2 сезони игра како луд. ДеРозан е добар ама е само дел од тимот не ја рави разликата. Барем според мене.

From: namajkati

This Post:
00
166783.155 in reply to 166783.154
Date: 11/24/2014 7:59:34 AM
Overall Posts Rated:
33
според мене е подценет затоа што делот кај што е многу подобрен луге не го приметуваат, аваа година свесно се труди да биде по ефикасен ги нема често оние партии со 7 од 30 шута погодени. а одбрамбено 1 на 1 не е лош но позиционо знае да се губи.

From: Onisifor

This Post:
00
166783.156 in reply to 166783.154
Date: 11/24/2014 4:28:13 PM
Overall Posts Rated:
203203
Дерозан мислам дека беше во врвот на играчи кои изнудуваат лични грешки во лигата. Лани беше прв во лигата на изнудени лични во обид за шут од полудистанца. Сезонава, иако рано, повторно е меѓу врвот. Така што, не сум баш согласен дека е фер да биде вреднуван единствено како дел од тимот што не прави разлика. Она што Дерозан го работеше минатата сезона (изнудување фаули при шут од полудистанца) сезонава кај Лаури доби додадена вредност. Тука влезе и Лу Вилијамс, така што станува трејдмарк на беккортот на Рапторите во оваа рана фаза на сезоната. http://hangtime.blogs.nba.com/2014/11/13/one-stat-one-pla.... Дерозан е далеку од елитен шутер, но очекувам уште оваа сезона да има значително подобрување. Она што не очекувам од него е подобрување на креирањето на шут за соиграчи. Не е Ману ;)

Лаури е флоур џенерал и погонот на Рапторс во текот на 48 минути и тука нема збор. Забележливо е меѓутоа дека клачот е се повеќе врз грбот на Дамар. А коментарот дека Торонто имаат многу добро искомпонирана екипа е строго на место! Опасно изгледаат. Очекувам да ги видам во топ 4 тимови во Истокот на крај на регуларна сезона.


Last edited by Onisifor at 11/24/2014 4:36:08 PM

Advertisement