BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > НБА тема

НБА тема

Set priority
Show messages by
From: Xsago

This Post:
00
166783.149 in reply to 166783.146
Date: 11/17/2014 6:38:55 AM
Overall Posts Rated:
128128
Одамна јас го имам таргетирано Дејвис. Уште кога беше на колеџ имав претчувство дека е иден all time great. Сега засега во таква насока му оди кариерата. Њу Орлеанс ми се меѓу поомилените тимови и искрено оечкувам конечно да стигнат до плејофот дури и во страшниот Запад.

Други интересни екипи сезонава според мене: нормално Кливленд (иако ќе им треба време да создадат некоја хемија), Голден Стејт (новиот тренер ќе знае како да го искористи огромнот офанзивен потенцијал, а не само да бидат дефанзивна екипа), Мемфис (секогаш потценети а се можеби најдобар одбранбен тим во полседните 2-3 сезони) и Далас (офанзивниот потенцијал на екипата е страшен, а ако успее да склопи Карлајл одбрана со овие играчи можат и до титула).

Нормално за титула во комбинација ќе бидат и Клиперс (и покрај слабиот старт), Сан Антонио (толку се добри што се досадни) и Чикаго (се додека имаат функционален Роуз со оглед дека имаат огромен потенцијал во одбрана ќе бидат опасни). Нормално тука е и ОКЦ ако успее да влезе во плејофот (што не е сигурно на западот). Се зависи од тоа кога ќе се вратат од повреди Дурант и Вестбрук. Ама ако стигнат до плејофот и се здрави, ОКЦ е можеби и најјака екипа од сите.

П.С. Ама сепак моите Сиксерси се најдобри :) Ќе видите за некоја година :)

From: Onisifor

This Post:
00
166783.150 in reply to 166783.149
Date: 11/17/2014 4:21:13 PM
Overall Posts Rated:
203203
Сиксерси се очај. Не можам да верувам екипа од тој голем кошаркарски маркет да е во таква катастрофална состојба веќе неколку сезони.

Инаку, сезонава е сама по себе посластица. Романтицизам со кралеви, принцови и ренегеди. Додај на тоа див-див запад и НБА лига пас ќе му дојде некако природно :)

Моите Феникс. А, што да зборам на темава. Сега, не знам што ќе биде филмот. Бледсо со сомнително високиот договор од 70 милиони за наредните 5 сезони е проектиран за френчајз играч. Ама не е! Френчајз играч би можел да видам во Дерозан од Рапторс и не можам да разберам како Бледсо може да добие подобар договор од него. Да де, поболен сум да го видам Дорозан во дресот на Феникс. Неговиот развој е фантастичен.

From: Xsago

This Post:
00
166783.151 in reply to 166783.150
Date: 11/18/2014 11:21:32 AM
Overall Posts Rated:
128128
Не е ништо посебно ДеРозан. Не би се вознемирувал многу за него. Ама не е ни Бледсо, пред се заради сколоноста кон повреди.

Такви договори летаа летово заради проекциите за огромен раст на salary cap-от во идните 2 сезони. Главн причина за тоа е огромниот нов договор за национални ТВ права.

From: namajkati

This Post:
00
166783.152 in reply to 166783.151
Date: 11/19/2014 7:47:35 AM
Overall Posts Rated:
33
грешиш за дерозан има прилично зрел пристап за негова возраст. оваа сезона се има подобрено во изборот на шутеви и како што можеш да видиш веднаш се познава разликата, му фали уште малце во одбрна да се подобри во одбрана па ке почнат луге да навиваат за торонтo :)

This Post:
00
166783.153 in reply to 166783.152
Date: 11/19/2014 11:23:41 AM
Overall Posts Rated:
203203
Торонто ја има една од најгласните домашни поддршки. Уживање беше во плејофот да се гледа публиката надвор од сала како го бодри својот тим. Нешто слично како навивањето за нивниот, сепак, по-омилен NHL тим Toronto Maple Leafs. Инаку на твоја линија сум за Дерозан. Станува опасен клач играч и е редовно потценет.

From: Xsago

This Post:
00
166783.154 in reply to 166783.152
Date: 11/24/2014 4:31:25 AM
Overall Posts Rated:
128128
грешиш за дерозан има прилично зрел пристап за негова возраст. оваа сезона се има подобрено во изборот на шутеви и како што можеш да видиш веднаш се познава разликата, му фали уште малце во одбрна да се подобри во одбрана па ке почнат луге да навиваат за торонтo :)


Абе не реков јас дека е лош, туку дека не е којзнае што. Без да е добар шутер за три и без да е добар одбранбен играч тешко може да биде нешто повеќе на позицијата на која игра.

Торонто се добри затоа што имаат добро разработена тимска игра и затоа што Lowry послениве 2 сезони игра како луд. ДеРозан е добар ама е само дел од тимот не ја рави разликата. Барем според мене.

From: namajkati

This Post:
00
166783.155 in reply to 166783.154
Date: 11/24/2014 7:59:34 AM
Overall Posts Rated:
33
според мене е подценет затоа што делот кај што е многу подобрен луге не го приметуваат, аваа година свесно се труди да биде по ефикасен ги нема често оние партии со 7 од 30 шута погодени. а одбрамбено 1 на 1 не е лош но позиционо знае да се губи.

From: Onisifor

This Post:
00
166783.156 in reply to 166783.154
Date: 11/24/2014 4:28:13 PM
Overall Posts Rated:
203203
Дерозан мислам дека беше во врвот на играчи кои изнудуваат лични грешки во лигата. Лани беше прв во лигата на изнудени лични во обид за шут од полудистанца. Сезонава, иако рано, повторно е меѓу врвот. Така што, не сум баш согласен дека е фер да биде вреднуван единствено како дел од тимот што не прави разлика. Она што Дерозан го работеше минатата сезона (изнудување фаули при шут од полудистанца) сезонава кај Лаури доби додадена вредност. Тука влезе и Лу Вилијамс, така што станува трејдмарк на беккортот на Рапторите во оваа рана фаза на сезоната. http://hangtime.blogs.nba.com/2014/11/13/one-stat-one-pla.... Дерозан е далеку од елитен шутер, но очекувам уште оваа сезона да има значително подобрување. Она што не очекувам од него е подобрување на креирањето на шут за соиграчи. Не е Ману ;)

Лаури е флоур џенерал и погонот на Рапторс во текот на 48 минути и тука нема збор. Забележливо е меѓутоа дека клачот е се повеќе врз грбот на Дамар. А коментарот дека Торонто имаат многу добро искомпонирана екипа е строго на место! Опасно изгледаат. Очекувам да ги видам во топ 4 тимови во Истокот на крај на регуларна сезона.


Last edited by Onisifor at 11/24/2014 4:36:08 PM

This Post:
00
166783.157 in reply to 166783.156
Date: 6/26/2015 8:29:35 AM
Overall Posts Rated:
203203
Мислам дека новиот НБА драфт ни донесе неколку нови All-Star играчи.
Особено Towns од Кентаки и Okafor од Дјук.

This Post:
00
166783.158 in reply to 166783.157
Date: 6/26/2015 9:39:28 AM
Hip Hop Macedonia
II.1
Overall Posts Rated:
7575
Ова за инат не го спомна D'Angelo само да ми ги чепнеш моите Езерџии!
Претпоставка: D'Angelo - Rookie of the Year. (да не го урочам само и да не се повреди)
#dloading

This Post:
00
166783.159 in reply to 166783.158
Date: 7/14/2015 2:18:47 PM
Overall Posts Rated:
203203
Го следев и Д'Анџело. Некако впечаток е дека е малку бавен за модерен НБА плејмејкер. Има нешто во момакот, нема збор за тоа, ама доаѓа на позиција на која секоја вечер ќе мора да прикажува А игра. Мислам, дечкото треба да се бори се 15-тина врвни плејмејкери во лигата. Од друга страна го гледав и Таунс. Импресионира квалитетот што го поседува, а игра скоро подеднакво добро и напад и одбрана. За разлика од тебе јас токму кај него гледам непотребно физичко форсирање буквално во секој посед и стравувам дека ако некој од топ5 може да ја доживее баксузната судбина на Џабари или на Ембид тоа е токму Таунс. Кога веќе го спомнав Ембид, заради неговиот пех, Окафор може да се наметне како доминантна офанзивна сила меѓу дебитантите, а ROY наградите обично тие ги збираат.

Спотјалтот на дебитантите во овој период го засенија ГМ-овите и педерааната на Деандре. Мислам фраерот е опинок тежок. Коњ. Сурат. Вол. Кретен.

На другиот дел од темата, жал ми паѓа за Пол Џорџ и Лери Бирд што по заминувањето на Хиберт и Вест се претворија во потенцијален тим а-ла Њујорк Никс од лани. Со една суперстар ѕвезда и ситна боранија околу ќе се тркалаат помежу 10 и 14то место годинава. За копиљот Мело не ми е ич криво, али за Џорџ стварно ми е мака.

Во истокот прогнозирам финале Кливленд - Мајами. Очекувам Вејд да има одлична сезона, btw.
На западот Клиперс - Сан Антонио. (која прекрасна серија беше овој плејоф меѓу нив)

Перо Антиќ! Перо Антиќ! Перо Антиќ!
Фала богу од следната сезона ќе си имам друг тим за навивање.