BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > НБА тема

НБА тема

Set priority
Show messages by
From: Onisifor

This Post:
00
166783.156 in reply to 166783.154
Date: 11/24/2014 4:28:13 PM
Overall Posts Rated:
203203
Дерозан мислам дека беше во врвот на играчи кои изнудуваат лични грешки во лигата. Лани беше прв во лигата на изнудени лични во обид за шут од полудистанца. Сезонава, иако рано, повторно е меѓу врвот. Така што, не сум баш согласен дека е фер да биде вреднуван единствено како дел од тимот што не прави разлика. Она што Дерозан го работеше минатата сезона (изнудување фаули при шут од полудистанца) сезонава кај Лаури доби додадена вредност. Тука влезе и Лу Вилијамс, така што станува трејдмарк на беккортот на Рапторите во оваа рана фаза на сезоната. http://hangtime.blogs.nba.com/2014/11/13/one-stat-one-pla.... Дерозан е далеку од елитен шутер, но очекувам уште оваа сезона да има значително подобрување. Она што не очекувам од него е подобрување на креирањето на шут за соиграчи. Не е Ману ;)

Лаури е флоур џенерал и погонот на Рапторс во текот на 48 минути и тука нема збор. Забележливо е меѓутоа дека клачот е се повеќе врз грбот на Дамар. А коментарот дека Торонто имаат многу добро искомпонирана екипа е строго на место! Опасно изгледаат. Очекувам да ги видам во топ 4 тимови во Истокот на крај на регуларна сезона.


Last edited by Onisifor at 11/24/2014 4:36:08 PM

This Post:
00
166783.157 in reply to 166783.156
Date: 6/26/2015 8:29:35 AM
Overall Posts Rated:
203203
Мислам дека новиот НБА драфт ни донесе неколку нови All-Star играчи.
Особено Towns од Кентаки и Okafor од Дјук.

This Post:
00
166783.158 in reply to 166783.157
Date: 6/26/2015 9:39:28 AM
Hip Hop Macedonia
II.1
Overall Posts Rated:
7575
Ова за инат не го спомна D'Angelo само да ми ги чепнеш моите Езерџии!
Претпоставка: D'Angelo - Rookie of the Year. (да не го урочам само и да не се повреди)
#dloading

This Post:
00
166783.159 in reply to 166783.158
Date: 7/14/2015 2:18:47 PM
Overall Posts Rated:
203203
Го следев и Д'Анџело. Некако впечаток е дека е малку бавен за модерен НБА плејмејкер. Има нешто во момакот, нема збор за тоа, ама доаѓа на позиција на која секоја вечер ќе мора да прикажува А игра. Мислам, дечкото треба да се бори се 15-тина врвни плејмејкери во лигата. Од друга страна го гледав и Таунс. Импресионира квалитетот што го поседува, а игра скоро подеднакво добро и напад и одбрана. За разлика од тебе јас токму кај него гледам непотребно физичко форсирање буквално во секој посед и стравувам дека ако некој од топ5 може да ја доживее баксузната судбина на Џабари или на Ембид тоа е токму Таунс. Кога веќе го спомнав Ембид, заради неговиот пех, Окафор може да се наметне како доминантна офанзивна сила меѓу дебитантите, а ROY наградите обично тие ги збираат.

Спотјалтот на дебитантите во овој период го засенија ГМ-овите и педерааната на Деандре. Мислам фраерот е опинок тежок. Коњ. Сурат. Вол. Кретен.

На другиот дел од темата, жал ми паѓа за Пол Џорџ и Лери Бирд што по заминувањето на Хиберт и Вест се претворија во потенцијален тим а-ла Њујорк Никс од лани. Со една суперстар ѕвезда и ситна боранија околу ќе се тркалаат помежу 10 и 14то место годинава. За копиљот Мело не ми е ич криво, али за Џорџ стварно ми е мака.

Во истокот прогнозирам финале Кливленд - Мајами. Очекувам Вејд да има одлична сезона, btw.
На западот Клиперс - Сан Антонио. (која прекрасна серија беше овој плејоф меѓу нив)

Перо Антиќ! Перо Антиќ! Перо Антиќ!
Фала богу од следната сезона ќе си имам друг тим за навивање.