BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > НБА тема

НБА тема

Set priority
Show messages by
This Post:
00
166783.159 in reply to 166783.158
Date: 7/14/2015 2:18:47 PM
Overall Posts Rated:
203203
Го следев и Д'Анџело. Некако впечаток е дека е малку бавен за модерен НБА плејмејкер. Има нешто во момакот, нема збор за тоа, ама доаѓа на позиција на која секоја вечер ќе мора да прикажува А игра. Мислам, дечкото треба да се бори се 15-тина врвни плејмејкери во лигата. Од друга страна го гледав и Таунс. Импресионира квалитетот што го поседува, а игра скоро подеднакво добро и напад и одбрана. За разлика од тебе јас токму кај него гледам непотребно физичко форсирање буквално во секој посед и стравувам дека ако некој од топ5 може да ја доживее баксузната судбина на Џабари или на Ембид тоа е токму Таунс. Кога веќе го спомнав Ембид, заради неговиот пех, Окафор може да се наметне како доминантна офанзивна сила меѓу дебитантите, а ROY наградите обично тие ги збираат.

Спотјалтот на дебитантите во овој период го засенија ГМ-овите и педерааната на Деандре. Мислам фраерот е опинок тежок. Коњ. Сурат. Вол. Кретен.

На другиот дел од темата, жал ми паѓа за Пол Џорџ и Лери Бирд што по заминувањето на Хиберт и Вест се претворија во потенцијален тим а-ла Њујорк Никс од лани. Со една суперстар ѕвезда и ситна боранија околу ќе се тркалаат помежу 10 и 14то место годинава. За копиљот Мело не ми е ич криво, али за Џорџ стварно ми е мака.

Во истокот прогнозирам финале Кливленд - Мајами. Очекувам Вејд да има одлична сезона, btw.
На западот Клиперс - Сан Антонио. (која прекрасна серија беше овој плејоф меѓу нив)

Перо Антиќ! Перо Антиќ! Перо Антиќ!
Фала богу од следната сезона ќе си имам друг тим за навивање.