BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > National Team Debate Thread

National Team Debate Thread (thread closed)

Set priority
Show messages by
From: Xsago
This Post:
00
148654.16 in reply to 148654.14
Date: 6/30/2010 2:40:51 PM
Overall Posts Rated:
128128
Znaci vaka ocigledno mnogu nejasnotii ima pa da gi razjansime:

1. Dimac (kako i ostanatite U21 scouti) pomagase vo skoro site sferi na mladinskata reprezentacija (skautiranje na protivnici, soveti za taktika, kontakti so menadzeri itn.) sto znaci deka ima nekakvo iskustvo vo rabota so reprezentacii
2. Dimac ne nastapuva sam. Site nie ke mu pomagame celosno (stretegija, scouting na protivnici i sl. i ke go sovetuvame). Normalno negova e odlukata, no podobro od toa nikoj sam nema da smisli.
3. Ne gi potcenuvajte dvata najbitni elementi na funkcijata selektor (voedno i najteski):
- kontakt so menadzerite na klubovite na igracite. Potrebna e odlicna komunikacija so cel odrzuvanje na formata na igracite na visoko nivo, a vo odredeni slucai i trening spored potrebite (osobeno ako ima potreba nekoj igrac da trenira izdrzlivost)
- posvetenost na reprezentacijata sto se sostoi vo imanje vreme za scouting, pisuvanje poraki, pravenje na postovi na forumite, zelba za komunikacija i prifakanje na soveti od bilo kogo.
Ovie dva faktori dimac sovrseno gi zadovoluva.

I na kraj nema nikakvo forsiranje nitu diskriminiranje na nikogo. Ne mi e jasno sto bi mozel bilo koj da dobie od toa nekoj da e selektor. Site dobivame ako e uspesen.

I eden apel da se kandidiraat site onie sto mislat deka mozat da bidat selektori. Kolku pogolem izbor imame, tolku pogolem ke bide kvalitetot na izbraniot selektor. Celta e da se izbere najkvaliteten mozen selektor od onie koi se zainteresirani. Malku e zalosno sto dosega nikoj osven dimac ne projavil interes...

Last edited by Xsago at 6/30/2010 2:41:26 PM

This Post:
00
148654.17 in reply to 148654.15
Date: 6/30/2010 3:03:31 PM
Overall Posts Rated:
1212
И јас така мислам,можеби они од стручниот штаб ќе го поддражат меѓутоа оѓекувам најмалку 40 гласања.Значи секој што сака може да се кандидира и ако биде убедителен може да добие најмногу гласови.Мислам дека едно е да се води тим а сосем друго да се води репрезентација.Тимот се создава со месеци, од умешноста на менаџерот зависи колку бргу ќе напредува.Додека водењето на репрезентацијата е сосем друго ,на располагање има веќе оформени играчи и од нив треба да го извади најдоброто.И јас мислам дека најважно за некој да ја води репрезентацијата е да има воља и време .
Најубаво би било да има што повеќе такви луѓе ,да се кандидираат па да можеме да бираме помеѓу повеќе кандидати.Младите( во смисла на времетраење на играње на играва)повеќе гризаат во играва,поамбициозни се,додека оние од старата гарда како што се "амбициозни" слободно моќат да одат во пензија. :))))))))
Tosebog ако те избереме тебе кој ќе ја води репрезентацијата ти или братучедот хехе
Ова беше мала шега се надевам не се лутиш
Поздрав,и луѓе кандидирајте се да имаме поголем избор.

This Post:
00
148654.18 in reply to 148654.17
Date: 6/30/2010 4:56:59 PM
Overall Posts Rated:
203203
dimac мора да има напад на икање деновиве :) ама колку што го познавам тој не е човек кој на се придава лично значење и не би се налутил на тоа. Затоа решив да почнам со ова. Апелирам до сите да се воздржите од лични дискфалификации и да го задржите нивото на комуникација на коректно ниво. Да разговараме за суштински работи, а не за работи од лична природа. Ако некој има желба да ја води репрезентацијата и напише говор во кој наведува кои му се приоритетите, не е фер од нас комотно да даваме коментари со кои му даваме „сопки уште на старт“. dimac сака да работи нешто што и не мора да го работи. Тоа го прави затоа што навистина сака да го работи. Истото ова важи и за секој друг менаџер кој ќе реши да се кандидира и напише говор. Јас ги поздравувам сите кои ќе изразат искрена желба да ја водат репрезентацијата. Во искрените намери на dimac не се сомневам.

Сега би пристапил кон суштинското.
Со dimac, како дел од целиот скаут тим на У21 репрезентацијата, соработувавме буквално секој ден. Темите на кои дискутиравме беа најразлични. Од општите теми како тренинг, напаѓачка тактика, одбрамбена тактика, менаџирање на една тимска сезона, принципите на Game Engine-от, до многу поспецијализирани теми како што се изработка на стратегија на младинската репрезентација, контактирање со огромен број менаџери од Македонија и странство кои во своите тимови имаат талентирани македонски играчи, прашањата како да се одигра во следниот меч на репрезентацијата и многу други. Сето ова dimac го работи на доброволна база. Наместо тој да си седи настрана и да си го води својот тим, тој одлучи да посвети време и на работи кои не мора да ги работи. Оваа негова карактеристика на трудољубивост и посветеност јас навистина високо ја вреднувам, и тоа е една од причините зошто би ја поддржал неговата кандидатура.

Понатаму, иако многу менаџери мислат дека неговото искуство е премало за да биде добар селектор, јас само би сакал да потврдам дека dimac многу брзо напредува во разбирањето на играта, и неговите тактички способности се на сосема задоволително ниво. Xsago спомна за тимскиот пристап во водењето на репрезентацијата, и јас само би го реафирмирал неговиот став дека тимската работа носи резултати. Без двоумење изјавувам дека целиот скаут тим и понатаму ќе работи тимски и во интерес на репрезентацијата.

Неколку пати претходно беше споменето. Клучно во водењето на репрезентацијата е волјата да се прави тоа и времето кое еден менаџер е спремен да го посвети. dimac дефинитивно е менаџер кај кој овие два сегменти се гарантирано застапени.

Од овие (и од многу други) причини, dimac ја има мојата поддршка во неговата кандидатура за селектор на националниот тим.

This Post:
00
148654.19 in reply to 148654.18
Date: 6/30/2010 6:00:59 PM
Overall Posts Rated:
2727
E сега вака, се откажав од кандидат за селектор на Барбадос, еве тука се кандидирам за селектор, и ако знам дека нема да добијам гласови, но сепак се кандидирам. А еве зошто ја прифакам одговорноста да ја водам репрезентацијата, бидејки како прво се осекам многу по способен од Dimac, и пред се сигурно ке имаме подобра репрезентација, Dimac има поддршка од скаутите, кој го поддржуваат, и тоа ме радува, и јас до мене и со мене имам кој ке ми помага многу во водењето на репрезентацијата, што Bobans заборави на неговите помагања, и едино ако сака тоа да го каже дека немал помош од тој менаџер.

Еве кои се моите тактики за водење на една репрезентација, како прво би соработувал со селекторот од Младинската репрезентација, доколку тој би сакал да соработува со мене, би се консултирал со него за секој играч од младинската репрезентација, колку е, и до каде е некој играч со играта, колку е способен за преогање во највисокото достигнување за еден играч, ке се залагам со активност во играта и повеке од она што треба за водење на еден тим во играта, буквално речено, ке го запоставам мојот тим, за да ја водам репрезентацијата достојно, како што треба да се представиме пред другите репрезентации и да го постигнам она што до сега не им тргнало од рака на многуте селектори, јас ке се потрудам, да ги надминам сите, и да бидам првиот во играта што постигнал многу нешто со нашата селекција.

Ке прифакам буквално се, и лошо и добро од сите менаџери на играта, нема да потценам никој, бидејки штом некој води тим во оваа игра, значи има некое познавање од играта, па дури би прифатил помош и од послаби тимови од послаби лиги, а тоа значи дека, секој може да ми даде сугестија за репрезентацијата, ако е добро за напредување на репрезентацијата, со гордост ке ја прифатам, нема да гледам на тоа, дека некој е од пониска лига, и што знае тој.

Ке се борам да ја доведам репрезентацијата бар до првите 30, секогаш ке барам нови тактики за игра.
Еве толку, без потребно се залагам, да пишувам цели стории, кога се знае, кој ке биде идниот селектор, па еве изберете, ако сакате пропаст на репрезентацијата.

This Post:
00
148654.20 in reply to 148654.19
Date: 7/1/2010 11:17:10 AM
Overall Posts Rated:
1212
Бидејќи еве има неколку кандидати би сакал да им поставам неколку прашања ,сите да одговорат како би ни било полесно да избереме за кого ќе гласаме.Се однесува за сите кандидати:

1.Ако е можно процентуално да кажете колку ја имате совладано ББ.
2.Наведете барем 2 утакмици каде што сте биле послаб противник а со својата правилно избрана тактика сте успеале да победите.
3.Колку утакмици на ББ репрезентацијата сте следеле во живо?(не мора точна бројка туку округло)
4.КОлку сте активни во форумот на вашата лига ,а колку на националниот форум?
5.Дали досега сте се понудиле да помогнете на некој од помладите играчи на ББ?
6.Кои помошни програмчиња ги користите за подобро водење на тимот?
7.Колку странски јазици зборувате?(потребно е за комуникација со менадџерите од другите држави)
8.Дали мислите дека досега требаше да имате поголем успех со вашите екипи или го извлековте максимумот што можевте?

Засега толку се надевам дека ќе одговорите,а дека и останатите менџери ќе поставуваат прашања.
поздрав

This Post:
00
148654.21 in reply to 148654.20
Date: 7/1/2010 12:08:35 PM
Overall Posts Rated:
2727
1.Ако е можно процентуално да кажете колку ја имате совладано ББ.
2.Наведете барем 2 утакмици каде што сте биле послаб противник а со својата правилно избрана тактика сте успеале да победите.
3.Колку утакмици на ББ репрезентацијата сте следеле во живо?(не мора точна бројка туку округло)
4.КОлку сте активни во форумот на вашата лига ,а колку на националниот форум?
5.Дали досега сте се понудиле да помогнете на некој од помладите играчи на ББ?
6.Кои помошни програмчиња ги користите за подобро водење на тимот?
7.Колку странски јазици зборувате?(потребно е за комуникација со менадџерите од другите држави)
8.Дали мислите дека досега требаше да имате поголем успех со вашите екипи или го извлековте максимумот што можевте?

Eve jas ke bidam prv:

1. Ja imam dosta sovladano, pa nekade, da ne preteram ama sigurno edno 95 %.
2. http://www.buzzerbeater.com/match/20754697/boxscore.aspx---http://www.buzzerbeater.com/match/22878428/boxscore.aspx
3. 2 do 3
4. Nema sto da vi objasnuvam, me znaete kolku sum aktiven na forumi, i tamu i tamu
5. Jas licno ne, no imam pomosnik, sto licno na Bobans mu ima pomagano vo igraci, ako saka samo toj da potvrdi na ova
6. Tuka ne bi sakal da kazam, bidejki po moe ke otkrijam na drugite kandidati
7. Samo edno ke kazam, sum preveduvac na edna online igra.
8. Pa se razbira, dve sezoni po red, mi bega vlez vo ftora liga, vleguvam vo igra na plej-off i tamu nemam sreka.

EDIT: не сакам да ти го бришам целиот пост, затоа го избришав делот каде што објаснуваш за таа онлајн игра.

Last edited by Onisifor at 7/2/2010 12:42:15 AM

From: dimac

This Post:
00
148654.22 in reply to 148654.20
Date: 7/2/2010 2:28:59 AM
The Black Ice
II.1
Overall Posts Rated:
123123
Second Team:
dragonfly18
Здраво. Ви ги праќам моите одговори.

1. Противниците треба да кажат колку ја знам играта.
2. http://www.buzzerbeater.com/match/20753985/boxscore.aspx
http://www.buzzerbeater.com/match/20754132/boxscore.aspx
3. 5-6 а можно е и повеќе
4. Претежно сум активен на националниот форум.
5. Секако, секој што се обратил кај мене гледам да му помогнам
6. Coach Parrot, BuzzerControl, salary calculator
7. Англиски во секојдневна употреба, за останатите јазици google translate.
8. Отприлика 90% од потенцијалот на тимот.

This Post:
00
148654.23 in reply to 148654.22
Date: 7/2/2010 3:59:50 AM
Overall Posts Rated:
00
1.Pa procentualno okolu 91-2 :))
2.macemin-Golden Waroirs-91-92 mnogu jak protivnik
Golden Waroirs-macemin-100-93 isto protiv toj tim
3.5-6
4.na forumite sum pretezno aktiven
5.DA,sum pomagal na dosega mnogu timovi od III.liga
6.BuzzerControl,Buzzer Player salary calculator
7.Angliski,Srpski,Hrvatski,CrnoGorski:)), a za drugive GOOGLE Translate :)))
8.Pa...okolu 80% od potencijalot na timot

pozzdrav

This Post:
00
148654.24 in reply to 148654.23
Date: 7/2/2010 9:49:50 AM
Overall Posts Rated:
1212
Znaci deckive si ja svatile kanidaturata ozbilno,zadovolen sum sto site odgovorija ,del od odgovorite mozam da gi proveram kolku se verodostojni i ke se odlucam za kogo ke glasam.Ocekuvam prasanja i od drugite igraci narocito od onie poiskusnite.(koi za zal posledno vreme se odnesuvaat premnogu indolentno sprema igrava t.e BB Makedonija)