BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > Прашајте ги ББ-лицата

Прашајте ги ББ-лицата

Set priority
Show messages by
This Post:
00
209543.16 in reply to 209543.15
Date: 2/21/2012 6:59:50 AM
Overall Posts Rated:
2929
Gledam no ne razbrav nisto. Ako moze seto toa da go prevedete. Ke mi zavrsite golema rabota.

From: Dadimo

This Post:
00
209543.17 in reply to 209543.16
Date: 3/21/2012 5:23:20 AM
Overall Posts Rated:
5555
Дали може да воведат Supporter за еден месец, имам направено 2 SMS трансакции до сега но за Supporter од 3 месеци ми требаат уште 13 такви трансакции што се многу пари :(
Ако не се лажам преку картичка цената е двојно помала но немам кредитна картичка моментално.

From: Dadimo
This Post:
00
209543.18 in reply to 209543.17
Date: 3/28/2012 5:55:55 AM
Overall Posts Rated:
5555
Мора нешто да сменат во врска со играчите со големи плати, 75% од нив играгаат во најслабите светски тимови од најниските лиги во некои земји наместо да биде обратно. Дремат на ТЛ, се шетаат од тим во тим секоја недела и сето ова е еден голем апсурд на играва и се губи смислата на постење врвни играчи. Еве и јас иако сум стабилен прволигаш веќе подолго време проблем ми е да имам играч со плата како Mlinarevic а ако пребарувате играчи на ТЛ со поглема плата од 200К-300К ќе видите голем број квалитетни играчи кои најчесто завршуваат во некои мизерни тимови кои не пазат ни на нивната форма па на селекторите да не си им во кожа.

Last edited by Dadimo at 3/28/2012 6:03:44 AM

From: Dadimo

This Post:
00
209543.19 in reply to 209543.18
Date: 3/28/2012 6:21:44 AM
Overall Posts Rated:
5555
Мој предлог кој можеби ќе го реши овој проблем е да се воведе некоја пропорционална врска меѓу вкупната сума на плати за играчи во тимот со продажбата на дресови, а ако игра во НТ или е домашен играч нека се има додатен бонус. Супер е што воведоа минимална вкупна плата за играчи во секоја лига но мора да најдат начин како најквалитетните играчи да ги сместат во квалитетните тимови во светот.
Ако мислите дека оваа идеја е добра и може во пракса да функционира а мислам дека може тогаш некој нека го преведе ова и нека постира на соодветната тема од глобалниот форум.

Last edited by Dadimo at 3/28/2012 6:23:22 AM

From: Xsago

This Post:
00
209543.20 in reply to 209543.18
Date: 3/28/2012 6:30:54 AM
Overall Posts Rated:
128128
Ima dva momenti vo odnos na ova prasanje:

1. Skoro i da nema bek koj "seta" od klub vo klub na TL. Platite na jakite bekovi se izdrzlivi.

2. Centrite so visoki plati koi nikoj ne gi saka generalno se centri so mnogu visoki primarni skillovi, a niski sekundarni skillovi. Pricinata za ova e mnogu ednostavna vlijanieto na sekundarnite skillovi kaj vnatresnite igraci e mnogu pogolemo od vlijanieto na sekundardnite skillovi kaj nadvoresnite. Pricinata za ova e vsusnost ednostavna: Postojat poveke primarni skillovi za bekovi otkolku za centri (6 nasproti 4) ili barem taka site si mislime. Za da se izgradi pravilen centar potrebno e da se treniraat dosta bekovski vestini no retko koj go pravi toa.

Na primer za PF isklucitelno vazen e negoviot JS skill. Za centar se mnogu vazni HN i PA itn.

Kako i da e potrebno e da se balansira finansiski igrata i da se motiviraat menadzerote da gi treniraat pravilno svoite igraci. Mislam deka so vovedeniot vkrsten trening del od ovie problemi ke se razresat.


From: Dadimo

This Post:
00
209543.21 in reply to 209543.20
Date: 4/1/2012 5:42:54 AM
Overall Posts Rated:
5555

1. Skoro i da nema bek koj "seta" od klub vo klub na TL. Platite na jakite bekovi se izdrzlivi.

Не е баш така, поретки се бековите од центрите но има доста квалитетни бекови (добар дел од нив и репрезентативци) кои често ги гледам на ТЛ. Еве само еден пример ќе ти дадам, добро познатиот за нас Casale откако го продадов 5-6 пати се појави на ТЛ, смени 3-4 клуба за една сезона а е репрезентативец (моментално не е поради формата и баш затоа што е често на ТЛ). Не е точно дека платите на квалитетните бекови се издржливи, плата 200К+ е проблем за секој клуб кој сака да има квалитетен балансиран тим со пристојна клупа но факт е дека платите на бековите се нешто пониски од тие на центрите.


2. Centrite so visoki plati koi nikoj ne gi saka generalno se centri so mnogu visoki primarni skillovi, a niski sekundarni skillovi.

Kako i da e potrebno e da se balansira finansiski igrata i da se motiviraat menadzerote da gi treniraat pravilno svoite igraci. Mislam deka so vovedeniot vkrsten trening del od ovie problemi ke se razresat.

Не мислев на центрите со високи центарски скилови а голи на бековски, за таквите имам разбирање но за квалитетните центри кои имаат пристојни бековски скилови и добар дел од нив се репрезнтативци безсмислено е да се шетаат секој недела од шпански петолигаш во италјански петолигаш па во потругалски четвртолигаш итн. наместо за нив да се тепаат најдобрите светски тимови . Јас барем 2-3 месеци ја набљудувам ТЛ и сум многу компетентен да зборам за нејзе, ако не ти се верува може и линкови до играчи да ти праќам.
Вкрстениот тренинг нема многу да смени зошто се случува премногу ретко и слободно може да го прекрстат во инцидент-тренинг, а точно е дека има квалитетни играчи со помали плати, внимателно тренирани, но таквите се многу скапи на ТЛ.
Конечно, друга ми беше поентата, најдобрите светски тимови бегаат од играчите со високи плати и тоа е најголемиот апсурд во играва. Погледнете ги ТОП 10 тимовите во светот, сите играчи им се со плати помали од 200К. Имањето играч со висока плата е проблем во оваа игра а не предност. Едноставно кажано, сега јас место Mlinarevic да имав 2-3 играчи со околу 100К плата ќе бев далеку поквалитен и ќе имав многу повеќе тактички опции.
Мора да се најде начин како квалитетните играчи со високи плати да бидат помало економско оптоварување и за нив да се борат најдобрите светски тимови а не да биде обратно.

Last edited by Dadimo at 4/1/2012 6:00:30 AM

From: gorge

This Post:
00
209543.22 in reply to 209543.21
Date: 4/1/2012 5:56:06 AM
Overall Posts Rated:
1111
Tocno e, na primer eve kaj nas da imas i 20m vo geb nemozis da napravis petorka so navistina kvaltetni igraci bidejci nema da mozes da gi balansiras prihodite i rashodite :)
Eve za primer poglednete go turcinot (70271) koj e moj favorit za osvojuvanje na B3 ovaa sezona samo plata na igraci 1.615.000 bez strucniot stab znaci okolku 1.7m nedelen rashod odnosno trosok. Se oblozuvam deka nema povece prihodi od 1.1 ili 1.2m znaci okolu polovina milion e vo zaguba sekoja nedela.
Za da izdrzi edna solidna sezona na uspesi treba odnapred da ima podgotveno 7-8m za frlanje a racunajte i na parite koi gi potrosil za zasiluvanja odnosno mega zasiluvanja :)


Last edited by gorge at 4/1/2012 5:57:57 AM

From: Dadimo

This Post:
00
209543.24 in reply to 209543.22
Date: 4/1/2012 6:53:19 AM
Overall Posts Rated:
5555
Баш така, ако сакаш супер успешна сезона, особено во Б3 треба да собираш пари многу сезони, при тоа за да ги купиш ѕверовите нема да ти требаат многу пари бидеќи нивната цена на ТЛ е околу 500К но нека ти е господ на помош со неделните трошоци :)

From: Dadimo

This Post:
00
209543.25 in reply to 209543.23
Date: 4/1/2012 7:58:16 AM
Overall Posts Rated:
5555
Тука не станува збор за фарми, ако е фарма нема играчот да се шета секоја недела од клуб во клуб, ќе се пази на неговата форма бидеќи повеќето такви играчи се репрезентативци и земјата на играчот со земјата на тимот ќе бидат исти што е редок случај. Неможе петтолигаш од Италија да биде фарма за НТ на Шпанија, нема логика. Станува збор за нови неискуни менаџери кои гледаат шанса за мали пари да купат екстра играчи а своето елементарно непознавање на играва го покажуваат со тоа што овие играчи ги стваат и на пријателски па освен што им ја убиваат формата со 100+ неделно одиграни минути безпотребно ризикуваат и да им се повреди играчот.
Ако веќе сакаме да правиме споредба со реалниот свет и НБА само да те потсетам дека Леброн Џејмс, Коби Брајнт и другите суперѕвезди играат во НБА а не во некои нисколигаши. Се согласувам со тебе дека треба да се ограничи ростерот кај најбогатите тимови зошто така им се дава шанса на поновите тимови да ги стигнат по квалитет постарите ама ова не е начин. Поприфатливо за мене ќе биде најдобрите играчи во играва да бидат скоцентрирани во најдобрите светски тимови од тоа како што е сега, крајно безсмислено.
За Млинаревиќ веќе подолго време се борам со дилемата дали да го продадам или не. Од една страна се работи редок и уникатен центар, за овие 2-3 месеци на ТЛ видов само уште двајца такви квалитетни центри со слична плата, кои можат подеднакво квалитетно да одиграат и како КЦ, плус вложив многу пари за него па затоа тешко се решавам да го ставам на ТЛ а е дел од мојата идеја да направам тим со кој ќе се борам за титули. Од друга страна имам слаби приходи и неговата плата ми прави проблеми да направам тим каков што сакам па прашање е на време кога ќе то ставам на ТЛ, како поминува времето се повеќе мислам дека подобро е место него да имам 2-3 други квалитетни играчи со помали плати. Сепак имај во предвид дека последниве неколку сезони резултатите не ми се во прв план, пробувам рзлични опции, експериментирам и со играчи и со тактики кога можам. Целта ми е да бидам меѓу најдобрите 2-3 тима во МКД а меѓудругото поентата на овие мои постови е тоа што е нелогично долгогодишен прволигаш на една земја да неможе да си дозволи играч со таква плата, да не збориме за центри со 400К или не дај боже 500К.


Last edited by Dadimo at 4/1/2012 8:02:00 AM

Advertisement