BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > Nagradi S20

Nagradi S20

Set priority
Show messages by
From: Xsago

This Post:
00
222931.16 in reply to 222931.15
Date: 8/13/2012 11:32:57 AM
Overall Posts Rated:
128128
Ako mislis deka e podobro da ne postojat nagradi ne mora ni da gi ima. Trudot sto go vlozuvaat odredeni luge za da se organiziraat nagradite moze da bide iskoristen za mnogu popametni raboti ako smetate deka e beskorisen.

Nedelite koi se propustaat od ocigledni i pogore navedeni pricini se poslednite nekolku nedeli od sezonata koga i onaka cesto se trenira izdrzlivost i slobodni frlanja (ne daj boze forma), skillovi koi ne se vbrojuvaat vo naprednatite bidejki se so pomala vaznost za nagraduvanje na treneri na mladi igraci. Moznosta za promasuvanje koj da bide nagraden e minimalna. Nieden metod ne e sovrsen.

From: Dadimo

This Post:
00
222931.17 in reply to 222931.16
Date: 8/13/2012 12:12:54 PM
Overall Posts Rated:
5555
Ako mislis deka e podobro da ne postojat nagradi ne mora ni da gi ima.

Во многу наврати сум го кажал тоа и пак ќе го кажам ако треба, наградите целосно ги подржувам и треба да продолжат. Целта на овие награди, барем јас како што ги доживувам е да се следи напредокот на нашите таленти и да се наградат најдобрите, а со оглед на тоа што BuzzerBeater ѕвездите својот најголем напредок го имаат токму во оваа возраст која е опфатена со наградите 18-21 тогаш дефинитивно може да кажеме дека наградите се полн погодок за подобра иднина на нашите репрезентации.
Но тоа што неможам да го сфатам и е крајно котрадикторно ти уште еднаш го напиша во овој дел:

Nedelite koi se propustaat od ocigledni i pogore navedeni pricini se poslednite nekolku nedeli od sezonata koga i onaka cesto se trenira izdrzlivost i slobodni frlanja (ne daj boze forma), skillovi koi ne se vbrojuvaat vo naprednatite bidejki se so pomala vaznost za nagraduvanje na treneri na mladi igraci.

Прво ги игнорирате неделите после наградите до почетокот на новата сезона а после тоа викате дека добар дел од овие недели се користат за тренирање на слободни и издржливост. Ако веќе не ги броите овие скилови (слободни и издржливост) во што ве подржувам зошто тогаш не ги стимулирате менаџерите да тренираат други вештини па да ги вреднувате и овие недели, а не ги игнорирате со што сте многу контрадикторни. Тие што тренираат до двајца играчи можат да си продолжат со еднопозициски тренинг и во овој период а другите можат овие недели да ги искористат за тренирање вештини кои се тренираат двопозициски (скок шут и 1на1) како што беше мојот случај претходната сезона кога ги тренирав овие вештини и во еден тренинг добив 5 стрелки (3 кај Жуна и 2 кај Ализоти).
И за крај тоа што уште не си го кажал и за мене сеуште не е јасно, што е проблемот да се прифати мојот предлог кој секако дека е поправилен а не е тешко да се спроведе. Ги скаутирате играчите за да ги наградите, ги чувате нивните скилови на посебно место и спрема тие скилови споредувате кога ќе дојдат следните награди. Нормално ова не важи за 18-годишните. Не гледам тука никаков проблем за да се сработи тоа а се вреднува напредкот од едни награди до други односно целосно.

Last edited by Dadimo at 8/13/2012 12:13:15 PM

From: Xsago

This Post:
00
222931.18 in reply to 222931.17
Date: 8/13/2012 12:41:54 PM
Overall Posts Rated:
128128
Poveke pricini ima koi se problematicni vo tvojata zelba:

1. Draftot. Na draftot se pojavuvaat podednakvo 18 i 19 godisni igraci tocno vo prvata nedela. Onie 19 godisni igraci koi dosle od draftot prakticno e nevozmozno da dobijat nagrada ako ne zapocnuva dodeluvanjeto na nagradite so pocetokot na novata sezona.

2. Golemiot broj na transferi na igraci koi se pojavuaat neposredno pred plejofot na krajot na sezonata i uste poveke na pocetokot na novata sezona. Besmisleno e da se nagraduvaat ili sprotivno da ne se nagraduvaat igraci koi menuvale treneri (gazdi)

3. Promena na selektor na sekoi 2 sezoni. Ova zasega ne bilo nekoj seriozen problem no moze i toa kako da bide.

4. Sporeduvanje na skillovite pomegu nagradi namesto pomegu sezoni sozdava i dosta logisticki problemi za sledenje na napredokot na poedini igraci (sezona e edinstvenata logicna celina vo BB), kontaktiranje so gazdite i sl.

Pricina za voveduvanje na promenata: Moznosta slucajno da se dobie skill+ poveke od ostanatite mladi igraci vo tie 3 nedeli koi ne se zemaat vo predvid (klucniot zbor e vestina poveke zatoa sto i drugite igraci napreduvaat vo tie nedeli. I nivniot napredok vo tie nedeli ne se smeta).

I na kraj kraista najbitno e mozebi ova:

- Statisticki po dovolno sezoni verojatnosta za greska i "nenagraduvanje" e ista za site
- Pravilata se isti za site, ednostavni za sledenje, prifakanje i sfakanje

Spored mene ova e poslednoto e najvazno. Pravilata se isti za site.

Na kraj i kraista pravilata moze da se promenat. No treba mnozinstvoto na zaednicata da misli taka. Zasega poplakite za ovoj sistem se minimalni. Ako se smeni kojznae tie moze da bidat mnogu poveke.

P.S. Sto pravime ako vo razlicni sezoni vo razlicna nedela mora da bidat organizirani nagradite (pogolemi uspesi sto vodat do pomalku prijatelski, otsustvo na selektorot i sl.)?

Last edited by Xsago at 8/13/2012 12:42:09 PM

From: Dadimo

This Post:
00
222931.19 in reply to 222931.18
Date: 8/13/2012 1:31:06 PM
Overall Posts Rated:
5555

1.Na draftot se pojavuvaat podednakvo 18 i 19 godisni igraci tocno vo prvata nedela.
2. Besmisleno e da se nagraduvaat ili sprotivno da ne se nagraduvaat igraci koi menuvale treneri (gazdi)
3. Promena na selektor na sekoi 2 sezoni. Ova zasega ne bilo nekoj seriozen problem no moze i toa kako da bide.
4. Sporeduvanje na skillovite pomegu nagradi namesto pomegu sezoni sozdava i dosta logisticki problemi za sledenje na napredokot na poedini igraci (sezona e edinstvenata logicna celina vo BB), kontaktiranje so gazdite i sl.


1. Комплетно заборавив дека може да се појават и 19-годишни од драфотот кои би можеле да бидат потенцијал за репрезентација. Во поголемите земји мислам дека ваквите играчи комплетно се игнорираат но ние сме мала земја па може и меѓу нив да добиеме некој иден репрезентативец.
2. За ова нема потреба да се замарате, преку наградите треба да се стимулираат манаџери кои долгорочно ќе го тренираат играчот, ако се реши да го продаде тоа е негов проблем, а ако некој купи на готово награден играч тој веќе платил одредена цена зошто играчот го купил поскапо бидеќи бил репрезентативец па наградата нека му биде стимул за да продолжи таму кај што застанал претходниот менаџер.
3. Помислив на ова и можеби најдобро ќе биде барем У21 селекторот задолжително да биде од скаутинг тимот или барем да се обврзи на соработка со истиот додека е селектор.
4. Е тука баш мислам дека ќе ви биде поедноставно зошто така нема да имате потреба да ги скаутирате играчите на почетокот од сезоната зошто вие веќе ги имате скиловите од последните награди и спрема тоа ќе споредувате. На почеток за сезона единствено ќе морате да ги повикате новите играчи од драфтот но со самото тоа што се појавуваат и 19-годишни таленти како што беше спомнато во точка 1 се согласувам дека е проблем да се прифати мојот предлог.
Како и да е, и двајцата се согласивме со тоа дека правилата за сите играчи се исти, и немам никаков проблем ако останат како до сега. Оваа сезона дојде до недорабирање зошто мислев дека ги броите стрелките од награди до награди, ама сега ги разјаснивме правилата и не очекувам недоразбирања во иднина :)

П.С. Мислам дека не менува ништо дали наградите ќе бидат порано или подоцна во сезоната зошто за сите играчи важи истото.

Last edited by Dadimo at 8/13/2012 1:35:23 PM

This Post:
00
222931.20 in reply to 222931.18
Date: 8/13/2012 2:08:31 PM
Overall Posts Rated:
203203
Ама момци, во изборот на наградените има повеќе критериуми, не само напредокот од претходната сезона. Всушност, скаутинг тимот отсекогаш како прворангиран критериум го земал моменталното ниво на вештините на играчот. Ајде да се присетиме на оригиналната идеја од Сезона 12 (142585.1):

Критериуми за избор
1. Вештини (скилови) на играчот
2. Позиција на која игра
3. Потенцијал на играчот

Ќе се изберат играчи од различни позиции. Никогаш нема да се случи во една категорија сите избрани играчи да бидат центри (или само бекови). Целта е да избереме најдобри играчи барем од две позиции.


Во Сезона 12 не сме предвиделе број на зелени стрелки како критериум. Сме сметале дека првиот критериум е доволен одраз на тоа како играчот бил трениран. Меѓутоа заради дилемата: што да се прави со двајца играчи кои имаат идентични „поени“ во критериумот 1, 2 и 3, веќе следната сезона воведовме критериум бр.4.
Така, во Сезона 13 (154386.1):

Критериуми за избор
1. Вештини (скилови) на играчот
2. Позиција на која игра
3. Потенцијал на играчот
4. Напредок од почетокот на сезоната (колку и кои вештини напреднале од стартот на сезоната - тоа претставува доказ дека играчот е трениран)

Во сезона 14 скаутинг тимот се согласи дека нема смисла критериум при изборот да биде позицијата на која игра играчот, бидејќи тоа е премногу променлив критериум и всушност не значи ништо, а секако вообичаена пракса да се изберат 50% ниски и 50% високи играчи во секоја возрасна група. Освен тоа, при изборот на играчите решивме дека треба попрецизно да се дефинира потенцијалот, па воведовме минимум потенцијал за квалификација. На крај, бидејќи ова беа третите по ред награди ние добивме многу појасна слика за напредокот на секој поединечен играч во три сезони по ред и одлучивме критериумот напредок во претходната сезона да го сместиме повисоко во рангирањето - на 2-ро место. И овојпат најважен критериум го оставивме Вештини (скилови) на играчот. (149768.54)

Наградени ќе бидат оние играчи кои:
1. имаат најдобри вештини меѓу врсниците
2. имаат најдобар напредок (најмногу зелени стрелки) оваа сезона
3. имаат потенцијал најмалку ѕвезда (5)

Во Сезона 15 веќе ни пораснаа аптетитите, а и сметавме дека треба многу повеќе треба да ги доближиме наградите на У21 играчите со иднината на сениорите. Така, критериумот за потенцијал го покачивме на минимум ниво 6. Нашата идеја беше да протежираме свест за најсилно тренирање токму на „најпотенцијалните“ и во перспектива на листата на наградени да фигурираат само оние со потенцијал 8 и повеќе, а тоа да не предизвикува проблем по резултатите на У21 составот. Меѓутоа, за жал, реалноста во нашата заедница е дека оваа визија тешко се достигнува.
Целта на оваа ретроспектива ми беше да потенцирам дека секогаш во процесот на избор на играчи се избирале најдобрите (со најголема концентрација на вештини во соодветна вештинска група) кои го исполнуваат минимум критериумот за потенцијал. Притоа, како екстра критериум сме го земале во предвид напредокот од претходната/претходните сезон(и). Стремежот бил секогаш да се води сметка на тоа да се изберат и ниски и високи играчи. Притоа, играчите кои не биле избрани не ги бришевме од евиденција, туку ги следевме со подеднакво внимание - неретко се случувало играч кој не бил никогаш награден да биде важен играч за селекцијата затоа што имало „чувство“ дека тој играч е на дофат или се развива со темпо кое ќе биде гаранција дека ќе го достигне нивото на еден репрезентативец.

Целта на наградите беше да се зголеми транспарентноста при селекцијата на играчи, да се сподели возбудата околу националните тимови со заедницата (и потенцијално да се приклучат нови скаути во проектот), да се воспостави поблиска комуникација и да се поттикнат газдите да ги тренираат македонските таленти, итн, итн, итн.

Да не заборавам, не е баш лесно да отекуваш очи во табели и правиш споредби на ситни детали од еден до друг играч. Сезона по сезона.

Last edited by Onisifor at 8/13/2012 2:15:50 PM

From: Dadimo

This Post:
00
222931.21 in reply to 222931.20
Date: 8/13/2012 2:42:39 PM
Overall Posts Rated:
5555
Одлична ретроспектива на овие годишни награди за кои слободно може да се каже дека се светски а сепак наши :)
Од сезона во сезона сте ги подобрувале критериумите за наградите а најдобрите промени според мене се направени во сезона 14.

Да не заборавам, не е баш лесно да отекуваш очи во табели и правиш споредби на ситни детали од еден до друг играч. Сезона по сезона.

Дефинитивно го потврдувам ова, бев активен член на скаутинг тимот кога се организираа првите годишни награди и едвај најдов начин да си ја исполнам својата обврска како скаут зошто не беше воопшто лесно да зјапаш цело време во бројки и табели и да одлучиш кој играч да биде награден. Затоа имате целосен респект и подршка од мене за овие награди и би требало целата наша заедница да ги подржи.
Реагирав мислејќи дека има грешка, не е баш исто дали се 5 или 8 зелени стрелки, после реагирав на периодот од сезоната кој го игнорирате за наградите но после се што беше кажано и објаснето може само да се каже дека од реално изводливите критериуми сте го избрале најдобриот :)

From: Onisifor

This Post:
00
222931.22 in reply to 222931.21
Date: 8/13/2012 5:49:19 PM
Overall Posts Rated:
203203
И јас се согласувам дека за постигнување на супер-објективност во смисла на критериумот „напредоци во сезона“ потребно е да има два референтни периоди за споредба:
- за ново-драфтуваните (18 и 19 годишни): од старт на сезоната до периодот на наградите во актуелната сезона
- за сите останати: период од награди во претходната до награди во актуелната сезона

меѓутоа:
1) не е само тој критериум. Постојат и други критериуми во оценувањето;
2) ќе биде потребно снимање дополнителни (замрзнати) табели - дополнителен ангажман и внимавање на двојното водење табели;
3) фактот што и онака за сите важат исти правила;
4) ние секако на старт на сезона (значи 4 недели после наградите) повторно правиме проверка на напредокот, така што имаме увид во настаните од меѓупериодот - затоа и некои играчи кои не биле наградени 4 недели претходно често бидуваат избрани во У21 составот веќе на стартот од следната сезона (4 недели подоцна); бидејќи во меѓувреме забележале напредок од доста скилови кои биле „на пола-пат“ во периодот на наградувањето. Од исти причини, награден играч може да биде привремено изоставен од репрезентацијата на стартот на сезоната.

...(и можеби и некоја друга причина)...

Изводливо е, ама колку е неопходно може да разговараме. Не знам што мислат Саше како сегашен и Ѓорге и Димац како поранешни селектори за ова.

From: ^ToNiO^
This Post:
00
222931.23 in reply to 222931.1
Date: 8/17/2012 8:01:20 PM
Overall Posts Rated:
66
А зошто ова рангирање на играчи не се случува овој викнд односно, така би било најреално преставен напредокот.
Јас искрајно си ги тренирам играчите за мене не за награда, па дури и не за репрезентавија туку за мојот тип па ако се доволно добри да се уклопат во репрезентација би бил задоволен секако но не ми е тоа приоритет.

Од годинешниот напредок јас искрајно сум задоволен но би сакал да чујам мислење од поискусните што мислат на кое ниво е напредокот на мојве играчи (просечно, надпросечно,екстра и итн.)
од 13 одржани тренинзи 6 еднопозицики 7 двопозициски (на скилови кој можат само да се тренираат на 2 позиции)
Ги имама следниве резултати

19 Годишни
Elen Petrushevski - напредува 12 скилови
Tome Duchevski - напредува 10 скилови
20 Годишен
Despot Antovski - напредува 8 скилови

Тренерот ми е 6ка
Tome и Elen мислам дека само на по еден тренинг им фалеа 5-10 минути за да имаат полни 48минути а Despot имаше 2-3 тренинзи со неполни 48 минути нели како трет играч што го тренирам нестига секад да фати минути

п.с. Marc-Olivier Tordeur како 4ти спореден игач за тренинг напредна дури 5 скила тренираше само на двопозициските

Last edited by ^ToNiO^ at 8/17/2012 8:04:15 PM

From: Xsago

This Post:
00
222931.24 in reply to 222931.23
Date: 8/18/2012 3:05:13 AM
Overall Posts Rated:
128128
1. Nagradite se odvivaat porano za da moze igracite da nastapat na nekoja prijatelska utakmica.

2. Napredokot na igracite deluva deka e sosema soliden, megjutoa ne e se do brojot na skillovi, bitno e vo sto napreduvale.

From: ^ToNiO^

This Post:
00
222931.26 in reply to 222931.24
Date: 8/18/2012 7:18:46 AM
Overall Posts Rated:
66
1. Nagradite se odvivaat porano za da moze igracite da nastapat na nekoja prijatelska utakmica.

Нема ни да има награди ако не се тие пријателски уствари

Advertisement