BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > U-21 sezona 12

U-21 sezona 12 (thread closed)

Set priority
Show messages by
From: Onisifor

This Post:
00
137228.19 in reply to 137228.16
Date: 3/29/2010 1:41:18 PM
Overall Posts Rated:
203203
Апсолутно! Помош во секое време е добредојдена од секого. Затоа и ве повикувам да се вклучите во што е можно поголем број. НТ Македонија конечно да добие активност каква што и е потребна и каква што заслужува. Не заборавајте дека „секое вложување денес се враќа утре“. Треба да мислиме и на наредните сезони, не само оваа или следната.

This Post:
00
137228.20 in reply to 137228.18
Date: 3/29/2010 2:14:28 PM
Overall Posts Rated:
203203
Имаме долг список на играчи. Ги бараме вистинските. Вистински играчи не се само тие што имаат добра плата. Вистински играч е тој што:

1. Ги има потребните скилови (потребни скилови е варијабилна особина и зависи од тактичките планови)
2. Го има вистинскиот тим со посветен менаџер кој соработува
3. Тренира редовно и тоа САМО на една позиција
4. Го следи препорачаниот опсег на неделни минути „поминати на паркетот“ (од 50 до 75 минути неделно)
5. Покрај редовниот трениг тренира и на „неприродна позиција“ заради развој на секундарци.
6. Избегнува тренинг 1 на 1. Скиловите кои ги дава тој тренинг се добиваат секундарно од другите типови тренинзи кои се многу поважни (исклучоци постојат, но се ретки).
7. Одбрана! Ако нема одбрана тогаш играчот многу веројатно нема да биде во репрезентација. (никогаш не е доцна со тренирање одбрана).

И многу други фактори влијаат врз изборот на вистинските играчи.

Очекувајте серија опширни постови во македонскиот форум во наредните два дена. Ќе има многу интересни и корисни теми.

P.S. Не заборавајте уште ги бараме играчите и затоа не престанувајте со скаутирање. За почеток, една брза акција да изведеме. Отворете линк на еден македонски играч од вашиот тим. Кликнете на линкот кој што пишува „Име и Презиме е пик X во сезоната Y во драфтот од Име на тимот“. Тоа ќе ве одведе на таблицата од драфтот за таа година. Во горниот десен агол одберете која сезона сакате да ја прегледате. Корисни информации може да даде драфтот од Сезона 8 (ќе даде играчи од 21 години ако тогаш имале 18) и драфтот од Сезона 9 (играчи до 20 години). Информации од Сезона 10 и овогодинешниот драфт (Сезона 11) се исто така потребни за базата на играчи од 18 и 19 години која сеуште е во формирање.

Кога еден играч од овие драфтови може да биде потенцијален кандидат за У-21?
Одговорот видете го во горниот дел на постот (иако дополнителни информации ќе објавам накнадно во специјализираните постови во наредните два дена).

Информации праќајте ми на kristijanognjakovski@gmail.com. Тоа е мојот официјален ББ маил. Во наредните денови ќе објавам и информации за лица кои ќе бидат ангажирани за скаутирање и комуникацијата во иднина да биде директна со нив. Пријавувајте се за тоа на која позиција мислите дека најмногу може да помогнете.

Најважни позиции се скаутите. Потребни се скаути за:
1. 18 годишни играчи
2. 19 годишни играчи
3. 20 годишни играчи
4. 21 годишни играчи

Ако има потреба и посебен скаут може да биде 5. Скаут за млади играчи кои играат во странство

Советници за тренинг:
1. советник за тренинг на 18 годишни играчи (специјално ќе објавам текст за ова) - тимски ќе работи со скаутот за 18 годишни играчи.
2. советник за тренинг на 19-20 годишни играчи - тимски ќе работи со соодветните скаути.
3. советник за тренинг на 21 годишни играчи - специјализиран тип советник со специјални задачи. Тимски ќе работи со скаутот за 21 годишни играчи.

Советници шпиони (ова се многу интересни позиции):
1. советник-шпион на можни противнички играчи кој ќе има многу суптилна работа која бара активност на секои 2 дена. Ќе работи пред се на трансфер листата.
2. советник-шпион на противничките тимови во смисла на нивната игра.

Што повеќе луѓе вклучени тоа подобро за иднината на ББ Македонија.
Бидете активни до следниот пост.

Last edited by Onisifor at 3/29/2010 2:31:18 PM

This Post:
00
137228.21 in reply to 137228.20
Date: 3/29/2010 8:08:01 PM
Overall Posts Rated:
122122
tu sam i ja da pripomognem ako sta treba da se odluci vezano za trening. Imam uvid u skillove igraca u A timu i mozemo zajedno da radimo na treniranju specificnih skillova za igrace koji ce posle da udju u A tim.
Ne bih da preuzimam neku od ovih funkcija vec da priliku pruzimo kolegama iz Makedonije a ja cu samo da pripomazem gde zatreba.

Fair play!!!
This Post:
00
137228.22 in reply to 137228.21
Date: 3/30/2010 3:08:03 AM
Overall Posts Rated:
00
sega za sega vo timot sme jas, Xsago i bobans!!!!!

This Post:
00
137228.23 in reply to 137228.21
Date: 3/30/2010 2:01:51 PM
Overall Posts Rated:
203203
Секаква помош е добредојдена од тебе.
За тренинг обавезно. Сигурно дел У-21 играчи ќе бидат за некое време НТ и треба убаво да се потковаат.

This Post:
00
137228.24 in reply to 137228.1
Date: 4/4/2010 2:09:40 PM
Overall Posts Rated:
203203
На голем дел од сопствениците на потенцијални репрезентативци им пратив ББ порака. Целта на пораката е апел за одржување на формата на играчите на побаруваното ниво. Сакам тука и јавно да објавам. Формата е таа што ќе одлучи дали некој ќе биде репрезентативец или не. Побаруваното ниво е 8+. Начинот на одржување на формата е преку обезбедување 50-75 минути неделно за секој играч.

Како стоиме со формата оваа недела (во пресрет на премиерниот натпревар)? Можам да изјавам дека сум делумно задоволен. Најголемиот број играчи се со формата од минатата недела. Помал дел се со форма едно ниво пред нив, а остатокот од играчите е со форма која нема да им дозволи да играат. Во понеделник официјално ќе биде претставен тимот со кој ќе одиме во Сезона 12 (дел од тимот). За сите играчи што ќе бидат објавени, но и за сите тие кои подоцна ќе бидат додадени во тимот, ќе важи истото правило за формата.

Поздрав до следното читање.

P.S. Тие на коишто им јавивме дека гледаме потенцијал во нивниот играч одвреме-навреме нека проверуваат ББ пошта.

Last edited by Onisifor at 4/4/2010 2:13:22 PM

This Post:
00
137228.25 in reply to 137228.24
Date: 4/9/2010 8:49:41 AM
Overall Posts Rated:
203203
Значи момци тимот У-21 конечно го формиравме. Покрај јас како селектор, во тимот имаме 4 одговорни лица! Никогаш поорганизирани и пообединети!
Прочитајте го соопштението за јавноста кое е овјавено на страната на Makedonija U21:

http://www.buzzerbeater.com/community/pressblog.aspx?Thre....

Таму ќе прочитате и кои се одговорните лица (иако верувам дека веќе убаво се запознавте преку ББ пошта). Текстот воопшто е интересен и верувам дека ќе ви се допадне :)

Поздрав, и редовно контактирајте со одговорните лица. Тие имаат прашања за вас. Одговорот на нив е извонреден начин да и помогнеме на ББ Македонија, и секако, подобро да се запознаеме и дружиме.

bobans (U21 NT manager)

P.S. Имајте на ум, секогаш ни е потребна вашата помош (благодарност до Marijana (52461) за феноменално завршената „специјална“ задача денеска).

This Post:
00
137228.26 in reply to 137228.25
Date: 4/9/2010 10:26:25 AM
Overall Posts Rated:
22
Sto tolku specijalno napravi Marijana? Mislam, ako tajnava ne e nesto specijalno skrishna.

From: BEBALL

This Post:
00
137228.27 in reply to 137228.26
Date: 4/10/2010 2:20:24 PM
Overall Posts Rated:
00
Lele mi se ide da go izbrisam timot i vekje da ne se pustam na ovaa igra :@:@:@:@:@:@:@:@:@:@ kje puknam od maka :@:@:@:@@: kako mozese bas na mene da se povredi toj igrac :@:@:@:@:@ i toa 3 nedeli ovoa e nesto najgolemata zalosna vest pa duri pogolema i od zaginuvanjeto na polskiot pretsedatel na ovoj den :@:@:@:@:@ sega nema sansi da se opravi ovoj igrac!! Nema sansi ni da zaigrav vo U - 21 reprezentacijata :@:@:@:@ lele 3 nedeli e premnogu!!! kako cela sezona da nema da igra :@:@:@:@:@ lele kako imav takva "srekja" jas breee!!! u PM!!!!

Vcera bev najsrekniot menadzer na ovaa igra sega sum NAJTAZNIOT I NAJIZNERVIRANIOT menadzer vo ovaa igra :@:@:@


From: Xsago

This Post:
00
137228.28 in reply to 137228.27
Date: 4/10/2010 2:41:01 PM
Overall Posts Rated:
128128
Polekaaaa niso ne e izgubeno. Ke izgubi nekoja nedela trening ama nisto ne e nenadomestlivo. Site porano ili podocna se povreduvaat. Ti samo prodolzi da gi treniras i dvata talenti kako i dosega. A za da go sprecis ova vo idnina zemi si nekoj povisok lvl doktor... Lvl 4 na primer...

From: Onisifor

This Post:
00
137228.29 in reply to 137228.27
Date: 4/10/2010 2:42:57 PM
Overall Posts Rated:
203203
Mnogu golema steta! Ama toa e. Se slucuvaat vakvi raboti, za zal :(
kolku ti e nivoto na doktorot?

Last edited by Onisifor at 4/10/2010 2:43:42 PM

Advertisement