BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > Нов корисник - Прочитај го прво ова

Нов корисник - Прочитај го прво ова (thread closed)

Set priority
Show messages by
This Post:
11
138343.2 in reply to 138343.1
Date: 3/30/2010 8:52:39 AM
Overall Posts Rated:
203203
Нови корисни совети

Сезоната трае 14 недели - 11 недели регуларна сезона и 3 плејоф недели.

Позиции на играчите:

Ц - Центар: нормално игра блиску до кошот и е одговорен за скокови и блокади;
КЦ - Крилен Центар: обично тоа е посилното и повисоко крило кое игра блиску до кошот и е одговорен за скокови и поени во рекетот;
К - Крило: Обично повисок од бековите, а понизок од КЦ; придонесува на двата дела од теренот: и внатре и надвор од рекетот;
Б - Бек: Генерално, играчот кој има најмногу обиди за поентирање, многу од нив се удари за тројка.
П - Плејмејкер: Обично тој е лидерот на тимот кој е иницијатор на нападот и го контролира темпото на играта;

Користени кратенки во извештајот за натпреварот (она што го гледаш кога ќе кликеш на резултатот на завршенио натпревар):

МИН - одиграни минути
ШУТ - вкупно обиди за поентирање
3П - Вкупно обиди за тројка
1П - Слободни фрлања
ОС - Офанзивни скокови
В.СК - Вкупно скокови
АСТ - Асистенции
ИЗГ - Загубени топки
УКР - Украдени топки
БЛК - Блокади
ЛГ - Лични Грешки
ПОЕ - Вкупен број поени

Кратенки на страницата „Натпревари“

Во регуларната сезона:

К - Куп натпревар
ПР - Пријателски натпревар
ТВ - Натпревар кој се прикажува на ТВ
ПЛ - Приватна лига (опција достапна кај поддржувачите на играта - Supporter)

Во плејофот застапени се овие кратенки:

ПО - Плејоф натпревар
ПФ - Полуфинале
Ф - Финале
М - Мајсторка
БО - Натпревар за опстанок

Message deleted
Message deleted
Message deleted