Глава В: Специјализиран тренинг по позицијаПлејмејкери: 3+1 недели додавање, 3+1 недели надворешна одбрана, 3 недели Скок шут, 3 недели техника. +1 значи дополнитела недела и се тренира тогаш кога ќе се заврши со циклусот т.е кога сите групи тренинзи (додавање, надворешна одбрана, скок шут и техника) ќе имаат 3 недели. Овака се тренира во првите 2 сезони на играчот. Во следните 2 сезони заедно со селекторот се носи одлука за неговиот натамошен развој.
Бекови: 3 недели Надворешна одбрана, 3 недели Надворешен шут, 2 недели Скок шут и 2 недели Додавање. Останатите 3 недели се распоредуваат по избор (изборот да биде од групата на тренинзи кои ги тренираат вештините под бр.1 и бр.2, но повторно избегнете го тренингот 1 на 1). Овака се тренира во првите 2 сезони на играчот. Во следните 2 сезони заедно со селекторот се носи одлука за неговиот натамошен развој.
Крила - тип надворешен: Ова е специјализиран тип тренинг и за него е потребно мнооооогу време и многу откажувања. Во наредните денови ќе напишам накратко план за тренинг овде како едит или ќе одиме со специјализирана тема посветена на тренирање крила. (Менаџерите кои тренираат крила или имаат желба тоа да го прават нека ме контактираат на ББ-пошта)
Крила - тип внатрешен: Исто како претходното.
Крилни центри: Внатрешен шут 4 недели, Внатрешна одбрана 4 недели, скокови 4 недели. Остатокот од сезоната тренинг по избор (препорака: 1 недела Еден на Еден и 1 недела додавања;). Овака се тренира во првите 2 сезони на играчот. Во следните 2 сезони заедно со селекторот се носи одлука за неговиот натамошен развој.
Центри: Внатрешен шут 4 недели, Внатрешна одбрана 4 недели, скокови 4 недели. Остатокот од сезоната тренинг по избор (препорака: 1 недела Еден на Еден и 1 недела додавања;). Овака се тренира во првите 2 сезони на играчот. Во следните 2 сезони заедно со селекторот се носи одлука за неговиот натамошен развој.
ГЛАВА Г: Водење евиденција и ИнформирањеВодење евиденција„Verba volant, scripta manent" (латинска поговорка: „Мислите летаат, запишаното останува“). Направете сами своја табела и запишувајте за тренингот на вашиот играч. Еве пример како може тоа да се прави:
http://www.flickr.com/photos/48867712@N04/4476283002/size...На тој начин ќе имате детален преглед врз развојот на играчот, а воедно и подобро ќе го разберете механизмот на тренинг ефектот.
ИнформирањеМногу е важно информациите да ги споделите со селекторот. Не е добро вештините на вашите играчи да ги знаат сите (сигурно ќе сакате тоа да биде тајна), но добро е да го информирате селекторот за секоја промена за да има увид во напредокот на младиот погон на Македонија. Должност на селекторот е да ја чува приватноста на вашиот играч. Од тимовите кои имаат репрезентативец или потенцијален репрезентативец се бара да го информираат селекторот за секоја промена кај нивниот играч (напредната вештина, повреда...)
Не заборавајте да ги проверувате овие постови (и други) затоа што одвреме на време сигурно ќе има измени и ќе треба да се прилагодите на новите побарувања.
ГЛАВА Д: ФормаРепрезентативец е играч кој има висока форма. Ако не се одржува формата, дури и за „најталентираните“ играчи нема да има место во репрезентацијата. На вашите репрезентативци давајте им 48-75 минути неделно. Ако некоја недела не можете да ги обезбедите овие минути задолжително контактирајте го селекторот за да може да најде замена.
Потребната форма е 8+.
Толку за сега. Ако имате други предлози слободно предлагајте.
Ако наидете на интерпукциски и јазични грешки ве молам контактирајте ме преку ББ-пошта (за да не ја оптовариме темате непотребно)
by bobans
Last edited by Onisifor at 10/10/2010 10:55:05 AM