BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > Trening soveti

Trening soveti

Set priority
Show messages by
From: Onisifor

This Post:
00
145012.2 in reply to 145012.1
Date: 5/26/2010 11:53:13 PM
Overall Posts Rated:
203203
Јас да се надополнам на ова со тренирање на Центри. Само ќе зборам за 3-та и 4-та точка.

Значи, за центри (играчи 206+ см висина):

3. тренинг 1-на-1 може да се тренира, но најмногу 1-2 недели по сезона и само ако вредностите на продорност и техника се на многу ниско ниво.

4. основни тренинзи за центри треба да бидат:
- внатрешна одбрана
- внатрешен шут
- скокови

- блокирање - 1 недела тренинг блокирање по сезона е сосема доволно (понекогаш и воопшто не се тренира блокирање затоа што оваа вештина напредува солидно и преку тренирање внатрешна одбрана).

Кој тренинг повеќе ќе го форсирате зависи од моменталната состојба на играчот (неговите моментални скилови). Целта е на сите примарни вештини: внатрешна одбрана, внатрешен шут и скок да има иста или приближно иста развиеност.

Во одредени услови може да се тренираат и надворешните тренинзи - додавање и скок шут.

P.S. Специјални случаи: може да се случи да извлечете играч од драфтот кој е со висок потенцијал кој може да се развива во крило. Тогаш селекторот или скаутите лично ќе ве контактираат преку ББ порака и ќе ви предложат тренинг план за секоја недела во текот на цела сезона. (секако, за брзо тренирање крила потребно е да имате и тренер ниво 6+)

Last edited by Onisifor at 5/27/2010 5:25:09 AM

From: Dadimo
This Post:
00
145012.3 in reply to 145012.2
Date: 5/27/2010 4:45:59 AM
Overall Posts Rated:
5555
На одличните тренинг совети од Xsago и bobans јас би додал за важноста на тренерот и докторот за да биде приказната успешна.
Тренер.-колку подобар тренер толку побрзо ќе качува скилови играчот
Според најголемиот број менаџери во светот, за тренирање репрезентативец потребен е тренер 6(исклучителен) или 7(светски признат) но може да заврши работа и тренер 5(супериорен) затоа што разликата меѓу тренер 5 и 6 не е толку голема колку што е голема разликата меѓу тренер 4 и 5. Сепак најприфатлив е тренер 6 (тренер 7 е редок и многу скап) а тренер 4 или послаб е упропастување на играчот.
Доктор.-полоша работа од неправилен тренинг е само да ви се повреди играчот.
Докторите некако сите ги забораваме кога даваме совети за тренинг, но залудно правиме план како најдобро да го истренираме играчот ако тој ни се повреди на неколку недели .Повреден играч не добива тренинг освен ако тренирате издржливост,форма или слободни фрлања(овие 3 типа на тренинг ги тренираат сите играчи без разлика дали играле или не во тековната недела- од сабота до петок). Потребното ниво на доктор со кое ќе ги намалите шансите да ви се повреди играчот е од 5 па нагоре.

P.S. Ако евентуално имате репрезентативец или потенцијален репрезентативец и тој ви се повреди, тогаш под итно контактирајте со селекторот или вашиот скаут за да ви даде инструкции што да направите за да извадите максимум за тренинг :)

Last edited by Dadimo at 5/27/2010 2:16:34 PM