ne se soglasuvam deka gi onevozmozuva najjakite timovi da imaat zvezdi...No pod zvezdi jas ne podrazbiram bilo kakov igrac so visoka plata, tuku dobro balansiran igrac so razvieni sekundarni skillovi i pametno razvieni primarni.
Не ни реков дека најдобрите тимови неможат да имаат ѕвезди туку само констатирав дека немаат играчи со високи плати дури и бегаат од нив што за мене е апсурдно и тоа беше поентата на моите постови. Примерите со мојот тим беа во контекст на тој муабет обидувајќи се да дојдам до логично објасување зошто најдобрите тимови бегаат од овие играчи а не дека се жалам нешто. Моите проблеми се како што ти убаво кажа слабите приходи. Причината за тоа мислам дека е во тоа што експериментирам без ПР-Менаџер веќе втора сезона, и дефинитивно од следната сезона го враќам во стручниот штаб. За резултатите дека се слаби не би се сложил со тебе, имав слаби периоди, но на крајот од сезоната не сум паднал под 5-то место а 3 пати играв и во плеј-оф. Купот го освоив сезона 15, бев финалист сезона 16, само последниве 2 сезони киксирав со рана елиминација.
Состојбата со продадени дресови е подобрена, после настапот на Арнаудовски во НТ како резерва пред неколку недели дојде до рекорд од $ 103 685 со што се покажува крајно правилен твојот концепт да претпочиташ Македонци. Навивачите повеќе се палат на резервната улога на Арнаудовски во еден меч од тоа што Млинаревиќ е лидер на НТ Србија цела оваа сезона.
Е сега под најдобри играчи и јас го подразбирам истото како и ти освен моментот
паметно развени примарни скилови. Што подразбираш под тоа, да се застане со тренинг на примарен скил кога ќе стигне до 17-18 !? Јас би одел до 19-20 примарен скил а платата ќе отиде преку 300К-400К за жал и тука е клучниот момент каде што треба нешто да сменат во играва. Или платите да ги намалат или продажбата на дресови и приходите од билети да зависат малку повеќе и од големината на платите на играчите. Така цената на квлитетните играчи со високи плати нема да биде толку ниска на ТЛ што исто така е крајно нелогично, а со тоа ќе се намали и бројот на вакви играчи што ќе завршуваат во нисколигаши зошто со самото дигање на цената на овие играчи на ТЛ, до нив ќе се доаѓа потешко.
Last edited by Dadimo at 4/2/2012 2:09:54 PM