Одлично сработено од страна на скаутинг тимот, за жал овој играч се најде во групата со многу слаб напредок, јас ќе ги прегледам сите играчи кои се наоѓаат на трите листи и ќе направам посебна ТОП 10 листа на најголеми упропастени таленти за сезона 19 и ќе пробам да ги контактирам нивните газди да видиме што е проблемот.
Секоја чест на менаџерите кои квалитетно тренираа македонски таленти изминатава сезона, момци само продолжете така, го правите најдоброто за вашите играчи, вашиот тим и нашите репрезентации. Останатите менаџери нека стават прст на глава и нека одлучат што побрзо, или ќе ги тренираат како што треба македонските таленти или нека ги продаваат додека има уште простор да се направат идни репрезентативци.