BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > U-21 sezona 12

U-21 sezona 12 (thread closed)

Set priority
Show messages by
From: Onisifor

This Post:
00
137228.31 in reply to 137228.30
Date: 4/10/2010 3:27:21 PM
Overall Posts Rated:
203203
доктор 6 е сосема доволно. Сега, јбг се случуваат вакви работи. Плус да знаеш дека докторот 6 го спасил Morin. Ако си имал доктор 2-3 сега кај Morin ќе гледаше повреда од 7 недели!

From: Xsago

This Post:
00
137228.32 in reply to 137228.31
Date: 4/10/2010 6:59:35 PM
Overall Posts Rated:
128128
A bre ne panici tolku mnogu koe arividerci... Ne e strasno sto se 3 nedeli nisto.. Odma ke pominat. Samo ti vredno treniraj go i ke bide od nego zvezda ne se sekiraj... :)

From: dimac
This Post:
00
137228.33 in reply to 137228.32
Date: 4/16/2010 8:39:44 AM
The Black Ice
II.1
Overall Posts Rated:
123123
Second Team:
dragonfly18
Доколку има некој заинтересиран за купување на центар, нека пише на BB-Mail

Поздрав

From: dimac
This Post:
00
137228.34 in reply to 137228.33
Date: 4/20/2010 5:32:33 AM
The Black Ice
II.1
Overall Posts Rated:
123123
Second Team:
dragonfly18
Здраво на сите.
Доколку некој е заинтересиран за талентиран 19 годишен плеј нека пише на BB-mail. Аукцијата истекува на 4/21/2010 во 4:33:00 PM
Поздрав

From: dimac
This Post:
00
137228.35 in reply to 137228.34
Date: 4/27/2010 5:26:21 AM
The Black Ice
II.1
Overall Posts Rated:
123123
Second Team:
dragonfly18
Здраво

Сакам да ве информирам на кратко за тековните активности на Македонија У-21 тимот. Најпрво, во името на У-21 тимот сакам да изразам задоволство и да им се заблагодарам на повеќето менаџери за досегашната соработка. Но, сепак постојат некои проблеми. Најпрво, мора да се зголеми нивото на комуникација на некое повисоко ниво (во моментот е високо, ама не доволно). Постојат добар дел од менаџерите кои сеуште немаат одговорено на нашите пораки.
Значи, се што бараме од вас е да одвоите 2 минути од вашето време и да ни пратите краток одговор на прашањата кои ви ги поставуваме, со што има двојна добивка - тоа се ваши играчи и ќе го зголемат квалитетот во вашиот тим и исто така ќе бидат (или некои веќе се) репрезентативци на Македонија.
Ве замолувам сите кои немате пратено никаков одговор на поракитеда го сторите тоа најбрзо што можете. Се разбира, ова не важи за лугето кои веќе се во контакт со мене.

Ви благодарам

Поздрав,
Димац

This Post:
00
137228.36 in reply to 137228.35
Date: 5/3/2010 12:49:00 PM
Overall Posts Rated:
203203
Македонија 102 : 109 Грција

Кој го следеше овој натпревар сигурно доживеа милион напливи на најразлични емоции.

Пред мечот пред мене беше голема дилема. Што да правиме против Грција? Една репрезентација која по квалитетот се вбројува меѓу најдобрите U21 селекции. Како да играме ние со 185 активни корисници, против Грците кои имаат 2419? Одговорот беше храбро и силно. Да пробаме со нашето најсилно оружје со кое располагаме - „Гледај внатре“ напаѓачката стратегија. Во одбраната немаше простор за калкулации. „Човек на човек“ бидејќи било која зона може да остави голем простор кој квалитетните тимови лесно ќе знаат да го искористат.

Понатаму како да одиме со залагањето (ставот) на овој натпревар, а тоа да не ни се одрази катастрофално за преостанатите натпревари со Данска и Албанија? Дали да одиме со „Мотивирано“ или „Нормално“ или можеби „Опуштено“? Секој од овие ставови имаше повеќе „за“ и „против“. Одлучив дека „Мотивирано“ е преголем ризик затоа што никој не може да гарантира победа со сигурност (посебно затоа што нашата форма не беше на посакуваното ниво), а со пораз тоа ќе беше вистинска катастрофа во преостанатите натпревари. „Опуштено“ беше опција која беше размислувана но многу брзо отфрлена затоа што не сакавме да играме без залагање. Сакавме навистина да си ги испробаме силите. Затоа се решивме со најбезболното и единственото логично решение , а тоа беше - играме „Нормално“.

Проблеми со кои се соочувавме пред натпреварот.
Најголемиот проблем беше нашата форма. Не дека формата генерално беше лоша, туку не беше на нивото на кое ние посакувавме, или поточно не беше на нивото кое е неопходно за да можеме да парираме на Грција. Посебно зборувам за еден од нашите најдобри играчи Jetar Keta. Keta се покажа како многу важен играч за нас. Посебно во натпреварот против Белгија кога беше неверојатен. Но тогаш тој имаше форма 8. Против Грција, за жал, неговата форма падна на 6. Се поставува едно неблагодарно прашање: Дали ако Jetar Keta беше на форма 8 Македонија ќе победеше на овој натпревар? Којзнае. Но едно е сигурно, ќе бевме многу поопасни во нападот доколку тој беше во форма.

Кого да го играме на местото на Jetar Keta беше прашањето. Нашиот состав за жал не располага со голем број квалитетни играчи. Единствена алтернатива за него беше Kaan Gurol. Со него и го започнавме мечот.

Вредно е да се спомене дека во тимот У-21 Македонија се приклучија два нови играчи. Тоа се Branko Ninevski од тимот на MAK BOLZANO и идната ѕвезда на У-21 тимот, Jakov Lazarov од тимот на KOTWICA MŁODZIEŻ. Овие играчи сосема солидно настапија на овој натпревар, а Jakov Lazarov имаше огнено крштевање.

Текот на мечот.
Првото полувреме беше разочарувачки. Почнавме слабо и неефикасно во нападот, а нашата одбрана многу порозна. Уште на стартот стана јасно. И ние, и Грците играме со исти тактики. И ние „Гледај внатре“ и они „Гледај Внатре“. И ние „Човек на Човек“ и тие „Човек на Човек“. Борба гради во гради!
Но Грците подобро се снаоѓаа. Ние ја немавме играта.

Резултатот на полувремето беше Македонија 38 : 54 Грција.

Но тука не запреа проблемите. Нашето стартно крило Kaan Gurol се повреди во втората четвртина и јасно беше дека Jakov Lazarov, дебитантот, ќе мора да ги одигра последните 2 четвртини до крај. Проблемот беше со издржливоста. Дали ќе издржи со добра игра до крај?

Второто полувреме почна. И неверојатен пресврт! Дебитантот Лазаров играше неверојатно. Ете што значи висока форма (тој имаше форма 9). Никој од Грчкиот тим не можеше да го запре. Во третата четвтина постигнавме 43 поени. Во една четвтина повеќе отколку во цело прво полувреме. Македонија 81 : 84 Грција на крајот на трета четвртина!

Имаме ли шанси?

Четвтата четвртина започна. Лазаров постигна тројка и конечно израмнување! Но не само тоа, Македонија го превзеде водството по пресечената топка и успешно реализираните слободни фрлања од Лазаров. До крајот на мечот се менувавме во водството. Вистински

This Post:
00
137228.37 in reply to 137228.36
Date: 5/3/2010 1:29:05 PM
Overall Posts Rated:
203203
Вистински трилер. Успешно се носевме со Грците се' до 1 минута и 50тина секунди пред крајот на мечот, кога за последен пат го имавме водството од 102 : 101. Но Грците постигнаа тројка и тука се виде крајот на нашата надеж. Следеа „регуларните“ фаули и слободни фрлања и наши промашени обиди за тројка, за конечен резултат од 109 : 102 и наш пораз.

Толку за овој натпревар. Нашата следна цел е добар натпревар против Данците и да го завршиме циклусот против Албанците, по што ќе можеме да ги сумираме резутатите од оваа сезона.

From: gari68

This Post:
00
137228.38 in reply to 137228.37
Date: 5/3/2010 5:32:46 PM
Overall Posts Rated:
1212
Ja sledev utakmicata,anemicno prvo i fantasticno vtoro polvuvreme.Mislam deka odluci slabata igra na nasiot bek Daniel MUltael,da pogodese barem dva suta poveke od negovite mizerni 1 od 16.Za drugite navistina nemam nikakva primedba osven pofalbi.I selektorot zaboravi da napise deka Grcija igrase motivirano sto mozebi odluci vo samiot finis da bidat poprecizni.

This Post:
00
137228.39 in reply to 137228.38
Date: 5/9/2010 3:29:18 PM
Overall Posts Rated:
203203
Молба до менаџерите кои имаат У-21 репрезентативци

Сите менаџери кои имаат У-21 репрезентативци да се воздржат од нивно ставање на Трансфер листа се до 17ти Мај. Ако ги ставиме нашите репрезентативци на ТЛ, нашиот противник ќе може да ги открие нивните скилови и да му овозможиме предност. На 17ти мај ни е последниот натпревар во квалификациите.

Исто така, во иднина тие менаџери кои имаат репрезентативци и планираат да ги постават тие играчи на Трансфер листа, задолжително информирајте го селекторот за вашата намера. Соработката помеѓу вас и селекторот е за општо добро.

This Post:
00
137228.40 in reply to 137228.39
Date: 5/9/2010 3:35:43 PM
Overall Posts Rated:
203203
У-21 играчи на ТЛ:

(9625840)

(9626514)

Скаутите нека ја следат состојбата околу овие трансфери. По продажбата треба да се контактира со новите сопственици.

This Post:
00
137228.41 in reply to 137228.40
Date: 5/10/2010 8:21:40 AM
Overall Posts Rated:
203203
Ни претстои важен натпревар против У-21 селекцијата на Данска.
Данска е рангирана на 39-то место, а ние сме на 62-ро.

Данците имаат свои слабости, а јас се надевам дека нашите високи момци успешно ќе ги завршат своите задачи.

Да го гледаме натпреварот и да навиваме заедно на: (9884)

Advertisement