Оваа, и во изминатите сезони, изборот на играчи во У21 тимот се базирал на бројки.
...
3. Тренингот во претходните сезони.
Јасно ми е дека оваа третото е проблем кај Чобани ама баш затоа дигнав толку врева, вложив надчовечки напори да го убедам неговиот газда да го тренира откако првата сезона кога имаше 18-години играчот речиси и да не беше трениран и беше на работ да пропадне еден таков голем талент. Изминативе скоро 2 сезони морам јавно да го пофалам менаџерот на овој играч, редовно, правилно и дисциплинирано еднопозицсики го тренира заедно со Кичевски кој исто така е голем потенцијал за нашите репрезентации. Од пред 2 недели газдата на овие играчи со право почна да ме прашува зошто Чобани уште не е во У21. Незнаев што да му кажам освен дека е прашање на време кога ќе се случи тоа и тогаш се решив да му пишам на Саше ама тоа не даде никаков резултат.
Велиш дека ниеден играч не е случајно во У21, давањето предност на Шутовски во однос на Чобани за мене е големо промашување дури и да има некој скил подобар Шутовски, едноставно вашето робување на суровите бројки без да покажете сензибилитет и да погледнете малку и на иднината се надевам дека нема да резултира со демотивирање на менаџерот и да пропадне ваков талент.
Дополнително, ова не е првпат да сте неправедни спрема овој наш голем талент, на минатите годишни награди Чобани имаше 8 зелени стрелки, исто колку и некои други играчи кои беа наградени вклучувајќи го и мојот Жуна. Тогаш му пишав на Димац како тогашен селектор на У21 да го извади мојот играч и да го стави Чобани но Димац ми кажа дека веќе е касно и дека Жуна е заслужено во У21. ОК, ама до кога ќе бидете неправедни спрема Чобани затоа што не беше трениран како што треба првата сезона, колку што има вина кај менаџерот што не соработувал со вас толку има вина и кај вас што не сте успеале да го убедите во тоа. Не ми е поенатата да изигрувам некој херој тука кој го спасил играчот од пропаст туку само стравувам да не пропадне овој голем талент а мислам дека е време е да биде повикан.
Затоа потенцирам дека проблемот во У21 не е во лошиот избор на играчи, туку во дисконтинуитетот на продукција на квалитет секоја сезона.
Кога мислев на лоша селекција на играчи не мислев на тоа дека со некои други играчи ќе имавме подобри резултати туку дека оваа генерација е мизерна и сум на мислење дека подобро ќе беше да се уфрлат некои помлади играчи кои имаат голем потенцијал да бидат поспремни кога ќе им дојде времето.
Инаку ова што вика РакијаДете мислам дека неможе да се споредува со некои расправии од минатото. Едноставно најдбронамерно и конструктивно сакав да ви укажам на некои работи кои мислам дека се битни за иднината на нашите репрезнтации. Ваше е дали ќе ме послушате или не :)
Last edited by Dadimo at 7/14/2012 10:26:12 AM