Никако неможам да те сфатам од каде си дошол до ваков заклучок, што бара некој Аргентинец да ни прави вакви работи. Неговата намера е очигледна а тоа дека сакал да го искористи моментот да купи квалитетни играчи за екстремно мали пари колку да си го изигра лигашкиот натпревар а за да не им ги плаќа големите плати ги отпуштил веднаш после мечот. Нема тука ништо намерно само шизикот бил себичен и си гледал свои клубски интереси. Ама сето ова немаше да се случи ако не беше толку неразумно ниско падната цената на квалитетните играчи со големи плати. Токму тоа е причината што многу звезди згаснуваат а админиве не отстапуваат од нивниот став ваквите играчи да одат за 1 милион почетна цена.