Супер го почна постот. Да, одличен селектор е тој што може да направи добра проценка дали 20 годишниот играч во текот на натпреварувачкиот дел од сезоната ќе успее да се изедначи или го помине 21 годишниот. За да биде можна издржана проценка треба селекторот да има изострено познавање на механизмот на тренинзите (на некој кој не тренирал играчи тешко ќе му оди ова), да знае на кое моментално под-ниво се одредени скилови односно да има комуникација со газдите на играчот, и секако, да ја познава историјата на газдата, односно неговите тренинг навики - некои менаџери се традиоционално одлични тренери и со нив нема промашај - или да ја познава историјата на играчот - некои играчи кои ги следиме напредуваат по 12 скила во сезоната кога се 18 годишни, и по 10тина скилови во сезоните кога се 19 и 20 годишни.
Ако селекторот знае да „ги прочита“ овие знаци, тој сигурно ќе знае да резервира место во ограничениот состав (да не го пополни бадијала) за играчите кои имаат капацитет да ги надминат моменталните репрезентативци во натпреварувачки корисниот период. Тоа не значи дека оној 21 годишниот, кој во 4-5 недели од сезоната секако ќе биде подобар од 20 годишниот, не треба да биде повикан во составот, туку значи дека во сезонската стратегија селекторот ќе ги има и двајцата (или повеќе ако има и други брзо-напредувачки) играчи во предвид.
Идеално е ако секоја сезона сите 18 играчи во составот се извонредно истренирани 21 годишни играчи. Тоа досега тешко ни одело, а којзнае може ќе најдеме модел да го воведеме во иднина.
Инаку, не познавам менаџер што не е кефлија кога негов играч, а посебно таков извлечен од драфотот, ќе го одигра првиот натпревар за репрезентацијата. Пола плата како што вика Fenix.Manager нема да ти покрие (всушност многу помаку), ама кефот нема цена, бар за мене.