Очигледно недоразбирањата што ги имам со тебе и со Саше е поврзаноста на ДМИ со селекцијата на играчи.
Имаме случај каде што игра како стартер играч со 70 800 ДМИ (Жуна) а како резерви играат играчи со 250 400 ДМИ (Панчев), 234 300 ДМИ (Чобани), 217 200 ДМИ (Мишевски) итн. Сакаш и ти да ме убедуваш дека немаше подобра опција од Жуна на крило, па на Чобани до скоро препорачаната позиција му беше крило. Не викам дека преку ДМИ треба да одредуваме кој играч е подобар но ДМИ само по себе е индекс на корисност за тековната недела а ДМИ не е ништо друго туку комбинација од моменталните скилови со формата. Да правевеме муабет за сениори донекаде ќе се согласев со вас и разлика од 150 000 ДМИ меѓу 2 играчи можеби нема да има големо значење ако едниот играч има 5 000 000 ДМИ а другиот 5 150 000 но кај младите играчи ова разлика има многу поголема улога и незнам зошто ја игнорирате. Дополнително ме изненадуваш што ја браниш селекцијата на Саше кога јас од авион можам да приметам дека даваш големо значење на формата што е сосема различно од критериумите кај Саше каде формата е еден од поспоредните работи а се дава предност на скиловите кај играчите, барем вие така тврдите бидеќи ние не ги знаеме скиловите на играчите.
Така ова што го напиша Саше:
Ситуацијата со Дми-индексот, и не ја гледам баш како што ти напиша во постот дека побитни ми се скиловите на играчот и платата.
не соодветсвува со селекцијата на играчи за последниот натпревар т.е. едно збори а друго прави.
А за тоа што погрешно ме сфати кога ти реков дека Чобани треба да биде еден од лидерите во У21 или Топ 5 играчи изминативе 2 недели, пак ќе потенцирам дека мислам за изминативе 2 недели поради неговата добра форма а слабата форма на други играчи кои се со подобри скилови од него. Еве што напишав во вторникот:
Она што и понатаму не ми е јасно е запоставувањето на одличниот Hafiz Çobani кој втора недела по ред според индексот е ТОП 5 играч во У21 моментално и најдобар бек но за жал играше само како резерва !?
А за она прашање што го постави од забава јас ќе ти дадам свој одговор таму кај што го праша и е во контекст на овој мој муабет со ДМИ-то.
Last edited by Dadimo at 9/12/2012 8:00:24 PM