Според мене неговото гласање е сосема регуларно, ако човекот има само еден фаворит тогаш му дава на него 5 поени и со тоа завршува неговото гласање
Ако така мислите тогаш би прифатил, меѓутоа правилата за гласање се наведени за да важат за сите. Ако тргнеме од тоа секој да гласа како сака, тогаш бадијала трошевме време во други теми да дискутираме за моделите за гласање. Исто така, ако ги видите постовите на другите менаџери ќе видите дека сите тие си се придржуваат до правилата, што значи дека овие правила 1. не се комплицирани, туку многу јасни и лесно разбирливи, и 2. се прифатливи за апсолутното мнозинство менаџери, што значи дека се добри правила.
меѓутоа добро би било да го каже своето мислње за овој случај и bobans како организатор.
Па прво, јас не сум организатор, туку само иницијатор. Организатор на овој проект е ББ Македонија. Токму поради ова, како второ, јас лично не би сакал да „пресечам“ што да правиме со овој случај. За тоа ќе се договориме дополнително.
Инаку, јас лично постапив по оваа работа и го контактирав менаџерот да го корегира своето гласање. Се надевам дека тој тоа и ќе го направи. Мислам дека се работи за ненамерен пропуст.