Точно е дека конкуренцијата во вторите лиги е многу поголема од порано, а истото важи и за елитата и за третите лиги што може само да не радува, Македонската BuzzerBeater заедница расте. Точно е и дека со правилна стратегија може да се заработува во секоја лига, доказ за елитата е Xsago кој успеа да направи тим со квалитетни играчи а со мали плати надополнето со неговите менаџерски способности ем има резултати ем заработува пари. Но друго ми беше муабетот, знаеш ли како јас би заработил фантастично со одење во втора лига.
Минимална плата на играчи во елитата е: $ 264 475
Вкупна плата на моите играчи моментално е: $ 720 198
Продавам играчи за да вкупната плата на моите играчи биде $ 264 475, што значи ги намалувам трошоците за 455К. Замисли 14 недели колку што трае една сезона по овие 455К колку пари се тоа. Но ајде нема да множиме со 455К затоа што резултатите ќе бидат слаби и ќе опаднат приходите од влезници и продадени дресови, но со 300К слободно можам да множам иако мислам дека нема толку да опаднат приходите. 300К по 14 недели се 4200К. Ако на оваа сума на пари додадам уште 2800К кои би ги заработил со продажбата на играчите за да дојдам до минималната плата за елитата би дошол до фантастична сума од 7000К заработка.
Сеште мисли некој дека со планирано одење во пониска лига неможе добро да се заработи?
Треба само добро да се испланира и да се спроведе на почетокот на сезоната.
Last edited by Dadimo at 5/23/2012 5:31:59 PM