Во извештајот ќе бидат застапени следните информации: Сопственик, Потенцијал, Играч, Скил+ (тоа е број на зелени стрелки сезонава)
Информација за сопствениците на играчите не дадовте па ќе треба да го избришете тоа во текстот или да ја додадете и таа информција што не би ви препорачал ако за тоа треба да се изгуби доста време.
Интересно е тоа што Evtim Shishovski одлично напредувал со 14 зелени стрелки иако колку што можевме да видиме од големиот број трансфер реклами за овој играч претежено тренираше двопозициски тренинзи (1на1 или Скок Шут). Веројатно докторов има тренер 7-ка, друго логичко објаснување немам.
Друго што е интересно или подобро би рекол разочарувачки и типичо македонски најдобро напредувале тие со послаб потенцијал додека оние најбитните со 9-10 потенцијал имале МИЗЕРЕН напредок. Така од тројцата со 9-ка потенцијал и едниот со 10-ка потенцијал или од вкупните 4 со 9-10 потенцијал во оваа генерација 18-годишни наши таленти дури тројца (75%) се во групата со недоволен напредок. Срамота за сопствениците на овие играчи, стварно незнам во што е проблемот, или го тренираш како што треба или го продаваш, трето нема.
Го разгледав овој Endrin Ramaj единствениот со 10-ка потенцијал во оваа генерација и колку што можев да видам имал добра минутажа со многу 48 минутни одиграни натпревари, стварно не ми е јасно зошто само 2 мизерни стрелки.