Забелешка: Многу сум разочаран од 19 годишните играчи.
И јас сум разочаран од 19 годишните играчи но малку сум разочаран и од вас во скаутинг тимот. Неколку пати, што јавно на форумов што преку ББ-порака до некој од вас сум ви рекол да ме информирате за овие проблематични наши таленти кои не се тренираат како што треба, особено за тие што се во наши тимови. Јасно ми е дека е многу тешко да се има добар преглед и успешно да се менаџира со ваква голема база на играчи но баш затоа и ви ја нудам мојата помош особено за играчите со 9-10 потенцијал кои се многу ретки и треба да им посветиме СПЕЦИЈАЛНО внимание. Зарем не ви беше доволен одличниот развој на Sreden Kicevski и Hafiz Çobani изминативе 2-3 сезони. И двајцата беа спасени од пропаст а јас сум главниот “виновник“ за нивното спасување и одличниот развој. Јас бев тој што бев бескрајно упорен во обидите да допрам до свеста на нивниот газда за да подоцна успееме да договориме соработка која одлично функционира веќе 3 сезони и можам само да го пофалам нивниот менаџер кој со ретки (оправдани) исклучоци многу дисциплинирано ги спроведуваше моите тренинг планови.
Верувајте дека dadimo има желба и капацитет да спаси многу повеќе играчи од овие двајца само треба некој благовремено да го информира.За овие 19-годишните можеби веќе е касно но оние четворицата 18-годишни со 9-10 потенцијал сеуште може да се спасат па ја користам приликава да ве информирам дека ќе ги контактирам нивните газди следната недела и ако има нешто ново ќе ве информирам.
П.С. Честитки до скаутниг тимот за уште едни одлично организирани годишни награди но и со забелешката која малку погоре ја подвлеков. Ништо не правиме ако викаме дека сме разочарани, потребна е конткретна акција од наша страна да спречиме колку можеме да пропаѓаат нашите најголеми таленти а за тоа ви стојам целосно на располагање.