ke investirate vo DRAFTO" bre deca i taka ke gi spasite ovie nasi talenti nasusni od propagjanje, koj vi e kriv koga ne investirate vo draft
Инвестирањето во драфтот и тренирањето на најдобрите таленти од сопствениот драфт кои имаат потенцијал 8+ и шанси за репка е убедливо најдобриот начин да се успее во оваа игра. Навивачите највеќе ценат кога во клубот има домашни звезди особено ако тие се извлечени од сопствениот драфт и тоа го изразуваат преку зголемено купување дресови. Ова не е спорно и нека им биде на сите јасно.
Но да не забораваме една многу битна работа, еден клуб неможе да тренира квалитетно повеќе од 3 играчи во ист момент. Јас од кога го извлеков Ализоти, сезона 14 многу слабо инвестирам во драфтот. Постојат 2 големи причини за тоа:
1. Веќе имав тројца за тренирање па не ми се исплатеше да инвестирам во драфтот кога немав место во тимот за да го тренирам а најмалку што сакам да ми се случи е да извлечам супер играч кој ќе мора да го продадам и да постои опасност тој играч да пропадне ако новиот газда не го тренира како што треба.
2. Веќе 5-6 сезони се мачам со финансиите во клубот, на два пати бев на работ на банкрот и и да сакав немав пари да инвестирам. Но оваа сезона имав најефтин ростер во споредба со претходните неколку сезони и конечно се оправив финансиски па почнав полека да ги враќам инвестициите во драфтот.
Впрочем драфтот ми бил еден од најинтересните моменти од кога ја играм играва и едвај чекам повторно да ловам таленти, таман привршувам со Арнаудовски па ќе се отвори место за ново дете кое пред се сакам да биде од мојот драфт. Дури сакав да одам во втора лига само да си ги зголемам шансите да извлечам супер играч ама ќе видиме дали ќе се одлучам за таков чекор.