Море, ќе се работе ли? Ајде да го пегламе драфтот.
Отвораме
драфт-страници на лигите:
(177686.6) и го прегледуваме секој играч од овосезонскиот драфт.
Бараме:
- 18 годишни со почетна плата $2,500+ и потенцијал allstar+
- 19 годишни со полетна плата $2,500+ и потенцијал суперзвезда+
Уписите се во тек.
Пријавете се кој која лига ќе ја прегледува.
За да не се поклопуваме и повеќе луѓе да не проверуваат иста лига, прво нека започне пријавувањето. Пријавувањето ќе трае до Недела. Потоа, некој од скаутскиот тим:
http://www.buzzerbeater.com/country/49/jnt/overview.aspx ќе состави пост и ќе напише кој менаџер за која лига ќе биде одговорен и ќе може да се почне со драфто-берот.
Играчите кои што ќе ги пронајдете и ги исполнуваат горенаведените критериуми напишете ги на оваа тема на форумот! Ама да бидеме
организирани и прецизни! Немојте еден по еден играч да постирате, туку сите играчи од лигата кои ги исполнуваат критериумите наеднаш! Постот нека почнува со мал наслов - нека биде името на лигата од играчите (пример II.4). Во продолжение наведете ги играчите - ама не само име и презиме! Треба да се стават со нивниот ИД.
Пример, Maksim Sarevski (27814788).
Уште покул е да се постира со линк Maksim Sarevski
(27814788).
Одиме?