Благодарам на честитките. Им благодарам на сите корисници кои ја поддржаа мојата кандидатура. Исто така би сакал да му се заблагодарам и на досегашниот селектор LA-Sasho за неговото залагање и досега најуспешното водење на македонската јуниорска репрезентација. LA-Sasho постави високи стандарди и тој пат треба да се продолжи, а Македонија по две сезони да има уште поголеми успеси. Тоа е моја желба, и верувам дека е желба и на LA-Sasho.
Време е за работа. Натпреварот со Бугарија е закажан за понеделник 4/5/2010 4:30:00 PM. Бугарите не ги паметиме по поразот минатата сезона. Наша предност е мотивацијата и желбата за реванш. Се работи за силен противник, но такви се и другите наши противници.
Потребни се предлози за играчи во У-21. Ве молам направете исчекор и предложете. Предлозите ве молам да ги праќате на BB Mail, од разбирливи причини.