Ova i ne izleze bas kratko ama ajde...!!!
Ама многу корисно!
Да, поентата на постот е впрочем и таа: тренирање на млади играчи е најдобриот начин за развој на економијата.
(
да не ја шириме дискусијата, само ќе ги набројам најважните фактори за постигнување најбрз тренинг:
1) играчот што се тренира да е млад (најдобро 18 години)
2) играчот што се тренира да има соодветна висина за соодветниот тип на тренинг (ниски играчи за тренинг на бекови, и обратно)
3) тренерот да биде на што повисоко ниви (5 и повисоко)
4) да се тренира 1 позиција
5) потенцијал*
*5а. ако планот е играчот што се тренира да се продаде за 1-2 сезони тогаш факторот потенцијал не треба да биде во преден план - сепак стартер/starter+ потенцијал е она што би било најдобро; секое ниво плус во потенцијалот влијае и на конечната цена при продажбата;
*5б. ако планот е тој играч да се задржи во тимот на подолг рок (повеќе од 2 сезони) тогаш важен фактор е и потенцијалот: што повисок, тоа подобар )
Но, за да тренираш треба да имаш и играчи :)
Е сега еден начин да обезбедиш играчи е да купиш од ТЛ.
Другиот начин е драфтот.
Ако решиш да купиш играч од ТЛ, а тој играч да е супер-талент со МВП+ потенцијал, тогаш богами треба одеднаш да одвоиш поголема сума на пари. Истиот играч можеш да го добиеш многу поевтино преку драфтот (и плаќано на рати), но за да се исполни тоа треба да бидат исполенти неколку
услови:
- правилно да го
менаџираш годишниот план на инвестиции во драфтот (зависно од тоа на која позиција во лигата очекуваш дека ќе ја завршиш сезоната и да провериш колку твоите конкуренти вложуваат во драфтот)
-
да инвестираш повеќе пари во драфтот (претставува самостоен, но и условен фактор кој многу зависи од горниот)
- да имаш
искуство во подредување на резултатите од драфт извештајот (искуството се споделува);
- и секако да те послужи
среќата.
Fakt br 1: 3 sezoni vlozuvam po 20 vo draftot i ne dobiv nitu eden talent vreden za treniranje koj bi mozel da stigne do reprezentacija.
А јас се надевам дека во следниот драфт ќе објавиш вонреден факт: драфтуван посакуван талент!
P.S. Во првиот пост напишав
„На крај, има приказни кои немаат ваква економска, но дефинитивно имаат „Црвено-жолта“ позадина. Тоа се приказните за нашите репрезентативци. Но тоа е сосема друга тема.“. Значи да дополнам, моето инвестирање во Драфтот (40к) и купувањето тренер 6 резултираше и со драфтување и тренирање на едни од најголемите таленти во ББ Македонија: Кристијан Огњаковски и Кристијан Игњатов - Двајца „Кристијани“ секој со по едно „Њ“ во презимето и во две различни генерации ББ Македонци. Не ја ширам повеќе темата. Драфт и репрезентација е сосема друга тема (здравје ќе ја почнеме дополнително).
Last edited by Onisifor at 4/13/2010 2:51:15 PM