Долгорочно гледано точно е дека во пониска лига потешко се заработува, но никој квалитетен менаџер не го прави тоа одење во пониска лига за да остане таму туку за да заработи голема сума на пари во сезоната кога ќе испадне па за сезона-две да се врати повторно многу посилен. Можеби поновите менџери незнаат но GEMIDZII Veles пред да станат толку моќни играа една сезона во втора лига за да се вратат по една сезона многу посилни. Колку bobans плански го направи тоа може самиот да каже но јас колку што се сеќавам ги жртвуваше резултатите за да му даде шанса на тогаш 18-годишниот Kristijan Ignjatov да собира искуство играјќи првенствени натпревари во елитата.
Значи свесно правиш чекор назад за да следната сезона направиш два чекора напред, треба само да имаш добра стратегија. Добар концепт ако не си задоволен од моменталните резултати на твојот клуб како што е случајот со Том или поради финансиски причини. Ако си задоволен од моменталните резултати се разбира дека нема потреба да се одлучиш на таков чекор.
Last edited by Dadimo at 5/23/2012 6:56:19 PM