Нема моментално поразочаран човек од мене на светов, ме излажа високата победа против Ирска и мислев дека со Луксембург ќе биде уште полесно па можеби малку ги потценив. Од играчите кои имаат јаки скилови на внатрешна одбрана, внатрешен напад и скокови најсоодветен за крило е Петрушевски. Таков ни требаше за да ги пробиеме внатре каде беа послаби во одбраната и да се одбраниме внатре каде очекував да не нападнат, како и што се случи. Од тој аспект неможе да стане збор за утната тактика, но Петрушевски не се снаоѓа баш најдобро кога против себе има надворешен играч, истото му се случи и против Словачка, но го ставив како крило затоа што очекував Луксембург да игра со внатрешен играч на крило кога веќе напаѓа внатре. Чаколи не играше за да му дадам шанса на Манасиевски кој беше во одлична форма и мислев дека барем на овој натпревар ќе биде покорисен, но сигурен сум дека не беше тоа проблемот, туку раната повреда на стартниот центар и 6-те лични на стартниот КЦ на 9 минути пред крај а тоа во ситуација кога играте фокус внатрешен напад значи рушење на тактиката како кула од карти. Затоа јас со мојот тим најчесто практикувам неутрален напад бидеќи е по имун на повреди и непредвидливи настани. Ако на ова го додадеме повисокото залагање на противникот и тоа во ситуација кога имаат подобар ентузијазам од нас не претвори од фаворити во послаб тим на овој меч. Има и уште нешто во врска со нашиот ентузијазам во однос на нивниот ама не сакам да откривам детали пред мечот со Ерменија. Целта беше да се штедиме на овој меч да си ги зголемиме шансите против Ерменија но малериве ни ги расипаа сметките а допрва ќе видиме дали ова ќе ни помогне за победа против Ерменија. И нека не ве залажува името Луксембург, мојата проценка е дека сите 5 меча ги одиграа опушетно за разлика од нас и имаа максимален ентузијазам пред нашиот меч, дури мислам дека се благи фаворити против Ирска следната недела.