BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > U21 Makedonija

U21 Makedonija (thread closed)

Set priority
Show messages by
From: Dadimo
This Post:
00
149768.566 in reply to 149768.565
Date: 1/14/2013 11:59:51 AM
Overall Posts Rated:
5555
За неколку минути во стандардниот термин од 18:00 часот ќе започне дуелот против втората од двете репрезентации кои беа послабо рангирани од нас а тоа значи дека имаме обврска да победиме вечерва против Луксембург и уверен сум дека тоа и ќе го направиме :)
Ги поканувам сите наивачи на У21 Македонија да го проследат натпреварот и да им дадат подршка на нашите репрезентативци да забележат уште една лесна победа и во победнички ритам да ја дочекаме незгодната Еременија.
Линкот од натпреварот можете да го видете тука:
http://www.buzzerbeater.com/country/49/jnt/schedule.aspx

From: Dadimo
This Post:
00
149768.567 in reply to 149768.566
Date: 1/14/2013 1:49:18 PM
Overall Posts Rated:
5555
Честитки за победата на Луксембург, 5 натпревари се спремаа за нас и за Ирска во последното коло, го пумпаа ентузијазмот и успеаа во целта. Јас бев премногу амбициозен иако немавме доволно добри играчи плус огромни проблеми со формата на најдобрите надополнето со повреди, па на крајот место 4 победи ќе треба да бидеме среќни и со 2. Авантурата со Словачка на почетокот прескапо ја платив...

From: Dadimo
This Post:
00
149768.568 in reply to 149768.567
Date: 1/14/2013 4:09:58 PM
Overall Posts Rated:
5555
Повеќе детали и анализа за сите мечеви после мечот со Ерменија но за да не заборавам до тогаш нека бидат запишани тука сите овие чудни работи што ни се случија денеска кои не доведоа на крајот да играме со само 1 стартер па добро би било и да ги продискутираме.

1. Генерално целиот тим направи екстремно многу лични грешки и немам логичко објаснување за тоа. Ајде да претпоставиме дека сите играчи на Луксембург се набилдани со продорност и техника ама што е многу многу е.
Стартниот плејмејкер M. Karaj направи 4 лични уште во првата четвртина што е многу нелогично ако се земат во предвид неговите скилови и форма а својата 6-та лична ја прави во самиот финиш во решавачките моменти од натпреварот. Стартниот КЦ T. Duchevski прави 6 лични на 9 минути пред крајот на мечот а е еден од најважните наши играчи.

2.Двајца стартери повредени. Стартниот центар G. Kezaroski се повреди многу рано уште во финишот на првата четвртина што беше голем проблем ако се земе во предвид дека веќе 2 недели сме без нашиот најдобар центар Панчев кој беше меѓу играчите со најдобра форма во првите 4 натпревари. Стартниот бек E. Joleski се повреди на минута ипол пред крајот на мечот.

Сепак, како што реков во претходниот пост овој меч ние го изгубивме уште во првото коло против Словачка а денеска само среќата беше немилосрдна спрема нас. Поголемото залагање на нашиот противник денеска во ситуација кога имаат многу поголем ентузијазам од нас беше клучниот момент за нашиот пораз покрај малерите со повредите и личните грешки.


From: BojanD

This Post:
00
149768.569 in reply to 149768.568
Date: 1/14/2013 6:48:20 PM
Overall Posts Rated:
2121
Искрено ме разочара со поразот, очекував дека ќе издвојме лесна победа...ама јбг сеа то е. Знам дека Чаколи нема најсјајна форма ама очекував да биди регуларна замена. Не му ги знам скиловите на Петрушевски така да нема да коментирам. Ајде сеа со Ерменија да го обелиме образот.

From: Dadimo

This Post:
00
149768.570 in reply to 149768.569
Date: 1/14/2013 7:55:40 PM
Overall Posts Rated:
5555
Нема моментално поразочаран човек од мене на светов, ме излажа високата победа против Ирска и мислев дека со Луксембург ќе биде уште полесно па можеби малку ги потценив. Од играчите кои имаат јаки скилови на внатрешна одбрана, внатрешен напад и скокови најсоодветен за крило е Петрушевски. Таков ни требаше за да ги пробиеме внатре каде беа послаби во одбраната и да се одбраниме внатре каде очекував да не нападнат, како и што се случи. Од тој аспект неможе да стане збор за утната тактика, но Петрушевски не се снаоѓа баш најдобро кога против себе има надворешен играч, истото му се случи и против Словачка, но го ставив како крило затоа што очекував Луксембург да игра со внатрешен играч на крило кога веќе напаѓа внатре. Чаколи не играше за да му дадам шанса на Манасиевски кој беше во одлична форма и мислев дека барем на овој натпревар ќе биде покорисен, но сигурен сум дека не беше тоа проблемот, туку раната повреда на стартниот центар и 6-те лични на стартниот КЦ на 9 минути пред крај а тоа во ситуација кога играте фокус внатрешен напад значи рушење на тактиката како кула од карти. Затоа јас со мојот тим најчесто практикувам неутрален напад бидеќи е по имун на повреди и непредвидливи настани. Ако на ова го додадеме повисокото залагање на противникот и тоа во ситуација кога имаат подобар ентузијазам од нас не претвори од фаворити во послаб тим на овој меч. Има и уште нешто во врска со нашиот ентузијазам во однос на нивниот ама не сакам да откривам детали пред мечот со Ерменија. Целта беше да се штедиме на овој меч да си ги зголемиме шансите против Ерменија но малериве ни ги расипаа сметките а допрва ќе видиме дали ова ќе ни помогне за победа против Ерменија. И нека не ве залажува името Луксембург, мојата проценка е дека сите 5 меча ги одиграа опушетно за разлика од нас и имаа максимален ентузијазам пред нашиот меч, дури мислам дека се благи фаворити против Ирска следната недела.

This Post:
00
149768.571 in reply to 149768.570
Date: 1/16/2013 11:56:45 AM
Overall Posts Rated:
1111
cekaj cekaj luksenburg ima reprezentacija slednoto sto ke go slusnam ke bide deka Liktenstajn imaat reprezentacija

This Post:
00
149768.572 in reply to 149768.571
Date: 1/21/2013 12:01:45 PM
Overall Posts Rated:
5555
cekaj cekaj luksenburg ima reprezentacija slednoto sto ke go slusnam ke bide deka Liktenstajn imaat reprezentacija

Нема ништо тука чудно, 5 менаџери да земат по 2-3 талента квалитетно да ги истренираат ете ти добра генерација. Тоа највеќе боли затоа што според бројот на активни менаџери во Македонија треба да имаме многу поквалитетни играчи ама малку се тие што тренираат а од тие што тренираат 1/3 ги држат во слаба форма своите играчи исто како да ги немаме. А кај имавме проблеми со формата особено првите неколку недели почнаа и малерите со повредите на битните играчи па еве денес и двајца се ТЛ да им ги видат скиловите Ерменциве, среќа што не се форма па нема да играат многу.

Sreden Kicevski (24266695)
Lukas Kushevski (24266652)

а на ТЛ отиде и клупскиот колега на Кичевски ( за жал овој тим стана бот :( ), поранешен У21 репрезнетативец со потенцијал за сениорски репрезентативец Hafiz Çobani (23025195).

Кушевски нема шанси за НТ но Кичевски а особено Чобани да па се надевам дека ќе ги купи некој со 6-ка тренер и кој ќе ги тренира квалитетно овие играчи.

Во пресрет на мечот со Ерменија не сум задоволен со формата на резервните играчи а и на оние со кои ќе можевме тактички да ги изненадиме па благ фаворит е Ерменија за жал но се надевам дека ентузијазмот е на наша страна и ќе успееме да победиме. Ако не успееме ќе се потрудам повеќе следната сезона...

From: Dadimo

This Post:
00
149768.573 in reply to 149768.572
Date: 1/21/2013 12:07:44 PM
Overall Posts Rated:
5555
Играме надворешен напад и ни се повреди стартното крило Крале Митревски после само 2 минути игра, не ми се верува колку само немаме среќа ова сезона :(((

From: Dadimo
This Post:
00
149768.574 in reply to 149768.573
Date: 1/21/2013 2:08:54 PM
Overall Posts Rated:
5555
Кога играме внатрешен напад ни се повредуваат високите играчи, кога играме надворешен напад се повредуваат ниските играчи, што сум му згрешил на BuzzerBeater богот стварно незнам...Дали знае некој точно дали има некаква врска помеѓу нивото на клубскиот доктор со веројатноста да се повреди репрезентативецот, некако ние највеќе имавме проблеми со повредите...таман се поправи формата почнаа повредите па немавме ниедна недела да речеш дека нема никакви проблеми со најдобрите десетина играчи.
Следниот понеделник ќе анализираме натпревар по натпревар и очекувам да продискутираме на оваа тема да се воочат грешките и кај сопствениците на репрезентативците и кај селекторот па да се обидеме да ги поправиме следната сезона.

From: Dadimo
This Post:
00
149768.575 in reply to 149768.574
Date: 1/28/2013 2:37:37 PM
Overall Posts Rated:
5555
Потенцијален репрезентативец на продажба (26666244), бекот Marjan Manev 10-ка потенцијал очекува да биде купен од менаџер кој ќе го тренира на надворешните скилови: еднопозициски надворешна одбрана пред се, но и останатите еднопозициски тренинзи како надворешен шут и техника а може малку и додавање. Има ли заинтересирани во нашата заедница ?
Цената според мене е малку висока ама ако го тренирате долгорочно и квалитетно ќе ви се вратат парите повеќекратно.
Што се однесува до У21, BUG или не, ние со помош на клонирање на нашите играчи успеавме да одиграме 2 натпревари речиси во исто време и двата ги добивме. Сега се спремаат годишните награди во организација на скаутинг тимот а наскоро и мојот отчет за сработените 7 официјални натпревари од ЕП.

Last edited by Dadimo at 1/28/2013 2:39:16 PM

Advertisement