Мислам дека доволно победувавме во пријателските натпревари и го поправавме рејтингот, време е да се подготвува генерацијата за следната сезона која за жал ќе биде послаба од досегашната и за таа цел се извадени сите играчи постари од 20 години. Сепак, до вечер кога ќе завршам со скаутирањето на играчите на возраст од 19-20 години ќе отпаднат 6 најслаби и овие места ќе ги чувам за да ги пополнам по потреба, значи можно е да вратам 5-6 најдобри играчи од 21-годишните после тренингот во зависнот од противникот со кој ќе договориме пријателска.
Инаку, многу ми е жал што сите малери почнувајќи од формата пред се па до повредите пред и за време на натпревар изчезнаа откако завршија нашите настапи на ЕП, да имавме ваква скоро идеална форма за време на официјалните мечеви каква што имаме последните неколку недели сигурно и резултатите ќе беа подобри ама тоа е. Имав и јас некои пропусти со ентузијазмот(Словачка и Ирска кога игравме нормал место опуштено што резултираше со неочекуван пораз од Луксембург), околу тактиката згрешив со ризичната 2-3 зона во одбрана против Словачка, на останатите мечеви сметам дека тактиката беше како што треба. Се надевам дека следната сезона ќе имаме повеќе среќа и успеси а помалку грешки почнувајќи од мене како селектор па до сопствениците на У21 играчите. Ако имате некои критики или забелешки слободно пишете на оваа тема.