BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > U-21 sezona 12

U-21 sezona 12 (thread closed)

Set priority
Show messages by
This Post:
00
137228.58 in reply to 137228.1
Date: 5/30/2010 3:06:55 PM
Overall Posts Rated:
00
Kako sto gledam imame dobri igraci sto mozat da bidat zvezdi no za slednata godina mislam deka ke treba da se potpreme na silata na Jetar Keta zosto kolku sto gledam toj e najdobar ne mu gi znam skilovite no 30k plata na 20 godini 100% ke ide na 70k.Za drugite igraci ne znam no najverojatno taka ke bide

This Post:
00
137228.59 in reply to 137228.58
Date: 5/30/2010 10:51:09 PM
Overall Posts Rated:
203203
Почитувани корисници,

Моменталниот состав на У21 тимот е кобинација од двајца 21 годишни играчи, шест 20 годишни играчи, шест 19 годишни играчи и четири 18 годишни играчи. Тоа се играчи (освен 21 годишните) кои се добитници на наградите согласно условите објавени на соодветната тема. Им честитаме на оние менаџери чии играчи се добитниците на наградите за оваа сезона. Во наредните 5 недели, овие играчи ќе бидат У21 репрезентативци. Менаџерите каде што играат овие играчи, на следниот економски апдејт (во понеделник - или следната недела) ќе забележат зголемување на приходите во нивната економија во делот на продадени дресови (Merchandise). Тоа е наградата за нив. Ви честитаме!

У-21 тимот видете го на овој линк: http://www.buzzerbeater.com/country/49/jnt/players.aspx

Сепак, напоменувам дека овој состав ќе биде променет во следната сезона.
Прво, бидејќи следната сезона повторно настапуваме во компетитивни натпревари (утешен турнир), нас ќе ни бидат потребни најдобрите играчи до 21 година. Нормално, 18 годишните играчи (тие ќе имаат 19 години следната сезона) сеуште не се на нивото на нивните сонародници од 20 години (ќе имаат 21 година следната сезона). Затоа тие играчи речиси и да немаат шанси да играат во У21 на почетокот на сезоната. У21 тимот тогаш ќе биде составен најмногу од 21 годишни играчи.

Второ, следната сезона повторно планираме да спроведеме награди. Дали овие сегашните 19 и 18 годишни играчи повторно ќе бидат наградени, зависи од тоа дали нивните менаџери продолжиле со нивниот тренинг. Ако не ги тренирале, тогаш гарант нема пак да бидат наградени. Ако ги тренирале тогаш имаат шанси. Но, дури и да биле тренирани, ако тие постигнале послаби резултати од нивните други врсници (кои не биле наградени оваа сезона), односно ако други 19 и 18 годишни играчи подобро напредувале од нив, наградени ќе бидат тие што подобро напредувале. Не заборавајте, како и во реалниот живот така и во ББ, талентот е 20%, а трудот е 80%. Затоа работете напорно. (слободно контактирајте ги нашите скаути преку ББ порака и прашајте ги како вашиот играч да стане поконкурентен за следната сезона - они ќе ви кажат што да тренирате и ако го следите нивниот совет тогаш шансите ви се подобри).

Нашиот У21 тим, во состав GM-bobans селектор, Mr.Todosiev скаут за 21 годишни играчи, Xsago скаут за 20 годишни играчи, dimac скаут за 19 годишни играчи и dadimo скаут за 18 годишни играчи, како и Emil (Marijana) кој ја извршува задачата „шпион“ е многу задоволен од досегашната соработка со менаџерите. Исто така сме задоволни и од досегашните резултати. Сепак, мојата желба (која истовремено ја дели и остатокот од тимот) е да ја видиме Македонија У21 на светско првенство. Убедени сме дека само со напорна работа и вложување на сите менаџери од Македонија оваа цел може да стане реално остварлива. Затоа би сакал да ви се заблагодарам на сите вас менаџери од ББ Македонија што позитивно одговоривте на нашиот повик. Најискрено ви благодарам. Но.... продолжуваме!

Edit: Jetar Keta е повреден 3 недели, а менаџерот на Vladimir Arnaudovski не е логиран на ББ веќе 13 дена. На нивното место во тимот ќе останат Zbardhor Potera и Aco Cherepnalkovski. Тие се играчи со 21 години и се на такво ниво да станат сениорски репрезентативци. Затоа ќе ги задржиме во тимот. За сето ова е информиран и селекторот на сениорите. (ако менаџерот на Vladimir Arnaudovski во меѓувреме повторно се активира тој играч ќе биде повикан во тимот, но само под услов да биде активен и да продолжи да го тренира - ако не, тогаш друг играч ќе го пополни неговото место).

Last edited by Onisifor at 5/31/2010 5:23:10 AM

This Post:
00
137228.60 in reply to 137228.59
Date: 6/28/2010 4:56:03 PM
Overall Posts Rated:
203203
Младински репрезентативец на ТЛ: (10995058)

From: Dadimo

This Post:
00
137228.61 in reply to 137228.60
Date: 6/28/2010 5:02:02 PM
Overall Posts Rated:
5555
Одличен играч на кој му фали токму тоа што ќе тренирам оваа сезона : надворешна одбрана.
Прашање е само дали ќе имам доволно пари за него :)

This Post:
00
137228.62 in reply to 137228.61
Date: 6/28/2010 6:38:33 PM
Overall Posts Rated:
77
ubav igrac, i mene me bendisuva, sto mislite kolku ke se krene cenata?

This Post:
00
137228.63 in reply to 137228.62
Date: 6/28/2010 11:53:14 PM
Overall Posts Rated:
203203
Играч од поширокиот список на У21 репрезентативци на ТЛ: (12173859)