Он вика „Бадијала е да имаме тројца играчи со плата 100к....“ Шо збори момаков тројца 100к? Де викам, ја да не сум јалнаш? Не бе. На македонскиот форум сум. За македонската У-21 читам. А се си мислев bobans збори за некоја друга репка.
Смислата на горното е фигуративна. Не е буквална. Поентата ми е дека не треба прва асоцијација за добар играч да ни биде неговата плата (иако за 18 годишни играчи плата од 4к+ неделно по мое мислење треба да биде некој минумум; ама за играчи од 21 година правилото плата не треба да важи). Висока плата не мора автоматски да значи дека играчот е добар. Посебно со новите измени во пресметка на платите кои се воведени оваа сезона. Од оваа сезона односот плата-скилови не го следи досегашното строго поврзано правило. Платата на играчот е важна, но не и најважна. Најважно за играчите се скиловите.