Еве тука ќе ги објавам скиловите на Lazo Pachkov и така тој не игра па не мора да чекаме да заврши мечот со Азербејџан. Ова се скиловите на почетокот од сезоната, дотичниот сезнајко и така не ги смета за релеванти актуелните скилови а за веродостојноста на овие податоци нека го замоли неговиот брат Тонио кој е дел од скаутинг тимот и има пристап до темата за У21 која ја водам на групата на Гугл, таму на поечетокот од сезоната ги објавив неговите скилови пред да го извадам од У21.
Сопственик: Casual Basketball
Неделна Плата: $ 9 544
Возраст: 21
Висина: 6'9" / 206 cm
Потенцијал: Суперѕвезда
Форма Просечен
Скок Шут: Добар Шут од далечина: Непостоечки
Надворешна Одб.: Непостоечки Техника: Добар
Продорност: Силен Додавање: Јаден
Внатрешен Шут: Одличен Внатрешна Одб.: Одличен
Скокови: Одличен Блокади: Слаб
Издржливост: Добар Слободни фрлања: Јаден
Искуство: Катастрофален
Сакам јавно да го продискутирам овој играч а слободно можете да се вклучите во конструктивна дискусија ако сакате.
Искрено според мене овој играч на ништо не личи. Ако го гледаме како Ц, смешни му се 9-ките на неговите 3 важни внатрешни скилови за неговите 21-година. Тврдам дека останатите играчи кои играа на оваа позиција оваа сезона се подобри на овие 3 скила и тоа многу подобри. Утре ќе се уверите конкретно и за оние 3 спорни играчи.
Ако го гледаме како КЦ истата песна, со тоа што тука веќе доаѓа до проблем и неговата непостоечка надворешна одбрана. За важноста на надворешната одбрана кај високите играчи во некоја друга прилика, тие што добро ја владејат играва знаат на кои тактички проблеми мислам.
Ако го гледаме како крило за да ги искористиме неговиот скок-шут, продорност и техника неможе ни да стане збор за него како опција затоа што како крило веќе е ОГРОМЕН проблем непостоечката надворешна одбрана а исто така и непосточкиот надворешен шут.
Значи за жал овој играч пак ќе кажам буквално на ништо не личи и за среќа имавме многу подобри опции од него а утре ќе се уверите и самите во тоа.