BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > U21 Makedonija

U21 Makedonija (thread closed)

Set priority
Show messages by
From: Dadimo
This Post:
00
149768.628 in reply to 149768.627
Date: 5/5/2013 8:50:02 PM
Overall Posts Rated:
5555
Еве ги скиловите на Dorjan Pllana:
Неделна Плата: $ 14 516

Возраст: 21
Висина: 7'1" / 216 cm
Потенцијал: За во куќа на славните
Форма Добар
Скок Шут: Катастрофален Шут од далечина: Очаен
Надворешна Одб.: Непостоечки Техника: Недоволен
Продорност: Непостоечки Додавање: Катастрофален
Внатрешен Шут: Одличен Внатрешна Одб.: Силен
Скокови: Брилијантен Блокади: Добар
Издржливост: Катастрофален Слободни фрлања: Јаден

Искуство: Очаен

Што да се каже за овој играч, за крило не станува збор па ни за КЦ, беше повикан за позицијата Ц.
Во споредба со Лазо има ист внатрешен шут, едно ниво подобра внатрешна одбрана и три нивоа подобар скок.
Незнам тука што е спорно?


From: ^ToNiO^

This Post:
00
149768.629 in reply to 149768.627
Date: 5/5/2013 8:56:28 PM
Overall Posts Rated:
66

И каква шема ти се увртела у глава глупости збориш, ја едно кажувам ти друго вртиш. Пробај малце понормалн да дискутираш.

Прашај го за ова брат ти не мене, он спомна шеми не ги превртувај работите затоа и убаво ти реков преиспитај малку кој прв почна и што се беше напишано а за мене не секирај јас сосема нормално дискутирам.

Не ме мешај мене во вашата кавга. Нит ја му кажувам на брат ми што да пише нит он мене. Не сум ја судија кадија тука па да судам овој е крив тој почна прав и незнам што.
Јас го подржав само тоа што сметав дека е нормално од двете страни ти јавно да се оправдаш како што побара а брат ми да добие објаснување за тоа што се расправа. Со тоа и многу други што се бунат за слични работи да им се разјаснат некој работи.

From: Alex.nfo

This Post:
00
149768.630 in reply to 149768.628
Date: 5/5/2013 8:59:26 PM
Overall Posts Rated:
33
Ќе те почекам да го објавиш и последниот играч па после ќе прајме шо и да правиме ...

From: Dadimo
This Post:
00
149768.631 in reply to 149768.628
Date: 5/5/2013 9:03:16 PM
Overall Posts Rated:
5555
Ајде уште овој:
Lir Bytyqi

Неделна Плата: $ 12 128
Возраст: 20
Висина: 6'10" / 208 cm
Потенцијал: Суперѕвезда
Форма Просечен
Скок Шут: Недоволен Шут од далечина: Просечен
Надворешна Одб.: Слаб Техника: Јаден
Продорност: Слаб Додавање: Слаб
Внатрешен Шут: Силен Внатрешна Одб.: Исклучителен
Скокови: Добар Блокади: Просечен
Издржливост: Недоволен ↓ Слободни фрлања: Слаб

Искуство: Очаен

Овој играч има едно ниво подобар внатрешен шут од Лазо, цели 2 нивоа подобра внатрешна одбрана од Лазо (што мене ми е посебно битно бидеќи повеќето тимови и репки играат внатрешен напад) и само едно ниво послаб скок од Лазо. Значи повторно не ми е јасно што е тука спорно, една година помлад играч кој ќе игра за У21 и следната сезона, одлично напредуваше претходната сезона што беше некој показател дека во текот на сезонава ќе биде и далеку подобар од Лазо што и навистина се случи. Еден од играчите кои најдбро се тренираат и ќе бидат носители на У21 селедната сезона. Баш со нетрпение очекувам да видам што има да каже Тонио за ова.
Јас моето си го направив, слободно можам да си легнам вечер бидеќи сум сигурен дека сум го направил вистинскиот избор а ако некој неможе да биде реален и да го сфати тоа, не е мој проблем.

From: Dadimo

This Post:
00
149768.632 in reply to 149768.629
Date: 5/5/2013 9:23:26 PM
Overall Posts Rated:
5555

Јас го подржав само тоа што сметав дека е нормално од двете страни ти јавно да се оправдаш како што побара а брат ми да добие објаснување за тоа што се расправа. Со тоа и многу други што се бунат за слични работи да им се разјаснат некој работи.

Ова ти беше најобјективен пост од како почна брат ти да ме напаѓа и мило ми е за ова бидеќи имам добро мислење за тебе, особено како менаџер. Ако брат ти сакаше објаснувње зошто неговиот играч не беше повикан а добиле шанса некои други за кои он мисли дека се послаби од неговиот можеше нормално и коректно да праша дали преку порака или овде на форумов а јас со задоволство ќе објаснев. Дури и ми е криво што толку малку се пишува на темиве за У21 и НТ, дајте луѓе слободно дискутирајте за секоја тактика или играч кој добива шанса да игра ќе ми биде задоволство да продискутираме ама нека биде коректна дискусијава а не одма со некои нелогични обвинувања.

Last edited by Dadimo at 5/5/2013 9:24:10 PM

From: ^ToNiO^

This Post:
00
149768.633 in reply to 149768.632
Date: 5/5/2013 9:32:48 PM
Overall Posts Rated:
66
Ова ти беше најобјективен пост од како почна брат ти да ме напаѓа

Ти пројде нервозата изгледа па свати дека не ми е мене тоа поентата.
Ај штом си запнал ќе пишам јас прв сега мислење за целата ситуација па нека се надоврзат другите.

From: Dadimo

This Post:
00
149768.634 in reply to 149768.618
Date: 5/5/2013 9:48:28 PM
Overall Posts Rated:
5555

Башка шо е појак у внатрешна одбрана Lazo за разлика од твојов фаворит, а нели беше тоа за тебе толку битно и пресудно и од кога тоа на крилен центар му треба насворешна одбрана ??? тоа само у твоите влажни соништа и промашени тактики може да е реалност на ББ e многу далеку од вистина.
A за тоа дека хендлинг и драјвинг ги сметаш за небитни скилови за играч на крилен центар а демек ти е пресудна надворешната одбрана и скокови, само по себе збори каква тутурутка си и колку сезони си потрошил без ништо да научиш.

Само уште за ова да објаснам бидеќи неможе човек да постигне да одговори на сите овие безмислени напади.
Да, Ердит на почетокот на сезона имаше едно ниво послаба внатрешна одбрана од Лазо но како што убаво објаснив погоре предност доби Ердит заради 7-цата на надворешна одбрана со која можеше да ја покрие позицијата крило за која верувајте немавме соодветен играч за жал, па покрај слабата техника и продорност на Ердит морав на него да му дадам предност. Ако веќе неможеме да најдеме играчи комплетни и за напад и за одбрана барем да затвориме во одбрана. Џабе му е техниката и продорноста на Лазо кога има непостоечка надворешна одбрана. А зошто е битна оваа надворешна одбрана кај КЦ, ајде на кратко и ова да го објаснам. Квалитетните менаџери какви што претпоставувам дека ги има кај странските селектори, знаат тактички да го изненадат противникот со тоа што ќе стават надворешен шутер на КЦ и со играње надворешен напад можат буквално да го растурат противникот на оваа позиција. Затоа најдборите менаџери во ББ пазат на ова и водат сметка на овој скил и кај високите играчи и баш затоа овие играчи на ТЛ се многу скапи.
Инаку нигде не реков дека дека техника и продорност се небитни скилови за КЦ како што пишал авторот на текстот погоре но севкупно гледано Ердит беше покомплтетн играч од Лазо, особено заради можноста на Ердит да игра како крило бидеќи за КЦ и Ц имавме цел куп подобри играчи па кога веќе сме ограничени на 18 играчи кои можеме да ги повикаме сосема нормално е предност да добијат таквите играчи.

Last edited by Dadimo at 5/5/2013 9:56:25 PM

From: Dadimo

This Post:
00
149768.635 in reply to 149768.633
Date: 5/5/2013 9:52:48 PM
Overall Posts Rated:
5555
Ова ти беше најобјективен пост од како почна брат ти да ме напаѓа

Ти пројде нервозата изгледа па свати дека не ми е мене тоа поентата.
Ај штом си запнал ќе пишам јас прв сега мислење за целата ситуација па нека се надоврзат другите.

Да ми пројде нервозата ама тоа нема никаква врска со мојот став, ги читам повторно другите постови и сеуште мислам дека на другите фаќаше страна на кај брат ти што е и нормално. А дали знаеш кога и зошто ми помина нервозата, кога видов со каков човек си имам работа а со такви ниту вреди да се караш ниту вреди да се нервираш.
(149768.623)

Last edited by Dadimo at 5/5/2013 9:53:50 PM

From: ^ToNiO^

This Post:
00
149768.636 in reply to 149768.633
Date: 5/5/2013 11:42:18 PM
Overall Posts Rated:
66
Прво ќе ги објавам одново скиловите на куп, така ми се попрегледни мене а може и на другите и во друга форма,

Lazo Pachkov
JS 8 JR 1
OD 1 HA 8
DV 10 PA 4
IS 9 ID 9
RB 9 SB 5

ST 8 FT 4
Надворeшни = 32
Внатрешни = 32
Вкупно = 64
---------------------------------
Erdit Llaskuci
JS 8 JR 2
OD 7 HA 5
DV 4 PA 4
IS 10 ID 8
RB 11 SB 6

ST 5 FT 10
Надворeшни = 30
Внатрешни = 35
Вкупно = 65
------------------------------
Lir Bytyqi
JS 6 JR 7
OD 5 HA 4
DV 5 PA 5
IS 10 ID 11
RB 8 SB 7

ST 6 FT 5
Надворeшни = 32
Внатрешни = 36
Вкупно = 68
----------------------------
Dorjan Pllana
JS 2 JR 3
OD 1 HA 6
DV 1 PA 2
IS 9 ID 10
RB 12 SB 8

ST 6 FT 5
Надворeшни = 15
Внатрешни = 39
Вкупно = 54
--------------------------

Прво воопшто не мислам дека играчот на брат ми е нешто посебно, просечен добро избајансиран играч неколку големи фалинки тоа се двете единици на OD и JR знам дека понатака во сезоната крена 2ка OD сигурно уште некој скил само незнам колку не сум запамтил што ми кажувал брат ми ако сакаш дадимо утре скаутирајго.
Претходно реков дека нема потреба од толкава тензијиа дека играчите се споредни, тоа го потврдува минутажата на Pllana и Bytyqi а Llaskuci веројатно доби и превише шанси но тоа мислам дека беше пред се ради проблемите со формите на Shishovski и останатите и нели недостатокот на квалитетни игачи за SF.

Пред да почнам со споредба еден со друг. Прво мора да кажам дека сум изненаден од тоа што ги занемаруваш драјвиг и хендлиг. Во внатрешниот напад ите како се битни и DV и HA па и ЈS и кај играчите на SF и на PF и на С.
Еве сликовито ако има 10 да распределам за тоа колку е важно DV и HA по позиција би ставил вака 4.5 на SF, 3.5 на PF и 2 на С. Зошто кога играш внатрешен напад Look Inside или Low Post многу често се случува да играчите на овие позици завршуваат самостојно со влес према кош каде главна улога играат IS+DV+HA(бројчано по претпоставка од IS 50%+ DV30% + HA20%). Особено кога немаат многу јаки подавачи во тимот а тоа во U21 e невозможно да го има. Исто така многу често се случува да играчите на овие позиции кога ќе бидат под притисок на играч со јака одбрана или пак зона да завршуваат со шут од полудистанци(Скок шут во близина на кош), каде што главна улога игра ЈS+JR (Бројчано по претпоставка JS 80% + JR 20%). Ова се некој мој видувања и заклучоци од мојте анализи што сум ги правел и искуства. Ако мислите дека за ова не сум во право поправете ме или надополнете ме.

Во наредниот пост оделно за секој.

From: ^ToNiO^

This Post:
00
149768.637 in reply to 149768.635
Date: 5/5/2013 11:45:22 PM
Overall Posts Rated:
66
Е сега еден по еден и нормално за различна позиција различи мислења.

Lazo Pachkov vs Erdit Llaskuci
Веројатно и најакиот од ове 3ца споредбено за позиција SF неговите +6 на OD тежат повеќе од - 6 DV и - 4 HA највеќе ради тоа што играчите на таа позиција имаа многу повеќе активности во надворешниот дела во играта. Но на позиција PF вредноста на OD опаќа многу повеќе од вредноста на DV и HA така да предноста не му е толку голема како на SF плус еден скил помалку на ID, тука го вади 11ката на Скокови. Заклучок на SF секако подобар. На PF малце подобар, Лазо би можел да му биде евентуална измена.

Lazo Pachkov vs Lir Bytyqi
Овде ситуацијата малку по неизвесна заразлика од претходната каде Erdit има по изразити предности и потребата од таков играч е голема се гледа од минутите добиени. Имаме +4 ОD, + 1 IS и + 2 ID наспроти - 2 JS, -5 DV - 4 HA и - 1 RB. На позиција SF е подобар од одбранбена страна но осетно послаб во напад. Слично и за PF каде што влијанието во напад би било поголемо на негативноста во одбрана на Лазо. Горе доле слични одлуката паѓа од моменталната потреба. Можеби желбата да се мотивира менаџерот на неговиот тим, зошто има 20 години да го тренира и понатака добро за да за наредна сезона имала влијание, па затоа имала предност, но тоа е друга тема, некогаш мотивирајќи едни менаџери се запоставуваат други.

Lazo Pachkov vs Dorjan Pllana
Е дорјан е помалку споредлив но незнам зашто си го викнал реално не заслужува место, да 12 скокови ама пак кога игрвме исклучиво внатрешен напад он е бескорисен да игравме надворешен ај ќе беше корисен со скоковите вака... толку немаше некој поасален ? мене и Lir Bytyqi ми е поасален за центар од него. Со лазо ми се тешко споредливи. Офанзивно лазо ви бил поефикасен Дорјан го вадат скоковите само.

Да заклучиме севкупно тешко може да се рече дека Лазо е доминантно подобар од некој од овие 3ца, за различни позиции и потребе во одредени ситуации би бил подобар или покорисен, во одредени послаб и некорисен. И невикам дека си згрешил што си ги повикал овие 3ца сега си има зашто и си имале свој придонес освен Дорјан. И знам дека вистинската причина поради која поради која не си го повикал ич е спасувањето на 3цата играчи.
Си згрешил самп што не си му дал никаква шанса на Лазо со што би го мотивирал брат ми кој има во тим сега 4ца играчи по еден 10ка, 9ка, 8ца и 7ца(сум си ја завршил мојата скаутска работа да го убедам да тренира наши играчи) кој треба да бидат иднина за U21 а некој може и за сениорска, па оди натерај го сега ти да тренира според потребите на репрезентација.
Јас искрајно мислев дека ќе го викнеш у текот на сезоната зошто тоа и го најави нели, кога веќе Papuçiu не ја опраи никад формата. Затоа и го смирував брат ми да не се буни и дека нетреба сите можни играчи да се знаат одма но очигледно оние тројца како што кажав погоре му го земаа местото.

Тоа е моето мислење на долго и широко :D Може малце субјективно, но мислам дека и двајцата по малку имаавте право но и по малку претеравте. И Дадимо не дека се караше со братми ама ти си селектор неможе да се расправаш на таков начин со кого било дел од одговорноста и функцијата ти е и ова да се објаснуваш што како и зашто.
Епа нека повелат и другите нека искоментираат, да размениме мислења , да не биде само јас сум тој и викам тој е подобар зашто зашто ја така викам :D. Дадете убаво објаснување.

Last edited by ^ToNiO^ at 5/5/2013 11:50:05 PM

Advertisement